Дали некој знае нешто за хемороиди, ми излегуваат секоја недела и многу ме болат!!! Ако некој знае нека каже. Фала однапред
Има масти за хемороиди,ФАКТУ е најдобра.Ако крварат немој да се исплашиш, .Може ќе треба да промениш нешто во начинот на исхрана,повеќе да се движиш.Сепак си млада за хемороиди и најдобро е да се консултираш со лекар,посебно зашто често се појавуваат.
Девојки и на мене ми излегоа хемороиди надворечни и прочитав на нет дека 20 грама сусам со 500 мл вода да зоврие и тоа да се испие, така да сега го вријам и ке пробам па ќе ви го кажам резултатот. Поздрав
Јас подолго време имав проблем со хемороиди,имав ужасна болка пропратена со крварење,чешање,печење,не можев да седам,да спијам,беше ужасно.Ме беше страв кога требаше да одам во тоалет.Истрошив еден куп пари на разни масти и супозитории(како вагиналети само за во анусот).Најчесто користев Модолекс и Факут ми помагаа ама само повремено и се пак одново.Сега за сега (фала Богу) немам таков проблем со тоа што колку толку внимавам што јадам,што потечна храна,салати,правилно седење и пред спиење на памукче си ставам кантарионово малсло и се е под контрола само што ми остана мал израсток на анусот и морам да одржавам ПРЕГОЛЕМА хигиена бидејки не можам убаво да се избришам
- Спречување : Иако многу здравствени организации се борат да најдат лек за оваа т.н. болест, лекот не е пронајден. Затоа има начин да се спречат. -Исхрана: течности, супи, сокови... Да се избегнува сува и тврда храна, со тоа ќе се избегне и тврдата столица, која уште повеќе ги надразнува хемороидите. Исто така, се препорачува да се конзумира овошје, зеленчук, како и секој вид на храна кој содржи витамини, кои се потребни за стабилизрање на крвниот притисок. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЗАЧИНИ, ЛУТО И ПРЕМНОГУ СОЛЕНО!!! -Вежби: трчање, џогирање, спортување... Било каква активност која во исто време ве опушта, а не бара од вас премногу да ги напрегнувате мускулите. -Хигиена: После секоја обавена голема нужда, редовно одмивање со ладна вода, без сапун, без разлика колку ви е неудобно. Било каде и да сте, во било кое време, после голема нужда, потребна е хигиена, од проста причина, што, при хемороиди во понапредна фаза, тешко и болно е потполно да се избрише аналниот отвор со тоалетна хартија. Секогаш користете тоалетна хартија која не е произведена од претходно рециклирана отпадна хартија. После секое одмивање сменувајте долен веш, секогаш да биде бел, затоа што обоените материјали ги иритираат хемороидите. -Медикаменти Никој доктор не препишува посебни медикаменти против хемороиди. Најчесто се препишува маст, која во секоја аптека е именувана како МАСТ ЗА ХЕМОРОИДИ. По боја е светло кафеава, мириса на ментол. Се користи после секое одмивање. Се мачкаат хемороидите и околниот дел на анусот, при тоа, многу важно е хемороидите се враќаат во аналниот отвор (ДА ОВА ЗНАЧИ ДА СИ БРЦНЕТЕ ПРСТ ВО газ БЕЗ РАЗЛИКА КОЛКУ ГАДНО ИЛИ ГЕЈ ИЗГЛЕДА ТОА). Тоа помага при повлекувањето на хемороидите.
познаам еден човек, он продава тревки и чаеви за такви проблеми.има еден чај чин чан мислам дека се викаше со потекло од кина, малку е скапичок ама битно ги лекува хемороидите
До сега ми се имаат појавено 2 пати хемороиди, за болката многу помага миење со ладна вода, затоа што ладното ги стегнува крвните садови и ја намалува болката, и многууу течности. Дали некој може да ми каже колку треба за да заздрави надворешен хемороид од како ќе пукни? Знам дека звуци многу глупаво но.... за помалку од недела ќе одам на одмор и морам да се издепилирам... па страм ми е да појдам така а не сум ни сигурна колку е препорачливо тоа.... можи некој да ми помогне?
Хемороиди се јавуваат најмногу по пораѓај,ама се јавуваат и од многу стоење.Покрај избегнување на солено,луто и зачинето,треба да се избегнува и црвено вино.
Јас си го пронајдов најефикасниот лек за хемороиди мое модолекс ректална маст за хемороиди околу 100 и нешто денари е 3 пати ќе ставам и како нова сум ...пу пу да не се урочам од последен пат кога ставав не ми се појавило пак...ама од страв престанав да јадам многу луто, најчесто и од тоа се појавува :/ пробајте со модолекс ќе се уверите дека делува
ќе може ли некој да ми каже нешто повеќе за внатрешните хемороиди? дали има болка? од што излгууваат внатреп. хемороиди?
ме збунивте сега малце..... мислам дека имам надворешен анален хемороид.имам нешто како мало црвенко топценце.ми се појави пред недела дена кога цел ден си преседов на шоља од стомачен вирус.НЕ ме боли,НЕ ме чеша,НЕ крварам. Треба да употребувам нешто?Ке се повлече само? Ви благодарам однапред
Имав и јас, и тоа 2 3 месеци го имав. Бев до кај матичниот, исто и мене не ме болеше, не не ме чешаше, и не крварев. Тој ми препорача само, многу повеќе движење, физичка активност, доволно е и пешачење, и после секое одење во вц, задолжително да се миеш, хигиената на макс ниво, и така тоа само ќе се повлече. Јас пешачев многу, и на диета бев тоа време, сакав да ослабнам знам, и во ден после секое одење во вц миење задолжително, и ми се повлече. Без мака, само прави го ова, и ќе немаш проблем.
Нене, ич не се секирај, обично хемороидите се појавуваат од не движење и не хигиена, само придржувај се до ова што ти пишав, и не би требало да имаш проблем. Кај тебе сигурно од вирусот е...
A jas pak neznam dali imama hemoroidi,koga odam vo wc mislam deka ke se rasplacam od bolka,potocno kako nekoe jako peckanje go osekam na 2 mesta na anusot krv imama zabelezano sooosem malku i ne sekogas i neznam dali se hemoroidi ili ne...a imama praktikuvano i analen seks,pa se nadevam ne eod toa ve molam za mislenje? [mod-kirilica:3sygt2jo][/mod-kirilica:3sygt2jo]
Zdravo jas imam problrm pred nekoj den bev vo wc vo golema nuzda i imav kako malo topce no neznam sto e i dali moze nekoj da mi kaze kako e pocetna faza na hemoroidite dali boli ili???? [mod-kirilica:1qjje68j][/mod-kirilica:1qjje68j]