Да ти одговорам за некои од овие. Втората е плетенка со 4 прамени коса. На првата едноставно откако ја направила плетенката, ги влечела по малку прамените, за да изгледа побујна и понеобична плетенката. Другите две се пунџи со чорап. За таа со 4 прамени - http://www.youtube.com/watch?v=CzmpOIT3Bco Во видеото се прикажани и други плетенки, ако си заинтересирана, но таа со четири изгледа многу комплицирано, а не најдов поедноставен начин на објаснување од видеата што ги видов. Јас се научив од едно видео на бубзбјути, (bubzbeaty). Но таа тоа го правеше со некое парче материјал. Ќе се обидам сама да ти објаснам. Косата се дели на 4 прамени (чудно, нели? ), и плеташ на овој начин-првиот прамен го ставаш над другиот, па под другиот, па над другиот, што значи дека тој прамен е сега скроз на другата страна од прамените. Повторуваш исто до крај.
^ m2m2m2 што не ти е јасно поточно? Фризуркава е прелесна, само ако ја правиш сама малку болат рацете. Ова е еден вид обична внатрешна плетенка. Нели за да излезе така цело време додаваш коса на прамените. И секој прамен иде над другиот. Епа овде е скроз истиот принцип, само прамените одат под, а не над следните. Може те буни вака како изгледа, ама пробај ќе видиш дека е многу едноставно.
http://www.youtube.com/watch?feature=en ... wQswYhZmHM Штета што мене не ми стојат многу убаво плетенкиве, имам поголемо чело и некако погрдо доаѓаат
Сакам да ја нијансирам косата. Ама немам појма како. Ај ако можи поставете некоја слика. Да добијам идеја..
имам кратка коса (боб или печурка како сакате) и сакам да ја извиткам за матурата но ми е страв да не ми дојди многу кратка па ако сакате ставете некои слики...имам една другарка има мајка фризерка и ми предложи полу права полу виткана ама како ова би изгледало?
m3a3c3a3, еве некои идеи: Спојлер - отвори ја во нов таб зашто е голема - ретро локни А она ти што го кажуваш би изгледало отприлика вака - само, дали поситни или како на сликата големи локни, тоа е твое.
Незнаев каде да го ставам прашањето па викам ај тука. Глеј сеа, сакам да се шишам вака , ама имам плава и ретка коса, па викам дали ќе стое а? Ваше мислење?
Мислам дека повеќе зависи од цртите на лицето дали ќе ти стои некоја фризура или не. А што има врска тоа што ти е ретка и плава мислам дека уште поубава би била фризурава така, ама сепак повеќе зависи од цртите на лицето
Еве некои видеа, може да ви се најдат за нешто. Убави фризури има. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Jr5EPf2u_Q http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... iUFFklhXN0 http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... bSjL4tfTuo http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... QxLVgKDzTA http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... V-Rd3WPg2c
Дечки, мене ме интересира дали и како можам да постигнам ваква брановита фризура, без тоа машинчето што го користат фризерките, значи природно, без топлина !? Отприлика вака некако да изгледа, ама со малку поживи бранови. И не преку плетенки, зашто не е тој ефект некако - сум пробала милион пати.