1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ХПВ типизација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од azitromycin, 3 март 2013.

  1. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки,

    отварам нова тема бидејки не најдов конретен одговор за моето прашање.

    Дали сте правеле ХПВ типизација? Збор-два за процедурата ( боли-не боли,колку трае....)?

    Прашувам зашто пред две години пап тестот ми покажа ХПВ цервитит и кондиломи кои ги лечев ги излечив успешно.Наредните 4 теста немаше ништо,и еве сега последниот од пред една недела повторно ХПВ цервитит.Гинекологот препорачува типизација. По мое некое скромно познавање би требало да правам и колпоскопија ...или не? Анализите ги пракал во МАНУ-имате искуство некое? Или сепак да се преорентирам во некоја приватна клиника?

    Благодарам. :)
     
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Најчесто кога ги носат анлизите во ману земаат брис,сличен на оној за за папот,ти земаат брис со стапче и го потопуваат со посебна течност и се носи во Ману,не е ништо страшно.Не знам како е кај вас,дали вие го носите или лекарот ги праќа.Некогаш,но поретко се носи и ткивна типизација,ти откинуваат мало делче од ткивото наместо брис,и може малку да те пецне.
    Како и да е не е ништо болно,обавезно направи си штом си имала кондиломи,иако најчесто се знак на нискоризичен хпв,направи си типизција,не знам зошто до сега не те упатил гинекологот.
    За колпоскопијата,не е задолжително но убаво е да си направиш,веројатно прво ке ги почекате резултатите од типизација.Колпоскопијата трае5-10 мин а кажува многу.Направи си ги и двете и не чекај,па по резултатие одлучи си дали да бараш второ мислење од приватна клиника.
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    ткивната типизација се нарекуа биопсија и се изведува со локална анестезија,значи се зема парче отприлика колку зрнце грашок(бар мене така ми кажаа,толкаво било) се носи на испитување,и точно покажува дали има или не хпв,кој тип е итн.
    А обичната типизација е безболна,се зема брис со една четкичка се става во една течност и се носи во ману или на клиника, резултатите се земаат по 4 недели и кошта 150 ден ова го потенцирам бидејќи некои тука кажуваа дека матичниот им земал 1500 денари па и повеќе за типизација.
     
  4. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Вики,те молам не мешај поими.Ткивна типизација и биопсија не е исто!!
    Мене ми имаат земено ткивна ,не боли ,без анестезија,се зема милиметарско делче(какво зрно?) и нема врска со биопсија,тоа е сосема друга процедура и се применува во други случаи и чини многу повеќе.
    Јас погоре говорев само за типизација,и таа може да биде обична со брис и ткивна.
    За цените нормално е дека доколку лекарот ги прака примероците од друг град да е поскапо а не 150 ден,зависно од договорот.
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Мене матичниот ми предлагаше биопсија,никогаш ми немаше спомнато за ткивна типизација,па затоа мислев дека тое е тоа...така да ако сум грешка се извинувам :)
     
  6. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Фала девојки :) Мојов гинеклог ми рече 800 ден типизација, така да малку ме збуни ова 150 ден...да не ми наплака он мене како да не ми е матичен :devil: со оглед на тоа што кај него нема бесплатен пап тест кој го промовира владата//// :swear: хм.... јас може и да се изнервирам :@

    Секако фала на мислењата ;)
     
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Види вака...ти ќе отидеш кај него да ти земе само брис за типизација,ке му платиш на него за тоа,он ке ти даде упат за во МАНУ,и ти сама ке си го однесеш брисот,таму со плаво картонче и со упатот ке ти земат само 150 ден,ништо повеќе.
    Јас правев два пати типизација во МАНУ и знам дека е толку. ;)
     
  8. LadyDPC

    LadyDPC Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    добри сте вие, мене ми зеде 2500 и резултати имаше за 2-3 недели мислам
     
  9. katencezlatence

    katencezlatence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некоја од вас имала хпв 45?
     
  10. Nomnom

    Nomnom Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.

    Дали некоја правела типизација во трудова медицина во Битола?

    Каде се најрелевантни резултати? На клиника Скопје, МАНУ?

    Треба да правам типизација но матичниот гинеколог нема термин до крајот на месецот а јас сум во паника не знам дали да одам на приватно или да почекам па да си поминам поефтино.
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Да ја активирам малку темава. Дали знаете освен во МАНУ и во ГАК дали на друго место се прави типизација? Не знам колку верувам на резултативе зошто беа различни во рок од 3 месеца, од МАНУ дури добив и негативен резултат. Дали има друга опција освен овие две, секако на приватно, која и да е цената....
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Здраво!
    Дали и каде се прави ХПВ типизација преку Фонд, или само на приватно. И колку чини тоа?
     
  13. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322

    Јас правев ХПВ типизација пред една недела во Ремедика и ме чинеше 3100 денари со новите цени, порано беше 2500, сега од пред неполн месец во Ремедика е се покачено.
     
