Здраво! Имам 23 год и еднаш-два пати ми се има појавено надворешен хемороид, но се има тргнато. Сега подолго време чувствувам некое здебелување одвнатре и пред некој ден имав констипација што ми направи мало крварење после голема нужда. Ме интересира какви чекори треба да преземам, за исхрана, пробиотици, можеби контрола на доктор и каде (да не е прескапо бидејќи сум студент)? Фала ви на одговорот.
Од мое искуство најдобро да направиш на приватно ректоскопија. Ова ти е постапка со камера се гледаат неколку сантими ќе се види дали има и степенот и нема болки од ова. Или целосна колоноскопија тоа може со и без анестезија но секако е поскапо и генерално препорачливо за луѓе над 50 години. Или ако сакаш да не плаќаш со упат на абдоминален хирург во државните ќе те прегледаат со прст односно ректално туше зашто тие не праќаат баш млади за горните постапки Натака ќе ги кажат што како генерално на интернет имаш совети околу диетата треба да истражиш ама на доктор најубаво е прво да си отидеш.
Иди систина кај Тони Јосифовски профи е за газови, јас сеа се спремам да му искеширам 100 и кусур за ХАЛ-РАР ако воопшто сакаат да ми ја прават, ако не ќе пукам склеротерапија или шо и да ти знам, дај шта даш сем лигација со гумички. Јави се прашај за цена, или ако сакаш јас да се јавам (знам,знам има многу луѓе шо нејќат да лафат со операторките). Секако треба и јас да идам лол.
Zdravo dali nekoj ja ima koristeno kremata PROCTO SYNALAR N i kako ste zadovolni pomaga li, Eve dva dena ja mackam ama nema mnogu razlika malce se povleceni? Dali ima nesto deugo sto bi mi pomognalo za hemoroidite
Не ама од искуство само во краен случај се оперираат проширените јазли. Кога се веќе четврти стадиум. Ласерот е нож под силна фрекфенција од овие операции можни се многу компликации. Ако се работи за втори или трети степен да се консултира доктор за подврзување без оперативен зафат
За тебе ли се работи или за постара личност? Немам искуство ама кај мене сите во семејството се, и препорачаа од корен менување на исхраната и движење, ако ова нема подобрување поврзување. Ама од искуствата и со подврзување пак се појавуваат. Пробај да смениш се со исхраната, на почеток тешко е ама ќе се навикнеш.
@Flier благодарам @anggell за мене се работи да бидам искрена никој не ме проверил за,да бидам сигурна дека се хемороиди, проблемот е што имам само јак сврбеж почнува оддеднаш и престанува, не крварам освен ако не ја иритирам кожата тој дел и тоа малку некоја трага крв при чешање ќе се појави, инаку ако пипнам околу анусот се чувствува како грутчиња и си викам ваљда тоа се хемороиди. Бев само кај матичната ме прати да правам копрокултура, во случај да излезе дека имам глисти и сл ама се излезе чисто. Па сега неделава реков да одам на лекар да ме видат таму , па оставам на докторот да каже што да правам. Види, јас колку толку внимавам пржено, газирани работи благо избегнувам ептен ете за празнициве што се опушти. Не знам што точно да избегавам од исхраната. Болки немам, ако не беше чешањето ќе немав проблем. Имам испробано три врсти креми, ништо не помагаат. Искрено мн сакам да избегнам операција ама сврбежов веќе со години не се издржува.
Не знам стварно, од прашаци и омекнувач ги користам тие стандарните Ленор, Тресори , евентуално да пробам нешто "поприродно" само за мене, ќе разгледам што има на интернет баш. Не знам стварно што може таква иритација да ми прави.
Пробај нешто како Фрош и некои бебешки, да видеш реакција после месец дена. Ова мене на иритација ми личи не на хемороиди. Навистина ова е еден од симптомите за хемороиди ама според ова што кажуваш мене не ми личи. И мене кога ми излегува последица од бременоста имам чешање ама после поминува во болка едвај си седнувам тие денови додека со креми не се среди.
Сврбежот може теоретски да е знак за хемороиди. Не знам дали прашуваш за операција во Грција или тука. Но знам дека на клиника кај нас не се нафаќаат да решаваат хемороиди оперативно. Ептен треба да е последната опција, баш заради компликации. Имаат некои не знам какви понови методи во други европски земји (за Грција немам инфо), ама искрено не знам да ти кажам статистички колку се успешни ниту дали имаат side effects/компликации. Оди на гастро да те видат и да ти кажат кој степен се, дали се стварно хемороиди. Ќе ти дадат најчесто совети за исхрана, избегнување седење често и активност ама тоа е и тоа
@anggell ти благодарам. Ќе пробам некој прашак ништо не губам. Мене после втората бременост ова ми се појави. @Selena01 За во Грција, читам имало некоја метода Laser Haemorrhoidoplasty , што е ефективна, безболна и трае околу 20 мин и истиот ден си одиш дома, дека минимални се постоперативните ризици од крварење, хематом и сл бидејќи нема засек, конци и сл .. е сега читам дека пак под некоја анестезија си дали општа, спинална , ама не секако не би се одлучила на нешто вакво додека не каже доктор дека мора, не би сакала дополнителни компликации. Ќе идам неделава да ми кажат што точно имам. Ќе пишам пак на темава.
Денес бев на гастроентеролог, немам хемороиди. Ме препрати на дерматолог. Ми рече дека имам кожен проблем. Бев на дерматолог, ми рече дека горниот слој на кожата се има целосно разрането, и ми препиша крема (во аптека отидов и ми ја подготвија) па рече една недела да мачкам па ако не помине пак да се јавам. Ми рече дека е дерматитис. Ми падна камен од срце што не се хемороиди и сл.
И јас имав таков кожен проблем едвај се излечив, имав мозолки од чешање ги разранив и со крв испив многу лекови, но на крај само со раствор од аптека и со мешавина на масти ми се реши проблемот. Многу напорен просец е и многу иритира чешањето, но ќе помине. Само важно е да ти ја погодат терапијата.
Уфф дај Боже , навистина толку години трпев денес втор пат ставив има подобрување. Не знам која е причината само. Ми рече лута храна да избегавам, алкохол исто.