Ај ве молам некој за мислење.........Полипи на дебелото црево и хемороиди е една иста работа??Зошто некако имаат исти симптоми.......Пишете плс
Не е исто. Хемороидите се проширувања или попуштање на крвните садови во ректалниот дел. Полипите се ткивни израстоци (или нешто како безопасни тумори), кои се наоѓаат на внатрешноста на дебелото црево, но може да се јават и подоле околу ректумот. Заедничко им е тоа што и во двата случаи се јавува крв во столицата. Но, хемороидите иако се непријатни не го загрозуваат здравјето. Додека оној кој имал полипи мора редовно да оди на контроли, поради ризикот од малигно заболување.
ми се појави едно хемороидче или што и да е ама гледам дека сите велат дека се црвени а кај мене е бело. Хелп!!!
Операција на хемороиди Здраво, ме интересира колку од вас се оперирале од хемороиди или имате роднини или пријатели кои се оперирале и дали знаете колку била успешна операцијата после? Со други зборови дали стварно после операција не се појавуваат повеќе. Имам еден роднина кој ги оперираше и ми тврди дека од тогаш нема хемороиди. Мојата ситуација е ваква бев пред неколку дена бев на контрола на гастро и докторот ми рече дека ми поминале, но ако вежбам (што го правев и тоа допринесе за моите хемороиди) ќе продолжам да ги добивам освен ако не ги оперирам. Наводно биле воздушни перничиња, а не проширени вени. Ваши мислења, фала однапред.
Операција на хемороиди Pred edna nedela pravev kolonoskopija i mi rekoja deka imam hemoroidi i doktorkata mi dade da pijam apcinja PHLEBODIA, pa sakam da znam dali nekoj od vas so go imal ovaj problem gi piel ovie apcinja i kolku mu pomognale? fala
Флебодија е најдобар лек за хемороиди најмногу помагаат. Мене ми се повлекоа хемороидите од овие апчиња. Кога идеш по голема нужда седи во позиција како да правиш чучњеви, кога приметуваш дека ќе потрае стани стои 2-3 секунди па пак седни(прави го ова повеќе пати), не користи тоалетна хартија, ни влажни марамици туку миј се со ладна вода и сапун после дефекација, труди се да читаш во лежечка позиција за да не ги оптеретуваш хемороидите и не кревај ништо тешко и не вежбај ништо интензивно. Само пешачење или пливање додека не ти се повлечат.
Ласерско горење на хемороиди Ве молам сите што имате искуство со хемороиди да ми одговорите...дали е болно, дали засекогаш исчезнуваат....ве молам итно е....
ласерско горење на хемороиди мајка ми беше во Софија,БГ таму и ги гореа ласерски . скапо е ама засекогаш исчезнуваат.. а инаку додека се гори не боли со анестезија е ... со среќа..
ласерско горење на хемороиди А по горењето и се направија ли изгореници и имаше ли болки? И колку време требаше за да се опорави?
Ласерско горење на хемороиди Немаше изгореници (бидејќи е ласерски) и немаше никакви болки. 1.Одиме во болница 2. се задржуваме саат ипол и се враќаме.Толку.Не и требаше време (ништо не се осеќа по излегување од болница ) Позз
Ласерско горење на хемороиди Мене обично ми се појавуваат на крајот од бременоста и кога јадам junk food. Решение - промена на режим на исхрана . Повеќе течности, пред јадење обавезно една чаша вода, повеќе супа, маслиново и ленено масло, суви сливи, компот од сливи, може и урми, внесувај повеќе зеленчук, избегнувај тврда храна, мене пр. скара ми прави проблем исто и пица. Ти треба да си одредиш после кое јадење го имаш проблемот и дали крвариш (многу полесно се развива инфекција и уште повеќе се воспалува) и да одржуваш хигиена во тој дел. Задолжително миење после тоалет или влажно марамче доколку немаш услов. Исто моментално смирува да се намачкаш со vicks на местото, а и со сок од исцеден лимон.
