Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Фала ти најмногуу Ќе се обидам да го избегнувам лутото, но како да одолееш на лут ајвар
Многу е болно 4 дена мака качам , имам еден надворешен хемороид и ептен ме боли , што да прам кажете некој лек , и татко ми има внатрешни .. што да се прави ?
Во Велес има добар доктор за хемороиди, само не сум сигурна за името, доктор Јорданов Благој (???) најверојатно. Од она што ми искочи на нетов ординацијата може да се вика Хипократ-мб, нешто така, не можам да проверам дали е баш точно таа ординацијата, пошто сајтот не им е достапен. Кој е од Велес може да помогне, ако знае да каже точно како се вика докторов и ординацијата, во една бела зграда, во стан на приземје се наоѓа. Не знам дали уште работи докторов, ама ако не е отиден во пензија, го препорачувам.
Епа и мене ми се појави надворешен....ај некој од искуство нека ми каже лек,маст, или тие вагиналети-кантарион, каде да ги најдам?
Ми кажаа едни апчиња против хемороиди со 100% ефикасност........јас немам проблем со тоа ама ги земав за мајка ми,таа кутричката цел живот се расправа со хемороидите Ефболија така се викаат апчињата.......па пробајте нема што да се изгуби
Јас имам проблеми со хемороиди прво излегуваа надвор а денес не, но сепак неможам да одам по голема нужда. Целиот анален отвор е затворен и чусвтвувам болка при одење по голема нужда а изметот е танок. Не знам со да правам?Дали некој имал ваков проблем нека ми кажи совет?
Jas maka imam so hemoroidi ili neznam kako da gi narecam veke edna godina...... Me boli samo koga idam po golema nuzda i ponekogas krvaram mnogu oseca deka imam kako edna bubulica vnatre i me grebe probav so kantarion vaginaleti, so FAKTU mast nisto ne mi pomaga... ako znaete nekoj lek kazetemi bev na doktor mi rece samo na ishrana da vnimavam veke edna godina sum samo na supa i salati... koga idam po nuzda mi se place mnogu e loso
Те разбирам бидејќи и јас го имав тој проблем, дури и правев колоноскопија.Докторката ми рече да пијам парафонско масло по една лажица на сабајле и по една навечер, не е штетно и ја омекнува столицата, после секое одење по голема нужда мијај се со колку можиш поладна вода
Здраво девојки Јас имам проблем, само не сум сигурна дали станува збор за внатрешни хемороиди или нешто друго... Моите маки започнаа пред скоро 2 месеца и тоа верувам од премногу сува храна и недоволно внесување на течности. Столицата ми е секогаш многу тврда и чуствувам големи болки при вршење нужда а сето тоа е пропратено со светла крв... значи чуствувам дека негде при крајот на отворот ме сече и од таму доаѓа болката и крвта, после нуждата ме пече местото уште неколку саати. Надворешно не гледам ништо. Пробав со вагиналитети од кантарион но подобрување не видов. Некој друг совет???
Прво и основно пиење на повеке вода особено наутро на гладно срце и тоа да е млака Ако можеш и по две чаши Науто после тоа направи со јогурт 2 лажици мелен лен со сусам и изеди го Хигиената е многу важна Што значи по секоја голема нужда мораш да се миеш а ако не си во можнос користи надвор влажни марамици По секое миење премачкувај се ХЕМОРАЛ паста Јас го имав тој проблем и сега сум супер а што не пробав Најважно е секое утро во подолг временски период да го пиеш и јадеш ова што ти го препорачав и никогаш не дозволувај да добиеш запек Поздрав
Здраво девојки. Многу сум исплашена бидејќи имам веќе една година здравствени проблеми. Учам и живеам во Софија, и бидејќи студентскиот живот води до здравствени проблеми пред една година добив заболување на желудникот со неподносливи болки. Ми открија гастритис. Ми препишаа апчиња и за еден месец поминаа болките. И кога помислив дека нема да имам повеќе болки после некој месец кога започнав и работа и од многу стрес болките одново се појавија. Болките ги смирував со апчињата што ми ги препишаа првиот пат Ланзул, но болките овој пат не поминуваа, а беа привремени - ги има, ги нема. И кога болките прекинуваа си мислев дека ова е крајот, но не беше така. Октомври месец минатата година болките се појавија на десната страна на желудникот и тогаш болките беа неиздржливи, плачев како мало дете... Бев на гастроентеролог и ми кажа дека жолчката е добра и дека нема камења, бидејќи мислев дека болките идат од таму. Всушност кога ме допре долу на десната страна на стомакот ме заболе и ми кажа дека најверојатно е слепо црево. Ме прегледа хирургот и ме оставија истиот ден на операција. Операцијата беше успешна, но... После операцијата болките се појавија одново на истото место - десно од желудникот. Повторно истите измачителни болки. :Значи јас отидов за тие болки, а докторите ми открија слепо црево... Силно се надевав дека тие болки се од слепото црево и после операцијата да ми поминат, но не беше така. Разговарав со хирургот и тој кажа дека е возможно да е одново гастритисот или да е почетна фаза на чир на дванаестпалачното