Барам совет девојки. За 2 недели сум на свадба па решив да носам тегет фустан до колена без рамки, на него има голема бела панделка на левата или десната страна, ке го комбинирам со лакирани иста боја такви штикли и тачниче. За накит не сум одлучила, но сакам да ми дадете совет околу фризурата. Косата инаку ми е долга под градите рамно ишишана. Комбинацијата на боите е иста вкава, само што мојот е уз тело и панделката е на левата града вертикално поставена.
Можеш благо навитана со благи локни,пеглана Исто така можеш и високо репче или пак пунџичка Едноставно а убаво И фустанчето ти е прекрасно
Според Мене со ниско фатена коса во пунџичка би било перфектно.. најмногу би дошол до израз и фустанот и панделката и све
Девојки би сакал да направам еден maке up т.е промена.Односно коса шишање и средување,веѓи,евентуално лице ако има нешто за средување и тоа. Значи да напоменам дека не барам некој да ме направи да личам на одреден глумец или пејач,туку да биде едноставно убаво на изглед. Односно да се познае дека е водено грижа за коса,лице итн. На ваква идеја дојдов откако пред 2 недели бев во Ловеч-Бугарија.Случајно се запознав со неколку бугари/ки меѓу кои и еден Бугарин кој во еден салон го беа навистина феноменално средиле.Од лице до коса.Буквално револуционерна промена.Стварно се гледа дека е фатено и сработено во холивудски стил.Се бев зачудил колку може да се промени еден човек.Всушност речиси 80% во Ловеч изгледаат одлично без разлика на полот.Машки и женски во Ловеч сите се средени како на филм.Незнам дали сите луѓе одат во истиот салон или пак некои и дома се средуваат,но стварно изгледаат сите супер. Едноставно ми дојде идеја и јас да пробам да посетам стручно лице за оваа работа па сакав да прашам дали знаете некои тука во Скопје кои го прават тоа прилично добро. До сега не сум се замарал воопшто со овие работи,а и реално за овие обликувања да ги правам сам незнам.Едноставно немам никаква претстава во мене,а и знаење како да си се средам,па затоа работата би му ја препуштил на професионалец. Би одел и до Бугарија,бидејќи работата ми е таква па секоја втора недела сум таму или во Грција,ама прво би сакал да прашам дали има некој тука кој добро го прави тоа.Значи да отидам и да ми обликува веѓи,коса,лице итн и едноставно тоа да е допадливо т.е убаво на изглед Па таќа ќе ве замолам за повеќе ваши мислења.Поим немам каде да одам и кој го работи добро ова кај нас,па така би ве замолил за предлози феминки евентуално од некој салон т.е човек кој што сте го посетиле и сте биле т.е сте навистина задоволни. План ми е ако ме средат убаво,и во иднина да ги посетувам
Imam dolga kosa,nikogas se nemam isshishano do ramena,sega sakam da smenam malce pa posakuvam nekoja tipska frizura do ramena.Ne sakam premnogu kratka otprilika do ramenata.Imam epten trkalezno i malo lice pa neznam dali bi mi stoela takva frizura.Paa predlozi baram od vas,stvarno mi treba pomos nemozam da se odlucam...Help devojki
Освен високо репче и пунџа,друга некоја фризура за рамни шишки. Ај ве молам ставете некоја слика ако воопшто има
Некоја слика од брановидна коса.....сакав некои нежни локни,но мислам дека поедноставно и поубаво изгледа брановидна...неможам да најдам слика.
Имам рамна коса до рамениците, знам дека е кратка многу. Секогаш на свечени прилики си ја носам пуштена или пеглана или фенирана. Во сабота сум на свадба и сакам да сменам, ама не знам како и што да правам со косата. Сакам да ја носам фатена во некоја интересна фризура. Некој предлог феминки?