операција на хемороиди Дали некој има искуство од операција на хемороиди...поточно метод Милген морган во Систина.....ако имате било какво искуство или информација, ве молам споделете го...итно е
Од нигде никаде ми се појави хемороид. Фала богу, досега немам ниеден од непријатните симптоми. Немам болки, не крварам, и не ми е ништо освен што си стои како мал израсток на анусот, а за првпат ми се појави пред две недели. Прашањето ми е дали ако ептен одржувам хигиена, може да си се повлече, или допрва ме чекаат сите симптоми додека да испука Мора ли да прокрвари за да го снема?
Јас имав исто се како тебе, и нема потреба од паника уште одма ќе ти кажам. Ништо нема да направи тој, ни да крвари ни ништо, само мораш премногу хигиена, после секое одење во вц, најмалку 10 пати дневно треба да се миеш со врела вода, сапун, и пробај многу да не седеш, т.е да се движеш, пешачиш, и за неполн месец сам ќе се повлече. Јас матичен си прашав, и он ми кажа ова, и вистина, го имав некаде два месеци, почнав ова да го применувам из а неполн месец аш, го снема.
Се надевам дека и мене ќе ми го снема. Инаку имам една прашање. Секаде, буквално секаде кај што читав за хемороиди, секаде пишуваше да се мие со ладна вода и јас така практикувам. Сега читам си пишала со врела, грешно напиша или стварно така ти кажал лекарот? Поздрав и фала што ми одговори.
Јас од мое искуство да си кажам. Хемороиди имам многу години, уште од 16 мислам, тогаш ми се активираше и Хеликобактер, поради нередовна исхрана (овој проблем го имам цел живот), апетитот ми е крш, пак сега е подобро. И да се вратам на хемороидите , ги мачкам со Факту маст околу 250-300 денари е. Ми поминаа. После некое време пак. Пак Факту, пак ги снема. Е сега фала Богу неможам да живеам со Факту, кога веќе немам проблеми, не крварам, и плус една е само! Надворешна. А тоа е полесно за третирање и не е толку страшно. Една другарка има внатрешни и ептен мака си имаше, една чаша пиво и одма крвареше. Многу фактори се битни за да се појават хемороиди, ама пак и многу фактори се битни за да не ти се појават пак отакко еднаш се изгубиле. Неможиш да пазиш цело време на храна, на пијалок, на нервози. Сето ова влијае во голема мера. Така да јас лично се навикнав да живеам со едната моја хемороида која се појавува кога сака, ја снемува кога сака!
Јас се миев со врела вода, пошто ладна ич не поднесувам, и успеа кај мене, значи млака накај ладна, ти ако сакаш слободни миј си се со скрос ладна, за памтење тоа баш и не памтам дали ми напомена матичниот, но ништо штетно, ако издржиш одлично. За среќа кај мене, не е како кај Лепа, не стигнав до масти, пошо само со многу одржување на хигиена и не лежење ми помина. Пробај и вака, ако не помине за некое време, оди до кај матичниот, може некоја маст ќе ти препише.
Купи си крема Modolex за хемороиди и за една недела ќе го снема, јас имав како тебе и од кремата за една недела ми помина.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Подолго време (околу 2 години) го немав овој проблем и еве сега пак ми се јави...Сабајле одев по голема нужда и онака малку ме заболе кај анусот и имаше малку крв...Сега бев пак, не ме болеше овојпат, но имаше крв и во шољата и на хартијата...Свежа крв беше...Порано страдав од хемороиди...Можно ли е да е тоа сега? Во последните денови малку претерав со луто...Можно ли е да се воспалуваат од тоа? Ве молам за одговор...Испаничив многу иако ми се има случувано и порано...Веднаш мислам на најлошото
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Сигурно се хемороиди и мене ми се случува истото. Имам чувство дека кога одам по нужда дека трња ми излегуваат, толку е непријатно. А ги добив за време на бременоста и сега уште си ги имам, не ми се воспалени нон стоп така одвреме навреме. викаат дека лек нема, мајка ми цел живот ги има, може само да се ублажи со креми за таа намена. И да нема луто со хемороиди, а јас баш сакам