1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Халуцинации

Дискусија во 'Психологија' започната од deskarada, 15 јуни 2012.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Здраво на сите :D Дали кога сте мн напнати, нервозни, ви се имаат појавувано халуцинаццц тоа краток период потоа исчезнуваат ги нема и кога повторно нешто мн на сихата ќе почне да ви влија пак тие некогаш ќе се појават ? И ме интересира бидејќи не сакам да одам по психолози и сл......бидејќи имам само 19г. а мислам дека ова вака ми се појави бидејќи пред 2години како да западнав во депресија, па сега ме мачи анкциозноста и пред некое време и ова стаса, сакам некако на природен начин со позитивни мисли да го пребродам, како што ја пребродив депресијата па и сега се стремам со анкциозноста иако ми оти потешко, ама ова халуцинациве ме зачудија малку.
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Халуцинации се појави кога се јавуваат слики или гласови кои не се реални.Најчесто се јавуваат кај болести од психичка природа,но ти не даваш доволно информации од типот какви халуцинации имаш во колкав временски период ти се јавуваат,како се чувствуваш тогаш.Мислам дека најдобро ти е да побараш стручна помош,бидејќи ти си многу млада,а и не верувам дека станува збор баш за халуцинации,можеби под дејство на хормоните на стрес,недоволно спиење,хроничен замор гледаш или ти поминуваат слики кои ти можеби ги чувствуваш како халуцинации но не верувам дека се работи за тоа.Не даваш и доволно информации дали земаш некакви лекови,но со оглед на твоите млади години најдобро ти е да побараш стручна помош.
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Кај тебе јас сум прилично сигурна дека не станува збор за халуцинации. За да се предизвика ваквата појава, треба да постојат повеќе фактори кои би ја поттикнале. Но, не ја исклучувам можноста тоа да е од психичка исцрпеност. Гледам си пишала за анкциозноста ( реално, и те како мава на психа ова ), исто и за депресијата во која си била. Ти си си ставила во главата нешто, и сега потсвесно го ,,вадиш'' тоа во реалноста. Инаку халуцинацииве се јавуваат главно кај оние што се на наркотици, да не набројувам сега кои, или пак кај оние што имаат веќе постоечки трауми.

    Ако ти мислиш дека станува збор за халуцинации, а не за нешто друго исто потсвесно, тогаш најдобро ќе биде да побараш лекарска помош. Не е ништо страшно, ни срамно, туку е нешто што тебе ќе ти помогне.

    А со што точно тебе ти се претставенни наводните халуцинации? Што гледаш?
    Како ги перцепираш?
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Девојче, ти ми изледаш како некој хипохондрик и не сум далеку од вистината. Се обидуваш твоите разочарувања и проблеми да ги поврзеш со некоја болест, која ми изгледа како измислена, само за да најдеш утеха или да привлечеш внимание кон себе.
    Како прво, ти не ни знаеш што се сите тие состојби кои ги наведуваш (депресија, не е анкЦиозност туку е анксиозност или како што ти ги пишуваш халуцинаццц), и како второ, ако навистина си ги имала, не верувам дека само со позитивни мисли си поминала. Тие состојби се предизвикани од некои проблеми и тешкотии, па ако навистина ти било толку тешко, работите доаѓаат во нормала со решавање на проблемите.
    За хипохондрични случаи, неопходна е помош од психијатар. Не го сфаќај ова како праќање во лудница, туку тоа е начин како да се справиш со твоите проблеми, без да си замислуваш работи.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Халуцинаците ми се јавуваат ретко, еве сега пред извесен период и тоа кога сум многу напната, сега еве дека учам за на факултет треба да полагам и сето ми е хаус. Значи то се случува само за неколку секунди 2-3 кога ќе ми се појават како да кажам.........како на пример да ми прелета нешто како некоја точка и толку. Тоа е кратко, но кога сум со некој тоа не се случува, само кога сум сама.
    Не, досега немам земано никакви лекови. По рано мн негативно мислев постојано бев нерасположена ми се плачење, но тоа сето го пребродив, сега сум мн поинаква се смеам, се позитивно сега се обидувам да размислував колку што можам. Не се чуствувам никако, немам некое посебно чуство, ќе ми се појави нешто како да прелета или ко точка нешто 2-3 секунди и изчезнува и тогаш игнорирам бидејќи знам дека не е вистинско, но можи да биди нешто и од тоа ти што ми го наброја, бидејќи не спијам доволно овај период,а и пијам хормонски апчина и мн сум изморена оти имам постојано обврски
     
