Од кога се прави фризура за на плажа? Јас обично пуштена ја носам или пак во коњско опавче.Нема потреба да титлам нешто за на плажа.
Здраво на сите, еве неколку важни совети за заштита на косата додека сем на плажа. Се надевам ќе ви се допаднат. Поздрав. Tuesday, June 16, 2015 Како да ја заштитиме косата за време на летните одмори Морето, плажата и сонцето не релаксираат и освежуваат, меѓутоа не се баш најдобри пријатели за нашата коса. Сончевите зраци, ветерот, песокот и солената морска вода, и тоа како може да ја исушат косата, да ја направат безживотна и послаба. Меѓутоа не грижете се, во продолжение на оваа статија ќе ви дадам неколку важни совети како правилно да ја заштитите вашата коса и да и помогнете да ги преживее овие состојби. 1. Шешир за коса Правило бр. 1 е обавезно да носите шешир на плажа кој верувајте ми многу ќе ја заштити косата од сончевите зраци. особено ако долго време поминувате на плажа. Најдобро е да бирате сламени шешири. 2. Исплакнување на косата Морската вода и хлорот од базенот може многу да ја оштетат косата доколку ги оставите врз неа. Затоа мој совет ви е после секое капење во море или базен да ја исплакнете косата со вода, со цел да ги отстраните солта и хлорот. 3. Масло за коса Како заштита од сонцето, секогаш користете масло за коса. Некои масла имаат природен фактор за заштита од сонцето како на пример: - кокосово масло SPF 2 - масло од јојоба, сусамово масло, маслиново масло, шеа путер и масло од авокадо SPF 4 - масло од макадамија SPF 6 - масло од соја SPF 10 - масло од пшенични никулци SPF 20 - масло од морков SPF 40 Изберете едно од овие масла (или микс од повеќе масла) и нанесете го на мокра коса после секое исплакнување од морето или базенот. 4. Природен спреј за заштита на косата Овој спреј е фантастичен за заштита на косата за време на нејзиното изложување на сончевите зраци. Се што ви е потребно да го направите е: - 50 мл вода; - 50 мл масло (може да користите едно од горе предложените масла или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминувате повеќе од 50 мл); - 10 мл гел од алое вера (може а и не мора) Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Доколку немате гел спрејот ќе биде доста функционален и само со маслото. Гелот од алое вера ќе му даде додатен навлажнувачки ефект на самото влакно, а со тоа и поголема хидратација. Убаво помешајте ги сите состојки и протресете пред секоја употреба. 5. Природно сушење Барем во периодот додека сте на одмор, избегнувајте да ја сушите косата со фен или пак да ја исправувате со преса. Оставете ја косата да се исуши природно. Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека ова лето правилно ќе ја заштитите косата на плажа. Поздрав и до скоро читање. Вики
пред да појдам на плажа си ја пеглам си ставам шапка или некој цвет 1 час подоцна ми е врзана во висока пунџа
Најчесто ми е во убаво собрано репче или во пунџа со два стегачи за да ми држи. Некогаш знам кога ќе влезам во море наеднаш да ја пуштам и да на натопам цела, тогаш многу убаво изгледа.
Најчесто пуштена,пошто лани ми беше пократка + шишки и репче не ми стоеше...Сега за оваа година ќе измилам нешто др ама верувам дека ќе ја собирам.
1 den pred plaza zakazuvam na frizer da ja sisam posto cela godina mii dolga a za vreme na leto ja sisam http://www.google.com/imgres?imgurl...d=0CHYQMyhPME9qFQoTCPXB3tLW3cYCFcQQLAodAlkPyw i vo repce mi e celo vreme
Никогаш не сум правела фризура за плажа.Гњурам нон стоп така што и да ја средам ќе се распадне. На плажа не се замарам на кое дереџе сум