  14. izabela nilsen

    izabela nilsen Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво девојки
    денес ги земав резултатите од хпв типизација наодот позитивен на тип 18 кој бил високоризочен,59 и 44 значи несвестица ме фати затоа што пред 6 месеци правев пап колпоскопија брисеви се беше во ред а од тогаш сопругот ми е ист ,освен ако тој за мене нешол замена,Како и да е сега приоритет ми е да си средам здравјето( иако тоа силно ме погодува ).Доктрката ми препиша Изопринозин,олигогал се витамин ц,зелен чај моркови алое бетадин вагинални т.и ми препораца хигиенско диететски режим
    Ве молам да споделите слично искуство како и дали имал некој искуство со терапијава,многу ке ми значи
    однапред благодарам
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ќе ти помогне се ова акомсе придружуваш.
     
  16. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    здраво на сите.
    Долго време имам ХПВ кој ту го има ту го снемува благодарение на безбројните третмани и промени кои ги направив во изминативе 10+ години.
    Последно што правев минатата година беше некоја најнова метода која гори, значи некоја киселина или така нешто, и таа покажувала ептен добри резултати дури 99 од 100.
    Кај мене два пати ја правевме (во интервал од неколку месеци) го снемуваше вирусот, но после некое време отидам на рутинска контрола (инаку одам многу често на контроли, ептен често) и вирусот е тука пак, овој пат во друга верзија, односно друг тип.

    Денес ми се јави гинеколот да ми каже дека не е задоволен со тоа што го гледа, имено тестот покажал дека имам овој пат тип 18... мислам дека беше високо ризичен или така нешто.
    Ми вика - "чудно ми е како се појавува кога овој третман што го правевме два пати е конректно за тип 18 и другите во таа класа".
    Кај тој доктор сум одамна и сум задоволна (ако смеам да се изразам така иако не знам што би значело да не си задоволен од некоја лекар), но се прашувам дали да ги послушам старите кога велат- Секогаш прашувај барем на две места за се.
    Предложете дали да се консултирам со друг доктор и дали тоа би дало некаков различен приод кон оваа ситуација.

    Инаку не спомнав лекарот ми рече "размисли дали сакаш повторно да го повториме третманот", и рече "овој пат ќе ти биде бесплатен (инаку чинеше негде 4-5000 МКД) и сите следни прегледи ќе ти бидат на пола цена поради тоа што чувствувам одговорност..... па одлучи дали сакаш да го повториме третманот но во тој случај нема да можеш да пробуваш да зачнуваш барем 2 месеци, или да не го правиме третманот - пробај да зачнеш (инаку пробуваме со дечко ми веќе 5 месеци, но за жал до сега е неуспешно) па ако зачнеш тоа некогаш делува позитивно врз елиминирањето на вирусот".
     
  17. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    И мене ми кажаа денес тип 18. Каков е тој хигиенско -диететски режим?
     
  18. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    8.999
    Кога пред неколку месеци се соочив со овој проблем и барајќи повеке информации и искуства, на македонските форуми и не можев да најдам баш којзнае колку искуства стрикно за Цин1, Цин2, Цин3 и Цис. Овде на Фемина постои тема во прашај гинеколог мегутоа со последна активност од 2013 и моментално темата не е отворена за нови одговори. Знам дека постои тема и за ХПВ, мегутоа ХПВ е премногу опширна тема, од ХПВ настануваат Цин промените мегутоа овде спагаат и обични брадавици, плантарни брадавици, плоснати, антогенитални, орални папиломи итн. Па затоа се одлучив да направам нова тема каде што ке можеме да разменуваме искуства само за Цин промените на грлото на матката.

    Да го споделам моето искуство. Пред околу 4 месеци на редовен гинеколошки преглед и направен Пап тест добив резултати Цин 3, високоризични промени на грлото на матката. Да напоменам дека немав буквлно никакви симптоми, редовна менструација, никакви болки, баш ништо што би ми укажало за овој проблем. Бидејки на државно резултати од Пап тестот чекав цел еден месец, по добиените резултати, во приватна болница го повторив Пап тестот по што добив резултат Цис (cancer in situ). Нормално по направена типизација испадна дека го имам Хпв16, високоризичен тип на што и се должеше оваа дисплазија, секако и намален имунитет. Следуваше биопсија којашто го потврди наодот од Пап тестот. Потоа беше направдна конизација со цел да се отстрани заболениот дел од грлото на матката.

    Конизацијата е дијагностичка и тераписка постапка во текот на која со хируршки, електричен или со ласерски нож се прави подлабоко сечење на грлото на матката во вид на конус.Со конизацијата мора да се отстрани целиот заболен дел од грлото на матката. Во зависност од проширеноста на промената (лезијата), варира и длабината на конусот (до потполна ампутација на грлото на матката).
     
  19. Lolita7

    Lolita7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво.Мене материјал за хпв типизација ќе ми зема матичниот гинеколог,а потоа ќе го носам на испитување на клиниката за Гинекологија.Знае ли некој која е цената на гинекологија?
     
  20. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Каде би можел партнерот да провери ХПВ статус? Има ли некој пакет на земање и испитување брис за ХПВ и типизација по приватниве клиники?