^ Имер Селмани. А на мене најхаризматичен од сите политичари ми е Владимир Ѓорчев. Не го кажувам ова туку - така, само од тоа што го гледам на ТВ... Сум присуствувала на многу трибини, конференции каде што бил и тој и само го потврдиле моето претходно оформено мислење формирано читајќи негови колумни итн. итн. Значи навистина... Човеков е за ПОЧИТ !!! Пред се, како личност... Па потоа и како политичар ! :up:
Путин? Харизматичен е како ве-це шоља во стан на сенилен старец кој има проблеми со бешиката. Но овој од друга страна...
Зоран Јовановски од СДСМ! Многу ми е паметен, образован, начитан, секогаш сите податоци ги знае на памет, секогаш е скоцкан-топ облечен, а од друга страна воопшто не ми личи дека е уобразен човек, туку воспитан, културен, скромен, а е финансиски добростоечи.
изгледа традиција е министрите за здравство да се баш симпатични Никола Тодоров - штета што е женет , навистина преубав човек
^ направете разлика Да се поседува харизма се подразбира необична, магнетска моќ на привлекување на мноштво следбеници и необичен, чудесен шарм, но не во смисла на т.н. полова привлечност, туку во општествена смисла.* од викито
Министерот за труд и социјала, али министерот за здравство Никола Тодоров ми е закон бре исто штета што е женет
Не ги сакам многу многу, единствен коj го сакавме со баба ми на времето поранешниот министер за здравство Имер Селмани. Од овие актуелниве да, за социjaла има харизма човекот, дефинитивно секоj може да го забележи неговиот говор, а Николче е симпатично глупав. :geek:
Офф нашиве не ги коментирам ама Јулија Тимошенко за мене најголема харизма има , Маргарет Тачер исто , Обама јас ич не го мирисам ....
Ќе се сложам со двете мислења погоре и ќе ги ставам во едно Никола Тодоров и Спиро Ристовски....од овие нашиве. А од другите од страна би го издвоила Путин...цар е!!!!