Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија, ни беше и во посета пред некое време Во споредба со овој, ниту еден од нашите не би издвоила
Macron Emmanuel - новиот председател на Франција. Каков профил од човекПа и приватниот животЗа мене само таков Видете каква жена има Spoiler: Кој е Макрон? http://plusinfo.mk/vest/114090/koj-e-emanuel-makron
^ И јас дефинитивно Макрон го додавам заедно со Трудо како единствени досега што ми го заслужуваат овој епитет - харизматични политичари... и по изглед, и по политиката што ја водат Ич не сум во тек со француската политика, кога збореа за изборите само ми беше антипатична противничката негова оти ставовите ѝ се еквивалент на Трамп Ама видеово откако го видов пред малце, мислам дека стварно и он си е за респект како Канаѓанецот Во претседателскиот кабинет поставил 11 мажи и 11 жени министри, сите квалификувани за своите области А нашиве експерти по интернет пак нека прават вицови за неговата разлика во години со жена му
Покојниот Борис Трајковски Бранко Црвенковски Владимир Путин Покојниот Жељко Ражнатовиќ Борис Тадиќ Емануел Маркон Барак Обама Арнолд Шварценегер Бил Клинтон
Пошто темата за актуелни политички настани е затворена, тука ќе го ставам. Еве, си поплукувам втор пат врз зборот првиот беше кога ги збираше пратениците ко овчички..за да си сработат, нели..сега заради говоров. Океј, да... политичар и типично, али сепак. Го ставам тука,нека да човекот продолжи така. Пожелно е од сите лидери на албанските пол. партии (и нашите де) го гледаме ова почесто. И на само пред камера и за на вести: Ние имаме една заедничка татковина Република Македонија и сите сме одговорни да ја зачуваме за нас и идните поколенија, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во својот говор на Мечкин камен каде ја предводи собраниската делегација по повод годишнината од Илинденското востание. Откако се поклони пред гробот на Никола Карев, во свето обраќање Џафери ги нарече илинденците херои кои се вградиле во сегашноста и цитираше дел од Крушевскиот манифест. „Елајте браќамуслимани при нас, да тргнеме против наши и ваши душмани, под бајракот на Македонија, Македонија е наша и ваша мајка. Мили наши комшии, eлајте при нас.“ I'm sucker за осеќајни говори. Осеќајно биќе. Ме наежи. Ама, не се уобразувај, Талате, море, људеино.
И мене ми е ТаЉатко многу смешен,дури и харизматичен и симпатичен ми стана море ХЕЈЈЈЈ Ми стои на паметен човек.А и говорот за Илинден му беше добар,си испочитува човекот како што требаше Мене и Стево Пендаровски ми е хармизатичен доста Ми делува на Фин и културен човек и Жерновски до некаде.
У, Стево не го можам јас. Уште кога ќе ми текне како стоеше за време на изборите на бина...сите гледаат напред , тој искривен целиот, со тело на една страна, глава на друга, очи на трета... ко квиско некој ми е
Мислев сум во поретките млади, на коишто Бранко им е харизматичен....Ама гледам насекаде го има во темава Од секогаш ми има некоја посебна харизма...Замислете помлад какво фраериште бил Прав господин е човеков.