Докторката ми рече три дена пред прегледот алкалакс три пати на ден и да пијам еспумисан исто три пати на ден.. а ден пред преглед да растворам фортранс кесички ..
Denes treba da pies dva litri fortrans i samo supa bistra, varen oriz...utre samo dva litri rastvorenata voda i nisto drugo, ako nemozes da izdrzis, mozes samo bistri sok od jabolko i bonbona po nekoja..a vo ponedelnik nisto.
Јас правев колоноскопија и ми го кажаа овој начин за кој ти пишав..точно два дена се потребни да се прочистиш убаво..Ти каде ќе правиш?
Во државна болница.. а според ова што пише еден ден пред преглед тоа значи утре да почнам со фортранс.. нема логика да се мисли на понеделник вечер дека нема цел ден до вторник сабајле ..не знам.. а нормално е такво празнење или нормална столица треба да е само повеќе пати на ден ?
Нормално е душо, потоа ќе биде само чиста вода....Откако завршив со прегледот, верувај ми беше жал што отидов одма во бурекџилница да јадам, толку убаво се чувствував..бадијала глумцине не правеле повремено перење на црева.
Дали клистирот за чистење на дебелото црево е безбеден? Колку пати годишно е правилно да се чисти дебелото црево?
Ми олесна малце за празнењето..само што сега не знам за фортрансот како да го пијам..дали како што ми пише на ливчето.. ама нема логика пише на ден на преглед од 4-6 часот и одма треба да идам на анестезиолог пред 8 часот а пише ако е со анестезија да не се пие ништо неколку часа ништо.. оф исплашена не препрашав..
Јас правев без анестезија во 8 ми септември..не е болно, се издржува..имав мала раничка...Ајде како ти кажале така прави, смо немој да јадеш ништо.
Мене па не ми текна за сливи, ти благодарам многу ќе земам од нив ќе ги јадам и плус ако треба и компот ќе правам од нив само да се спасам, а ќе ја земам и оваа маст белки ќе ми помогне. Стварно веќе нз што да правам
Сливите ти прават полесно да отидеш во вц и полесно да се олесниш без да се тегнеш стискаш и се др. Мене маста ми помогна ама кај мене се надворешни и знат некогаш да се појават ама еден ден и обавезно се мачкам
Незнам, боље прашај ја матичната гинеколог...инаку флебодијата е супер, помага при венско заболување а хемороидите се тоа....после првото апче че осетиш подобрување, воспаленито ќе го снема и полека ќе се повлечат хемороидите...
Јас ги имам и внатрешни и надворешни мака мачам со секакви масти но никаков ефект и башка храна сменив, претходно сум немала таков проблем дури напротив имав толку брз метаболизам значи последното залче го џвакам и одма трчам во вц, а сега оваа што ме снајде многу било болно и тешко. Ќе ја пробам и таа маст се надевам дека ќе има резултати Во право сте ќе ја прашам, ви благодарам феминки за одвоеното време
Правев сабајле колоноскопија со анестезија. Се разбудив и сестрта ми рече се е во ред немаш ништо симни се кај докторот.. не ми дадоа бројче за кај него оставија за утре. На извештајот пише "видената лигавица на целото црево е макроскопски уредна, цекум уреден, но се има впечаток за екстралуминална компресија. Валвула уредна. Во анален канал ланец од хемороидални јазли. Е сега дури утре ќе знам што е тоа ектралуминална компресија.. не знам дали е страшно нешто. Ми викаат од желудникот гасови.. останува да чекам утре. Гужва кај докторот не ми дадоа бројче а јас едноставно немав сила веќе да стојам.. ми вика ако сакаш чекај може ке те прими на крај може не... И остана за утре
Откако се породив по извесно време некаде месец и пол два се сомневам дека ми се појавија внатрешни хемороиди. Болка при празнење и малку крв. Потоа немав мака, а еве сега после два и пол месеци тешко одам во вц и болка во дебелото црево и тешко празнење. Забележав и повеќе крв. Зедов гел за внатрешна употреба за хемороиди. На преглед не сум појдена. Кај да се обратам што да направам