Многу позитивно искуство имам. Не за мене, мој близок. Моја препорака е Тони Јосифовски во Систина, подобар нема. Мислам додуша дека е единствен специјалист проктолог во државава.
Што значи позитивно искуство? Брзо опоравување, помали болки,која метода е користена, не се вратиле хемороиди пак?
Класичен метод, рутинска процедура, брзо заздравување со следење на советите, болки првите неколку дена при голема нужда. Досега не се вратија хемороидите фала Богу, пред 10 месеци е правен зафатот.
Не беше подврзување, туку операција. Милиген Морган метода на хемороидектомија, буквално сечење на хемороидите, траеше се на се, со се припрема на пациентот 45-50 минути некаде. Првата столица постоперативно е најболна, другите се помалку болни.
Вкупни трошоци (операција, лежење во болница, анализи и се' останато) беа околу 2000 евра. Отидовме на приватно оти на државно баш и нема искусни проктолози, за жал.
А колку време е потребно додека да почнеш да стануваш, да седиш, да функционираш нормално од операцијата?
Веднаш се функционира нормално, во болница се седи 24 часа, после дома, со внимавање на храна и лекови против болка ако има потреба. Не прашавме, директно отидовме во Систина.
Помага, но не како Грамил микс од Алкалоид што за жал веќе никаде го нема. Инаку чај од подабиче во секоја билна аптека го има. Пишав и во друга тема, ама да не знаете друга алтернатива за Грамил?
Ве молам споделете некој лек за надворешни хемороиди. Користам factu поминуваат па за некој ден пак се појавуваат...
Прво мораш исхраната да ја смениш, многу овошје и зеленчук, претежно на готвена храна 90%. Пржена храна никако, многу цедени сокови, благо исфрли и вежбање /пешачење. Што и да ставаш ако исхраната не ја регулираш џабе е. И секако стресот. Кај мене за прв пат од стрес се појавија, болки до бесвест. Инаку редовно си користи кантариново масло, по секое туширање со млака вода без разлика дали се повлечени или не мачкај редовно како ,, рутинска нега, " да ти биде. Од ова најмногу корист има.
Антролин маст од зегин или флого маст во дебел слој било која И мене Факту не ми помогна воопшто ! Плус многу вода , мека храна , манџи , редовно 2-3 под туш со млака вода неколку миниту. Приметив кај мене леб со семиња, чиа итн ми прават тврда столица . Сама тестирај што ти одговара
Не дека чиата не ти одговара, туку таа набубрува и ако не испиеш 2 л. Вода после јадење чија во текот на денот контраефект има
Оваа маст до сега најмногу и најбрзо ми помогнала. Во аптека ми рекоа дека е замена за procto synalar