Најпрво да се поправам не е подабче, туку подабиче. Мислам дека вака изгледа етикетата. Иначе нема некоја посебна амбалажа, во хартија ти го пакуваат ко рефус. Во конкретнава аптека доволно е да им кажеш за хемороиди, знаат што да ти дадат.
Од чај нема да ги снема хемороидите меѓутоа го подобруваат метаболизамот на исфрлање на остатокот со што доаѓа како еден вид на лаксатив а најдобар лаксатив е храна богата со влакна и течна храна. За хемороиди најдобар лек е да се открие причината до што довело ако е прекумерна тежина или седечка професија или постпородилна состојба на пример.
Јас знам дека и зачинетата храна е причина за појава на хемороиди. Исто така и консумирање тврда храна. Се препорачува миење со вода и благ сапун по одење во тоалет. Доколку има таков проблем, за да не се иритира местото од тоалетната хартија.
Најпрво, не се пронаоѓам во ниту една од категориите што ги наброја, друго, пробано е сѐ од советите. Од исхрана, до физичка активност, неколку доктори и секој можен медицински лек. Верувај, прв сум за апчиња да пијам. Ама после година дена никаков резултат баш во време кога го пијам чајов се повлекуваат? Еве скоро пет години се поминати. Делува ко платена реклама да правам, ама колку болни непроспиени ноќи сум имал поради хемороиди, мислам дека цел живот ќе сум благодарен на личноста што ми го препорача чајов. Луто, црн бибер, премногу сува храна, миризлива хартија... сѐ ова треба да се одбегнува. Исто така пожелно е миење со ладна-млака вода после секое одење во веце. Точно е дека треба да се сменат некои навики за да не се појават во иднина пак, ама во мојот случај тие промени не беа и целосен лек.
Имам да. Генерално на лекар не ти кажуваат ништо посебно. Само за да ти потврдат дека се хемороиди, а не некое посериозно заболување кое би предизвикало крварење во дигестивниот тракт. Ми имаат препишувано маст и апчиња. Последниот пат кога бев и кога кажав дека не функционираат лековите, ми рекоа пробај со масло од кантарион.
Јас ќе кажам да за ова имам правено дистална колоноскопија од околу 40 цм во левостаниот дел најчесто се јавуваат скоро сите промени и се јавува светло крварење. Како оди нагоре бојата на крв е потемна.
Не се чуди за маслото. Татко ми го има истиот проблем. Кога и да му се појават пак, он се мачка. Еден период и со креми се мачкаше. Он има внатрешни хемороиди. Мислам дека проблемот е што он јаде лута храна. Јас еден период имав проблем со надворешни хемороиди.
Ако јаде луто не верувам дека некако ќе го реши проблемот. Мене баш од премногу луто ми се појавија тогаш. Еве веќе со години не јадам ниту луто, ниту па јаки зачини користам.
Затоа јас избегнувам јаки зачини. И не користам парфимирана тоалетна хартија, ниту влажни марамици. Кога сум дома се мијам.
Не знам за чајот, не би да коментирам, ама мислам дека тоа не би помогнало кај внатрешни хемороиди... Надворешни - да. Тие чешаат. Внатрешните не чешаат, не болат. Само крварат.
Класификација на хемороиди е во четири степени и фактички 3 и 4 фаза се излезени надвор од внатре додека болката е секако присутна зашто се иритираат од тврда столица и се осеќа и печење и болка. За крајна фаза само операција е решение.
Cajot deluva po edna nedela pienje nema bolka cesanje i krv . Sega uste izrastocite da gi sredam nekako
А што ти толку против чајот? Еве јас кажав искуство, кажав дека и на други помогнал, еве и човеков најверојатно го пробал, кажува. Ама сите ние со искуство не знаеме, ти знаеш?
Можам во и од доменот на медицината да кажам дека од чаеви не се лечат а не од обичен муабет. Инаку имам правено колоноскопија и можам и тоа како да зборувам и воедно не гледам посочено медицинско искуство или поткрепа.