A бе харизматични политичари, а не фотомодели Се согласувам за Обама, мафта со рацете ко мјамун, Саркози нема став ни политички, па не претседателски Кај нас, штознам, немаат магија политичариве, ко сељачина покондирени се однесуваат и не знаат за основните ставови и држења на „народен“ човек. Добро, Ермира Мехмети дели од другите
Сега ти нешто се завркаваш со нас овде или што е работава ?? Арогантни само бендисани,створења кој што мислат дека се нај паметни ( а не се ни паметни ) и успеале во животот само поради тато и мама! ти се харизматични ?? Мислам прости ми но не ти ги знам критериумите за харизма
јас сум кока кола за вас леле колку се смеев на овој муабет не ми текнува како се викаше тој што го кажа ова хехехххе
За харизматичен незнам, ама Иво Котески е навистина убав Бранко мене повеќе ми е смешен, поготово со речникот негов
факт е дека и тоа како бранко црвенковски е харизматичен лик на политичката сцена,значи не ја коментирам неговата политичка кариера или неговата успешноста во истата туку исклучиво неговата приемчливост кон електоратот и односот кон медиумите.број еден по харизма и однесување,потоа би го издвоила и министерот за одбрана зоран коњановски,директорот за јавна безбедност љупчо тодоровски,бујар османи,имер селмани,ермира мехмети,незаменливиот љубомир фрчковски,и секако владо бучковски.на светско ниво за харизматични политичари би ги издвоила...владимир путин,чедомир јовановиќ,борис тадиќ,бојко борисов.ќе се согласам дека аркан поседуваше исклучителна моќ на привлекување позитивно внимание кај српскиот народ и покрај неговото криминално минато.
Не зезам бре, сериозна сум... Иво ми е навистина убав, а за харизма не зборувам Во харизматични би го ставила и Јани Макрадули Опасно интелигентно човече
иако не го поднесувам Црвенковски има и те како харизма,Иво Котевски ми е убав исто така и според мене поседува харизма. Ја сакам и Ермира Мехмети,преубава е и одличен оратор.
Мислете што сакате, ама мене најхаризматичен ми е Амди Бајрам! Баш си е јак типот, секогаш ме смее. Е сега тоа секако не е добар политичар, ама сепак ми е омилен хахаха -Власта која сакаше да ја добие власта, која падна... -Синоќа во 24, усвари у 0-10 часот, у 0 10 минути часот од 24 понатаќе, значи у 24 0 10... Ама не е гаф! После 24, 10 минути поминуење... Можда на вас некои ви е смешно, ама ова не е за смеење! http://www.youtube.com/watch?v=nWa4viGJQZ4 Каква легенда !
Оф топик-Ашлинг да не е Прити? Кон неа ми турка со муабетиве Он топик-Бранко Црвенковски колку и да не го поднесувам има харизма човекот,не за џабе високо котира во нашата мизерна политика веќе дооолго време. Бујар Османи-просто го обожавам. Иво-министерот. Иво-потпаролот. Борис Тадиќ-мислам,само погледнете го и одма ќе се стопите. Ермира Мехмети-си ја бива. Не ги поднесувам: Гоца бркатата-МВР Силвана Бонева-д манки Бендевска од СДСМ-д манки аген Бучковски-а ла слоново уше Силвио Берлускони-перверзњак престарен
Бранко Црвенковски ми е број еден, без оглед на се човекот си има харизма мора да му се признае. Амди Бајрам ми е исто циркузи за гледање и за кревање расположение топ.Шекеринска исто и Имер Селмани..друг незнам баш
Иво Котевски не ми е ич харизматичен, Влатко Ѓорчев ми е , овој министерот Тодоров ми е ко фраер на батерии, не му доликува таков лигавење, па сепак е министер за образование, премиерот нема ни х од харизма. Ова е мое мислење. Харизматични ми се Бранко Црвенковски, Заев, Имер Селмани, Борис Тадич, Обама... Морам да напишам и од новинарите харизматичен ми е Младен Чадиковски
Бај д веј мене ми е харизматичен Амди Бајрам и Шекеринска не е лоша, интересно женче, начитано да ти е мерак да ја слушаш.
Мируше Хоџа која беше кандидат за претседател на Република Македонија е невидено харизматична, префинета, културна и пријатна особа. Покрај фактот што е многу начитана и поседува квалитетен речник, има некој ѕвонлив глас кој смирува и нелицемерна насмевка. Ми беше професорка на факултет, немам доволно убави зборови за жената.
Да си ја дополнам листата Бошковски(особено за време на војната) И патем, не ја расипувајте темата ве молам! Глупаво е.
Што мора секоја тема да ја уништувате со глупости ?! Еве го и мојот избор : Просто го обожавам човекот ! Доколку ми текне уште некој ке ја дополнам листата..