Zdravo... Jas imam hemoroidi od 2 stepen imam koristeno mnogu kremi i sto li uste ne!Ama imaa mnogu slabi efekti Pred nekoj den naracav Hemorin krema i cepcinja od Srbija mi rekoa deka se mnogu efikasni pa bi sakala da prasam dali ima nekoj iskustvo so niv pred da pocnam da gi upotrebuvam?
Јас ќе споделам мое искуство се надевам дека ќе ви помогне и вас, и мене ми се појавија хемороиди пред три месеца, но не обрнував толку внимание си мислев дека ќе помине. Ми се воспалија, користев факту крема и масло од кантарјон но само привремено ја ублажуваа болката а не се повлекуваа напротив се повеќе се зголемуваа. За повлекување на хемороидите многу е важен тој хигиено-диетски режим, внесување на течна храна супи, манџи, храна богата со растителни влакна житарици, јаболка, сливи за столицата да биде по мека, многу е важна и хигиената после секое одење во веце обавезно да се миење со ладна или топла вода без разлика, хигиената да е на највисоко ниво. Го применував тој хигиено диетски режим истовремено земав и од тие капките вендоксин но никако не се повлекоа, кога најдов време отидов на доктор и кажав на матичната таа само ми рече со здравје да си ги носам и ми препиша антибиотик за да се намали воспалението. Пред три недели ми препорачаа чај за хемороиди од херба стојанови 150 денари е го пиев како што пишува на самото пакување два недели веќе и можам да кажам дека се чувстувам многу подобро од денеска почнав ново паќетче се надевам дека со ова скрос ќе ги снема. Денеска мајка ми ми донесе една маст на природна база била многу ефикасна јас сеуште не сум ја пробала хеморол на фитофарм. Совет од мене пробај со чајот предобар е јас само од тоа најдов спас.
мене за 1 недела скроз ми се повлече 1надворешен хемороид со маст факут мислам беше сега сум повеке на овошје и супи имам нормална столица и немам никаков проблем само се надевам дека и во иднина ке биде така
Дали ако еднаш се појави хемороид-се стори,создравје да се носи...дали тоа значи дека цел живот ќе се пoјавува на одредени периоди,нели кога реагира на некоја храна или што ти знам јас... читајќи ве,сватив дека имам хемороид, барав да видам што ми е и ете најдов,ах леле мајко
Jas gi dobiv ovie cepcinja i krema Hemorin od Srbija veke cela nedela gi koristam i za sega davaat odlicni rezultati mi prestana krvarenjeto i cesanjeto super se custuvam ovie denovi valjda konecno ke bide se vo red.
Да, јас имам венец од внатрешни хемороиди и имам тенок измет. Си велам да појдам кај матичната да ја прашам како да се полечат. Ако некој знај нека помогни
Јас користам маст Модолекс, со него си има апликатор за лекување на внатрешни хемороиди и сум задоволна од маста. И секако начинот на исхрана да се смени, јас последната недела поради обврски бев на брза храна, го прескокнував доручекот и ете ми се воспалија.
Мајка ми го беше купила од Зегин и мислам дека околу 200 денари ми кажа дека бил. Мене ми помага, но се зависи од организам. Вреди да се проба. А имаш правено колоноскопија?
Да пред 2 години, ама тогаш имав и еден надворешен, пиев апчиња флеболија. Болките престанаа и не крварат,ама приблем имам со затвор од внатрешните хенороиди, неможам да одам редовно по нужда и имам тенок измет, па се надевам дека со чепниња или со некоја маст ќе се намалат
А болна беше колоноскопијата? Бидејќи во мојот град не прават вакво испитување ќе мора во Штип да одам, само нз дали таму со анестезија ја прават или без. Ме фаќа паника, постојано си мислам дека ми е нешто на дебелото црево
Јас правев во приватна ординација во Прилеп и таму е без анестезија и не е болна. Нормално имам малку болки ама не се страшно се издржува. Цревоти не е дебело и има камера, така да детално се гледа дали има некои аномалии на дебелото црево. Во болница незнам дали има ваква опрема или сеуште се прави со дебели црева
Да и погоре имам одговорено. Тоа е резултат на внатрешните хемороиди. Јас бидејчи имам венец од внатрешни хемороиди имам многу тенок измет. Повеќе храна со растителни влакна и многу вода ќе се повлечат.
Во болницата во Штип веќе со години е расипан апаратот за колоноскопија и сите ги праќаат кај приватен доктор кој врши колоноскопија и гастроскопија, истотака во Штип, или по желба може и во Скопје во болница, само што таму многу долго може да се чека. Постапката е без анестезија, и чини околу 3000 денари, а ако има потреба за биопсија се доплаќа уште 1500 денари и 500 за транспорт до Скопје.
Јас приватно платив 3600 денари, пред колоноскопија бев на ехо на абдомен 500 денари и предходно требаше да направам анализа на крвта 400 денари
ти благодарам многу се исплашив дека имам рак на дебелото црево а уште сум многу млада за таква болест