Имам тркалезна форма на лице,незнам која фризура повеќе би одговарала според формата на моето лице.Која фризура повеќе одговара според формата на лицето?
Пушти права коса до рамена, може и подолга, само настојувај да ти биде права и долга... Решен проблем
Тркалезна форма на лице Ја имав така сега сменав степени напрајв не е лошоо... амаа ехх само колку сакам да имав овално лицее значи најубаво е тоа.. а вака ниту јаболчници се познаваат ништо лелеј како дебело да ми е лицево
Мислам дека најмногу стои ваква фризура Спојлер , а ако сакаш очите да ти изгледаат поголеми не користи црн молив, туку бел или пак сребрен.
Даааа стварно е убава фризурава.. оу јас цело време ставам црн молив мислејќи дека ми ги прави очите да изгледаат поголеми значи грешамм... Фалаа ке практикувам бел од сегаа
Еј, не ни ја вреѓај формата на лицето! И јас имам тркалезно лице и си го сакам. Косата ми е долга и права, со густи шишки, што според мене, најслатко стојат на широко фациче!
Еве ти еден линк па разгледај http://beauty.about.com/od/hairstylepho ... oundfa.htm има доста идеи за тоа како да ја носиш и како да не ја носиш косата доколку имаш тркалезно лице... И не се нервирај де... добра фризура и немаш гајле
Идеална фризура Долга коса имаш, види тука нешто..: kosa/formi-na-dolga-kosa-t1289/ Можеш да ја офарбаш или да извлечеш некој прамен, да ја скратиш..ехе, зависи какви промени сакаш.
Гледам дека ти пишале да направиш „Боб“ фризура, но таква не би ти препорачала никако. Целта е да се издолжи лицето, а со таквата фризура само се потенцира округлото лице. Потточно визуелно го прави лицето потркалезно. Најдобро е да направиш фризура во која на горниот дел од главата има поголем обем, а надолу како оди да се смалува обемот, потточно степенаста фризура. Доколку сакаш кратка коса, мора да внимаваш бидејќи исто така ја истакнува формата.
Пред некое време на една страна најдов квиз како да одредиш која е твојата форма на лицето хаха и после ти даваат одлични совети за тоа која фризура најубаво стои на секоја форма на лице. Кој го интењресира нека погледне Спојлер http://www.dailymakeover.com/face-shape-quiz/index.php
Јас имам долгнаесто лице...Прво имав многу долга коса,потоа до раменици а сега степен малку подоле од рамениците...Дај кажете некоја друга фризура..ми се досади веќе оваа..
Вака имам облик како првата слика... односно SQUARE ... Мн ја мразам формата на лицето ... Е сеа сакам да ми помогнете ... каква фризура да носам .. како да се ишишам, како да се офарбам, каква шминка да ставма за визуелно лицето да ми изглеа послабоо... Ве молам за помош ... И да напоменам имам поголемки обравчиња...
Каква фризура одговара на обликот на лицето? Изберете фризура според обликот на лицето Тркалезното лице бара кратка фризура, издолженото коса шишана на степен, а според обликот на лице треба да се вклопат и шишките. Еве неколку совети за избор на фризура: Тркалезно лице Најдобар модел на фризура е онаа која слободно паѓа, а нема многу волумен, односно не ја зголемува главата уште повеќе. Идеална фризура е пажот со средна должина, а она што треба да се избегнува е патецот на средина. Пример: Кели Кларксон Квадратно лице Фризурата треба да е мека, со јак волумен на темето. Предните прамени треба да бидат подалеку од лицето бидејќи во спротивно уште повеќе ќе ги изразуваат контурите. За оние кои сакаат шишки, најдобар избор се лесните благи шишки. Пример Џенифер Анистон. Овално лице Според стилистите, овој облик на лице е најдобар за стилизирање. На овие жени најдобро им стои кратката коса кои го нагласуваат правилниот облик на лице. Пример: Џесика Алба, Хали Бери. Лице во облик на срце Тесната брада истакнатите јаболчици и чело најдобро се заокружуваат со средна должина на коса која паѓа без волумен. Се препорачуваат лесни шишки кои визуелно го намалуваат челото. Пример Кристина Ричи. Лице во облик на дијамант Овалното лице со остри агли трпи било каква фризура! Најдобро сепак одговараат меки шишки и благо брановита коса. Избегнувајте премногу волумен на темето. Пример: Ријана. Издолжено лице Ова е најтешко лице за избор на фризура кое бара поголем волумен на коса. Она што не трпи овој облик се рамни шишки со рамни страни, туку фризура на степен или лесни локни кои го заоблуваат лицето. Пример: Лив Тајлер. Ставајте го руменилото според обликот на лицето Овално лице. Ако спаѓате во оваа категорија, тогаш не мора многу да се мачите бидејќи контурите на лицето се така наместени што самите јаболкници се истакнати. За природен и свеж изглед ставете од руменилото директно на јаболкниците на самите образи. За повпечатлив изглед при вечерното излегување ставете малку од руменилото на носот. Четириаголно лице. За да ги заоблите аглите на лицето, ставете светло руменило на јаболкниците и постепено затемнувајте кон слепоочниците. Внимавајте не треба линијата да биде права туку заоблена кон слепоочниците. За да ги заоблите и истакнатите агли на вилицата, ставете малку од руменилото на брадата. Тркалезно лице. Ако ставите од руменилото директно на јаболкниците, ќе добиете поголем круг на лицето. За да го издолжите ставете од руменилото под самите јаболкници кон ушите. Ставете од почеток подебел слој за да направите убава сенка, а подоцна со четката одземете го вишокот. На овој начин ќе создадете ефект на вдлабнатина на лицето, јаболкниците ќе се истакнат, а вашето лице ќе добие овален облик. И да ставите малку од руменилото на јаболкниците не е толку страшно само ако внимавате да не биде блиску до носот. Што подалеку од носот тоа подобро. Издолжено лице. За да влијаете на должината на лицето, ставете од руменилото на јаболкниците и не повлекувајте линија спрема ушите или кон слепоочниците. Задржете се само на јаболкниците за да го заокружите лицето. Уште еден трик за поголем ефект е да поминете со четката на челото и на брадата. Се извинувам за предолгиот пост.
искрено јас не знам каква ми е формата на лицето.. само знам дека сакам на некаков начин со некоја интересна фризура со плетенчиња или нешто така визуелно да го намалам челото бидејки имам високо чело.. ај кје ве молам некој совет за некоја фризура за излегување само по можност да е без шишки
Јас имам овално лице и стварно, секоја фризура може да стои убаво... http://www.ukhairdressers.com/hair_move ... hape.asp#4 Проверете овде , има како да откриеш каква форма има твоето лице и кои фризури би одговарале. Позз