црево. Ми препиша едни апчиња за кои ми кажа дека треба да ги пијам минимум два месеца и да избегнувам секакво пржено, луто, газирано и алкохол. Болките се смирија, но на почетокот ги имаше сеуште. Бев пак на гастроентеролог, на гастроскопија (по втори пат ме прегледуваа со камера што ми ја ставаа во устата па се до желудникот без анестезија). Тоа беше најодвратното нешто во мојот живот, но барем беше за кратко. И гастроентерологот одново ми го откри гастритисот. Ми кажа да продолжам да ги пијам истите апчиња, бидејќи од нив ми беше подобро. Кога ги прекинав апчињата, тоа беше пред Нова година каде со дечкото бевме на екскурзија за Нова година во Виена, болките пак се појавија и одново беа неиздржливи. Замислете на сред Виена ми било толку тешко, плачев од болки на центарот од Виена... Бев тогаш во Македонија, а бидејќи моите апчиња кои ги пиев и од кои ми беше подобро ги земав од Бугарија, истите ги немаше во Македонија. За тие неколку дена ми дадоа некои од коишто не се чувствував подобро. Но можно е болките да ми се појавиле заради тоа што желудникот ми се навикнал на нив подолго време и кога ги сопрев тоа да било некаква реакција, бидејќи после една недела изчезнаа болките. Но кога се вратив во Бугарија почнаа други проблеми... До минатата недела оваа зима се разболував по три пати од грип со високи температури, кашлици и болки... И повторно по болници кои чесно ги замразив... Ми помина грипот пред неколку дена, но причината да пишам точно во оваа тема на форумот е друга. Пред некој месец на моменти кога одев по голема нужда забележував на хартијата по малку капки крв. Но не им обрнував внимание бидејќи беа по неколку капки, а и брзо поминуваше тоа. Сабајлево бев и се исплашив кога видов колку многу крв има во шолјата. А имав и на тоалетната хартија. Пред неколку саата пак бев и одново шолјата беше полна со крв. И досега читав најразлични мислења дека тоа се симптоми на хемероиди, но со моите претходни проблеми со желудникот и дебелото црево, се плашам да не е нешто посериозно. Иначе немам никакви надворешни брумчиња, немам чешање и немам болки, но ме плаше таа крв што се појави два пати денес. И тоа во навистина огромно количество. Што ќе ме советувате, навистина се плашам да не е нешто сериозно... И мислите ли дека ова е нешто сврзано со претходните заболувања што ги имав. Однапред ви благодарам за одговорот.
здраво sunshine1988 ... го прочитав твојот проблем и мислам дека немаш хемороиди туку некој проблем со зелудникот и цревата и несакам да те уплашам но утре одма од сабајле да одиш на лекар мозеби си имала чир задскриен некаде дај сто не се гледа убаво и пукнал ... но да не нагаѓаме најдобро одма на лекар и да пишиш што биднало ок... поззз
Знаеш што би те советувала.Со оглед на проблемите што претходно ги наброја,најубаво е на лекар да одиш. Крвта во столицата не е добар знак,обично во мали количини се јавува од хемороиди,не чекај ,уште утре да одиш на лекар.Може колоноскопија да направат(се прави и со целосна анестезија),и со тоа би се видело што е причината за крварењето и болките. Не е исклучена поврзаност со претходните болки. Пиши што ќе направиш. Поздрав и со лесно.
Ви благодарам девојки за одговорот и советите. Во најскоро време ќе одам на лекар, ќе видеме што ќе кажат, се надевам дека не е ништо сериозно...
Здраво девојки. Најпрво сакам да ви заблагодарам за советите што ми ги дадовте - прекрасни сте. И затоа навистина би сакала да ви споделам и кажам што се случи овие два дена. Бев најпрво на хирург, тој ми кажа дека имам некое надворешно мало хемероидче и дека сака да ми препише некои лекарства. Другата варијанта е ми вика да си направиш колоноскопија и да се открие што е точно проблемот. Јас се согласив да се направи испитувањето за колоноскопија. И бидејќи гастроентерологот ми кажа дека е многу болна таа колоноскопија без анестезија, решив да ја направам со анестезија. Вчерашниот ден го поминав со еден мал појадок, потоа испив едно лекарство за прочистување на дебелото црево и целиот ден бев само на вода. Денес ми ги направија неопходните испитувања, ми ставија анестезија и после анестезијата ми кажаа дека имам само мало воспалување на дебелото црево и дека тоа не е ништо сериозно, а за хемероиди па воопшто не ми спомнаа нешто, а и јас заборавив да прашам. Па се надевам дека и тоа воспалување ќе помине и нема да имам повеќе проблеми. Ви благодарам уште еднаш. Поздрав.
Може ако се во прва фаза да нема симптоми. Моментално имам јас внатрешни хемороиди и поради тоа изметот е танок. Но ако е во некоја од понапредните фази може да почуствуваш болка при одење по голема нужда, па дури и крварење (светла крв), чешање и.т.н. КОга одиш по голема нужда може да се забележат и да се напипаат со прст ако се во трета фаза.
земавв од оваа маста факту за колку време да очекувам дека може да се повлечи едниот надворешен хемороид што го имам ?