Некој ефикасен лек и брзо да делува? За доилки? Немам запек, но честото одење во тоалет не му дава време да се залечи. Мислам дека следно празнење ќе умрам. Мачкам кантарион и една домашна маст ама ич не помага.
Дали хемороидот може да се префрли на вагината? Ме пецка при мокрење, а имам ме боли многу при одење по голема нужда, мислам дека ми е од што почнав да вежбам на орбитрек, многу се потев, по цел ден седам (таква ми е работата), порано ми се појави се мачкав со маст од чајно дрво, ми помина за 2-3 дена, сега еве веќе 1 недела се мачкам и не ми врви... од храна само овошје и зеленчук јадам, само наутро геврек и јогурт, и веќе нз што да правам
Ако се имаш депилирано со веет крем и мене така ми се случи а за хемороиди немат врска, а мислам најдобро да е одиш на гинеколог а дотогаш намлакај се со чај од камилица за еден ден два ќе ти помини а ако не тогаш на гинеколог
Здраво феминки сакам да споделам со вас лек за хемороиди кој што многу ми помогна мене, ги добив после пораѓање и 7 месеци мака мачев со нив и случајно видов коментар на една жена за пририден лек направен од човек по има Сашо Богданоски од Прилеп мислам дека беше, значи верувајте дефинитивно за без пари е лекот и навистина лечи само по користење од првите 3 дена има веќе огромен резултат. Јас сум навистина задоволна и благодарна од мелемот и затоа реков дека ако има стварно ефект ќе кажувам и споделувам каде што ќе стигнам. Мелемот е во комбинација со еден корен што се пие, но за доилки како мене само мелемот може да се користи, коренот не смее да се пие од страна на бремени и доилки, ќе ви оставам и телефонски број ако сакате од човекот. Тој лекува и други болести проблеми и се тоа со билки. Се надевам дека многу од вас ќе си го најдат лекот како и јас.
Проширените вени од пораѓај може трајно да се излечат, ама овие другите не...иначе колку и да лечи човекот со билки мислам дека и треба целосно да се промени начинот на исхрана бидејќи нели по природен пат лечи? А тоа денес е мн тешко т.е. нема логика да јадеш хемикалии а да се лечиш со билки
Можно ли е од хемороиди да ме боли долен дел на рбет, понекогаш и во долен дел лд стомак? Немав проблем до сега, немам и некоја екстра страшна болка од хемороиди при празнење, ама секоја тврда столица е проследена со крв и тапи болки.
Не верувам од хемороиди туку сигурна сум дека имаш искривување од рбетот. Најубо е да се снимаш на ренген ако не е од тоа, појди на доктор за хемороиди ако мислиш од тоа.
Каде треба да се отиде ако се сомневаш на хемороиди? На матичен? Треба визуелно да се прегледа за да се утврди ??? Имам топче на неколку сантими од анусот, и многу боли на допир
Јас имам одено за внатрешни хемороиди во Гастротоп (кај Европски Универзитет се наоѓа) на приватно, 1000 ден е преглед
Да Да, се јавив и закажав за наредниот ден. Ми направија колоноскопија и ми потврдија дека имам внатрешни хемороиди...
Дали хепатромбинот (алвен) пече кога се нанесува на хемороиди ? Или јас нешто друго имам ? Избезумена сум сега.
Помага ли кантарион за хемороидите ? Прочитав дека на некои им помогнало. Конкретно за да се повлечат ми е. Ама не сум сигурна дали да ставам.
Да се повлечат мислам дека не помага, ама мене ми помагаше да не ме болат. После пораѓај имав повеќе болки од хемороидите отколку од раната од раѓањето. Мачкав маст за да се повлечат, а измеѓу на секое одење во тоалет мачкав кантарион, и тоа ми помагаше општо за болката.
Мене само масло од невен досега ми помогнало за хемороиди, друго што се немам пробано, од маслото најбрзо ми врват...и исхраната секако има ефект