1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фризури по 50тата година

Дискусија во 'Коса' започната од slada, 6 февруари 2013.

  1. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    ЈАС имам 56г. и голем проблем со мојата коса.
    Имам виткана, остра, сува, густа и со средна повеке накај долга должина на коса. По миењето сто да Ви кажам-теско ја рашчешлувам иако имам ставено регенератор и по сушењето е целата надувана.
    Кога и да одам на фризер јас сум незадоволна од изгледот на мојата фризура. Баш поради тоа ја пуштив косата да ми порасне и ја носам собрана во долна пунџа или репче.
    Ме интересира дали некој знае кои се најдобрите шампони, регенератори, масла и маски за овој тип на коса?
    Која е најдобрата фризура за моја возраст и коса. Напоменувам дека не сакам теткини и строго дефинирани фризури.
    Дали некој знае добар фризер?
    Помош!.....!
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    frizuri po 50

    Прво да те прашам - зашто насловот си го напишала на латиница а мислењето на кирилица? :?
    Можеше и двете на кирилица како што и треба :)
    Второ немаше ни потреба да отвараш нова тема можеше да видиш во темата за фризури или да прашаш..
    Зашто веќе се случило се,да ти одговорам.Тетка ми има 52 години,и косата ја носи пуштена.Има коса како што ти си ја опишала твојата,густа,сува и долга :)
    Ја носи пуштена,ја витка,ја пегла или пак ја носи фатена во висок реп,или со штипка нагоре за по дома.Ретко кога ја пегла во последно време нема живци да се занимава со тоа,па ја фаќа во висок реп или како што викаат коњско опавче :lol:
    Така најлесно се справува,незнам што друго да ти кажам,или види по сликите во другите теми,сигурна сум дека ке најдеш некоја што ке ти одговара :)
     
  3. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    frizuri po 50

    Јас се извинувам за моите пропусти. Моментално гледав некои испробани маски.
    Благодарам за одговорот.
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    frizuri po 50

    За убава коса клучна е негата. Потшишај ја според обликот на лицето, избегнувај фарби освен доколку не се неопходни,фигаро/пегла и сл. апарати.

    Одбери шампон и маска за сува коса. И пробај со редовна употреба на масла за коса. Чичково,бадемово,ореово,маслиново ќе завршат одлична работа. Наместо лак/гел за коса почни да употребуваш крема за коса,помалку се агресивни.

    Штом имаш виткана коса не ја суши со обичен фен,туку со дифузер ќе ти ги дефинира локните убаво и нема да ти биде разлетана. Чешлање само пред бањање и тоа е тоа.

    Што се однесува до фризурата можеш да се консултираш со фризер,заедно да одберете нешто што лесно ќе го одржуваш.
     
  5. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    frizuri po 50

    Благодарам за одговорот, но потребни ми се конкретни со име препарати за нега на коса, бидејки веке којзнае уште што не сум ставила. Веке ми е смачено од тоа јас да експериментирам сама. Сакам испробани работи. Иначе, сум била и кај добри фризери ( сто важат како такви кај нас ), но повторно сум била незадоволна од обликот на косата. Секој фризер изгледа не знае што со вакви коси. Мозеби треба да барам фризер паталец, односно со ваков тип на коса.
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Па вака,прво шампон ќе си земеш за сува коса,прво би ти препорачала Гарние,има за сува коса,потоа Орзен иако од вториов сум позадоволна,има за сува коса,ќе си прочиташ и ќе си го земеш,околу 160-70 денари е,потоа маска за сува коса од Орзен имаш со мед е,и јас сум презадоволна,сјај,мекост,не пукаат врвовите,најдоброто нешто што досега сум го пробала за косата.Можеш да ставаш повеќе масла за коса,од коренот до врвовите,маслоново,бадемово,рицинусово и други есенцијални масла,за повеќе детали во ЛП ќе ти препорачам уште неколку видови на масла кое мене ми помогнале но не се сеќавама моментално.Можеш да ставаш и третман за после миењето на косата,спреј за сјај и мекост и слично.
    За повеќе препарати,кои сум ги испробала можеш да ми пишеш ЛП или кога ќе се сетам јас ќе ти испратам и линк.Се надевам помогнав.Со среќа.Па пиши што си направила и како реагирала твојата коса.
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Еве мој совет околу негата на косата.

    Мене лично од сите до сега пробани маски најголем ефект ми дава оваа маска,а порано имав прилично сува и нескротлива коса. [​IMG]

    За да не ти биде разлетана ,затоа што имаш виткана коса важно е да ја чешлаш само пред бањање. Инаку локните нема да ти бидат дефинирани. По тоа ако можеш оставај ја природно да се суши или суши ја со дифузер. Гледај да не ја триеш со пешкирот,туку само нежно пребриши ја.Затоа што влакната најмногу се кинат додека се мокри. Можеш да употребуваш и спреј за коса. Имаш повеќе варијанти. Јас го користам овој. [​IMG]По тоа стави и крема за дефинирање на косата. Избегнувај гелови/лак/пена за коса затоа што ќе ја уништат премногу. Јас ја користам оваа крема [​IMG]. Исто така има и Лореал ваква крема (зелена тубичка ,не можев да најдам слика).

    Еднаш неделно ставај масла,нанеси ги на косата и остави ги колку што можеш повеќе. Гледај да биде минимум еден час. Потоа убаво измиј ја косата. Ќе забележиш инстант промена.Ама долготрајни резултати има само со долготрајна употреба. Можеш да користиш бадемово или маслиново масло по целата должина на косата,чичково е добро за коренот и против перут,а ореово можеш исто така по целата должина на косата,ама избегнувај го ако употребуваш фарба или ако имаш светла коса. Еве сликичка од маслата,кои имаат најдостапна цена и кои ми изгледаат најприродно. [​IMG]

    Исто така за убавината на косата е многу важна исхраната. Гледај здраво да се храниш. Внесувај доволно витамини и минерали. Јас затоа што забушавам во тој поглед користам Мерц дражеи. [​IMG]
     
  8. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Само да знаете колку сум срекна што конечно ќе го решам ( се надевам ) проблемот со мојата коса. Благодарам до kikkki и waka waka за помоштта. Благодарам до сите паталци
     
  9. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Јас па прочитав фрузури од 50тите години, и одма стиснав да читам. :tmi:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.