Таканаречени надворешни хемороиди не постојат. Постојат само внатрешни што во понапреден степен излегуваат надвор и тоа се состојби за операција. Тоа што веројатно имаш е перианална тромбоза која треба да се остави со време крвта сама да мине и не се потребни никакви интервенции освен во случај да се работи за перианален абцес ама тоа е посериозно и за друга тема.
Па јас ова веќе подолго време го имам, како израсток, што и да е, не е болно на допир, само знае доста да чеша и докторот ми го забележа и ми рече дека имам хемороид, инаку јас до тогаш мислев дека ми е предизвикано чешањето од чести гинеколошки инфекции. Го мачкам од време на време со Антифунгол, ама тоа не е решение зошто после пак чеша и ми оди на нерви. Посебно па не е згодно кога си излезен надвор.
Исто имам и јас. Еден хемероид од надворешна страна, не крвари и чеша многу често. Издуено е и не се повлекува. Стои така можеби 10 години
Здраво Дали имате лично искуство или можеби искуство на ваш близок некој, со операција на хемороиди и фисури? Значи, конкретно ме интересира каде е најдобро тој зафат да се направи, приватно или државно? Дали препорачувате или сте слушнале за некој доктор?
Подврзување на хемороиди прават гастро доктори што не се хирурзи додека класичен оперативен зафат на дигестивна хирургија. Мора да се види степенот на хемороидите и колку време трае па со преглед да се каже што понатаму.
Дали сте користеле некој производ што ви помогнал за хемороиди што крварат? Сѐ уште не се излезени, но серумското железо знае да е многу ниско, 2.5 моментално
Како знаеш дека се работи за хемороиди со толку ниски вредности на анемија може да биде секако скриено крварење
Потврдено од доктор значи. За брат ми пишувам инаку. Има внатрешни хемороиди. Користи различни производи веќе неколку години, знаат да се намалат, по некое време повторно крварат. Кога крварат му паѓа железото
Нема класичен лек. Треба исхрана со влакна да биде мека столицата и да се контролира за да нема иритација. Мастите со лидокаин и стероиди се анестетици за болка не ги лечат директно хемороидите. Трајно лечење е можно само со една од многу врсти на операција ама зависно од степенот на истите. Инаку тоа ниска вредност на железо не е добра работа.
Има апчиња за да престане кога крварат, инаку менување на исхрана и движење. За железо нека бара да пие нешто, исти случај сме и ние, најверојатно и крвта му е ниска. Внатрешните се потешки за лечење.
На дечко ми му се појави мал хемороид, и не го чеша ниту боли моментално, го мачка со една маст и ни предложија и едни апчиња за повлекување. Кој е понатамошен лек за хемороиди, постои ли? Можно ли е да се повлече?
За хемороиди или на гастро или дигестивна хирургија. Зависи каде ќе отидеш обично се прави ректално туше со прст се циркулира во завршниот дел на ректумот и анусот. Ако е потребна колоноскопија или само ректоскопија тоа се гледа кај гастро доктор и обично треба на приватно да го правиш за да се исклучат други состојби бидејќи е најточна метода што гледа со ендоскопска камера. А класична операција на хемороиди прават хирурзи тоа се дел проктологија кај дигестивни хирурзи додека подврзување на хемороиди на гастро. Зависно од степенот кај некого операција баш ќе мора.
Од лично искуство, најдобар лек за хемороиди е чај од подабче. Го има во аптеката позади билна. Не масти, апчиња, капки, чепчиња, ништо не помогнало, а беа во прелоша состојба, со огромни болки, чешање и крварење. За трудници колку е препорачлив, не знам, бидејќи чајот е прејак и најверојатно најгадното нешто што ќе го пробате, меѓутоа секому кому што сум го кажал, имало позитивни резултати. За помалку од две недели, ко ништо да сте немале. Ќе ве тагнам вие што сте прашале во скоро време и можеби сѐ уште се справувате со проблемот. @h.ope @SunnyGirl2 @blueeparadise @Nikola1234 @Anettta