Фризури кои ќе ве направат помлади

Дискусија во 'Коса' започната од anastasija85, 2 мај 2011.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.024
    Косата е една од првите работи кои луѓето ја забележуваат. Таа кажува многу нешта за вас – колку години имате, дали се грижите за себе, дали сте среќни и расположени. За среќа обликувањето на косата е лесно. Тоа може да го направите на фризер или дома, ако сте вешти. Дури и мала корекција и поправка на косата ќе направи да изгледате свежо, ново и за миг да го промени вашиот изглед. Погледнете неколку идеи за фризури кои освен што ќе симнат неколку години од вас, ќе направат и да се чувствувате и да изгледате одлично и посакувано. :) ;) :emo:

    Опавче
    [​IMG]
    Кога е направено со стил и вкус, опавчето на косата може да изгледа прекрасно, софистицирано и секси. Плус, со секое фаќање на косата во опавче, вие несвесно правите мини лифтинг на лицето. Со тоа го измазнувате лицето, особено во делот околу очите, челото и образите. За екстра изглед, наместо обичен стегач во боја, „декорирајте“ го опавчето со марама во елегантен дизајн.


    Шишки на страна
    [​IMG]
    Ќе се зачудите од тоа која моќ ја имаат шишките. Тие му даваат на лицето рамка, која во зависност од тоа како се потстрижени, ќе изгледа убаво или неуредно. Шишките веднаш привлекуваат внимание, а притоа брчките или акните на лицето остануваат речиси незабележани. Особено шишките потстрижени на страна, му даваат младешки изглед на вашето лице.


    Коса разделена на половина
    [​IMG]
    Иако овој изглед го прави вашето лице широко и големо, ова е совршена фризура за повозрасни жени кои сакаат да привлечат внимание. Оваа фризура е разиграна и создава необични виткања на косата околу лицето, што во секој случај ве прави да изгледате поприродно.


    Коса со волумен (тапирана коса)
    [​IMG]
    Волуменот на косата најдобро се постигнува ако таа биде благо тапирана, со цел да се постигне ефект на бујна коса. Најдобро е тапирањето да биде направено во долниот дел на косата, кај врвовите, со што секогаш се постигнува одличен и посакуван ефект кој дава изглед на полност и здрава коса.


    Праменчиња
    [​IMG]
    Тоа е онаа фризура кога косата е фатена во опавче или штипка за коса и од неа нежно се одвојуваат неколку праменчиња коса кои лелеаво паѓаат по должината на лицето. Овој изглед созадава одлична рамка и дефинитивно привлекува гоелмо внимание. Полн погодок е ако вашата коса е шатирана во две нијанси.


    Боб
    [​IMG]
    Ова е фризура која им прилега на жените на кои им се истакнуваат коските на лицето. Фризурата е вонвременска. Може да биде обликувана на повеќе начини (косата да паѓа до под брадата, да биде кратко истрижена до линијата на вратот…) Оваа коса дава млад изглед и изглед на самодоверба.


    Плетенка
    [​IMG]
    Иако плетенките најмногу ги носат помладите девојчиња, факт е дека одлично им прилегаат на оние со долга коса, без оглед на годините. Обидете се да направите долга плетенка, на страна и шишки кои се совпаѓаат со страната на плетенката. Тоа можеби создава неуреден изглед на косата, но дава впечаток на младешки дух и разиграна личност. Во секој случај, плетенка е секогаш подобар избор отколку неуредно опавче.

    извор-кафе пауза
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    2.106
    Имаш посебна тема за коса
     
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.024

    не видов,нека ја преместат модераторите!
    ти благодарам за замерката ;)