До сега вакви работи ич не сум загледувала, посебно не кога станува збор за политичари. Ама има нешто во Филипче што го прави различен од другите... Не знам дали е до карантинот...или што е, ама ете.
Изгледа е.. Пошо карантинот ви прави офтопик да сте а не е дека се згодни било кој од тие што ги набројавте
Ништо ново, човек на позиција кој во ваков момент истапува со решенија. Зошто шефовите и директорите е... најмногу?
И најзгоден да е со тоа име не праиме ништо, Венко Филипче па ви се молам. Ко име за некое куче ми делува, и таков да ме привлекува јок.
Некој треба последните 2 страни во темата најсмешни мислење да ги стави. Инаку да ви кажам никогаш не сум размислувала на оваа тема ама сега ме замисливте.
Ај што е згоден, ама има и трпение човекот. Јас да бев до сега на сите новинари по два три шамари ќе им удрев. Човекот се изнаслуша прашања за реновирање, па дали маските за еднократна употреба можат да се користат повеќе пати, до најефтини цени за респираторни машини. Човекот има челични нерви, и не знам како се воздржува да не прсне од смеење на прашањава.
Колку ми олесна ова што го пишавте за Филипче, јас па мислев имам некој проблем у мозокот. Не сум сама добро е. Сега немам толку лошо мислење за себе.