  6. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Халуцинациите се неточни перцепции, кога она што го примаш со сетилата е искривено од како што е навистина. Може да се јават спонтано: ако долго време не си спиела, висока температура, некои лекови... или пак предизвикани со алкохол, дроги и др наркотици.
    Ако ти се јавуваат често, побарај стручна помош.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Бев кај психијатар, се му објанив, но не било ништо страшно, не биле да ги речам вистински халуцинации бидјеќи јас сум свесна дека не се вистински, кога почнав така да се чуствував баш мн бев под стрес, не бев спијана, а и примам хормонска терапија значи се си се измешало и мн бев напната нервозна поради испитите, ми даде едни апчина на природна база против стрес, па сега се чуствувам подобро :D
     
  8. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Епа супер што не е нешто сериозно, а на тоа укажува фактот што и самата си била свесна дека не се вистински халуцинации.
    А, што се однесува на стресот ако не сакаш апчиња - јогата помага најдобро. :)
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Мислам дека кај тебе не станува збори за халуцинации. По дефиниција халуцинаците се такви пореметувања при кои постојат перцепции, без објективно одговарачки дразби. Болните се убедени дека слушаат, гледаат или по телото чувствуваат нешто што всушност не постои. Се јавуваат во областа на сите сетила, (оптички, акустички, олфактивни, густативни) но се најчести кај сетилата за вид и слух. Предиспонирачките фактори за настанување на халуцинациите можат да бидат најразлични. а прво место се пореметувањата на јасноста на свеста, потоа постоењето на налудничавите идеи, посебни ефективни состојби, различни степени на интоксикации на централниот нервен систем, интензивни сугестии, локални надразнувања на кортикалните центри, периферни дразби (пр. притисок на очните јаболка може да предизвика оптички халуцинации), болести на сетилните органи.
    Обрни внимание на зборот ,,се убедени", а тоа ти не си според тоа што го напиша.
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Всушност, илузиите се растројаства на перцепциите кои придонесуваат за погрешно распознавање на перцепираните појави и предмети.
    Халуцинациите се растројства на перцепциите каде што постои перцепција без дразба.
    Значи не се работи за искривена перцепција, туку гледање и слушање на предмети и појави што воопшто не постојат.

    Сепак халуцинациите најчесто се јавуваат кај луѓе кои користат наркотици или патат од шизофренија.
    И да, оние кои имаат халуцинации веруваат во тоа што го перцепираат иако не постои. Халуцинациите имаат карактер на објективна реалност.

    Што се однесува на случајов погоре, јас мислам дека со самото тоа што личноста патела од депресија и анксиозност, мисли дека во пакет со тоа одат и халуцинациите, па потсвесно се убедува себеси дека слуша или гледа нешто што не постои. Но, не се работи за халуцинации, бидејќи човек кој што халуцинира, како што кажаа претходно е убеден дека тоа што тој го перцепира е реално. Твоите „халуцинации“ се предизвикани од некаков страв, потиснати трауми или нешто сосема трето.
    Ете и стручно лице проценило дека нема место за паника.
     
  11. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Па, баш со тоа што халуцинација е перцепција на нешто што го нема реално, пишав дека е искривена (невистинска) перцепција, а и ова што го пишав е дел од дефиниција од книга - Психологија за четврта година, не го смислив јас. :)
     
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа ова го имам. :worried:
    Еве ќе ви кажам една феминка ми збореше за нешто и јас погрешно ја разбрав и и се истурив. Можно е ова да се појави поради психозата што ја имав или само станало збор за обично недоразбирање? Еден психијатар ми рече дека ова е немање на концентрација не спомна никакви халуцинации. Што мислите вие?
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Халуцинација нема врска со тоа што погрешно си разбрала некого.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ми олесна. Фала ти :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    26.084
    И јас колку членови грешка имам разбрано, не значи дека халуцинирам. Кај халуцинациите, болниот гледа предмети и појави, слуша гласови, го чуствува допирот, а истовремено не постои визуелна, слушна и допирна дразба. Поедноставно речено, халуцинациите се лажни перцепции од страна на сите пет сетила. На пример: гледаш куќа, која во реалноста не постои.

    Халуцинации најчесто се јавуваат при преодни состојби (помеѓу сонот и јавето), при исцрпување, хипноза итн. Најчесто е засегнато сетилото на вид.