1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемотерапија или алтернативна медицина?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од copacabana, 29 септември 2015.

  1. Klingonec

    Klingonec Нов член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво до сите, нов сум во темава.

    Ги прочитав сите постови, па ми се допадна тоа што има многу поделени ставови. Добро е да се слушне сечие мислење.
    На 21.09.15 ми беше дијагностициран тумор, на десен тестис, по консултација со два доктори беше одлучено да го извадат тестисот, бидејќи за овој вид на тумор не постои биопсија ... туку нејсе, тоа и не е толку страшно (после разговор со многу доктори) дали со еден или два за нормален живот, немало разлика. Но, проблемот е хемотерапијата!
    После операцијата, (беше извршена 10 дена после дијагностицирањето) докторот ми кажа дека се работи за мешан тип на тумор, (дел семином, дел несемином ...) меѓутоа, туморот бил само локално (Фала му на Бога). Семената врпка преку која метастазира, била целосно здрава. Покрај се, докторот ми препорача да има 2 превентивни хемотерапии. Исто така станува збор за навистина добар и угледен уролог.
    Е сега, ме интересира, дали овие 2 хемотерапии се подеднакво штетни. Значи единствено нешто за што се грижам е тоа што при хемотерапија постои можност за оштетување на плодноста, а имам 28 години и тоа навистина би ми влијаело лошо пред се психички.

    Ве молам и ви благодарам на вашите одговори

    P.S.
    Секој што го чита ова, од 15 - 35 години, недајБоже ако напипате нешто ситно и тврдо на тестисот (лев или десен) другиот ден на уролог под итно. Не боли прегледот, само може многу маки да избегнете.
     
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    @Klingonec, прво, добредојде на форумов. Жал ми е за твојов проблем, но од друга страна, мило ми е што навремено е откриен и успешно отстранет.

    Што се однесува до хемотерапијата и неплодноста, пред се зависи од дозата – колку е поголема, толку е и поголем ризикот за неплодност. Неплодноста може да биде привремена или трајна. Колку што сум информиран, кај повеќето мажи хемотерапијата не преставувала проблем за плодноста – при примањето на истата само настанува привремено намалување на бројот на сперматозоиди, а неколку месеци по прекинувањето на терапијата, бројката се враќа во нормала. Бидејќи во твојов случај се работи за успешно отстранет канцер по оперативен пат и превентивна доза на хемотерапија претпоставувам дека не би требало да имаш никаков долгорочен проблем со плодноста.

    Сепак, најдобро ти е за оваа работа да се консултираш со медицинско лице – можеш да побараш и второ и трето мислење – да ти ги објаснат предностите, но и ризиците од хемотерапијата за твојот конкретен случај. Кај нас не знам како е, но во светот кога се работи за помлади мажи обично се следи бројот на сперматозоиди со тестирање, континуирано, во текот на третманот. Информирај се добро пред да донесеш одлука, пред се, кај стручни лица - само така ќе можеш да бидеш сигурен дека си одлучил правилно.

    Те поздравувам!
     
  3. Klingonec

    Klingonec Нов член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    @Bender Rodriguez,

    Ти благодарам брат на одговорот. Се разбира дека ќе се распрашам насекаде и со секој што ќе ми го кажат дека може да помогне. Но, сепак сакам да слушнам/прочитам повеќе мислења. Му благодарам на секој за што во иднина ќе потроши малку време да ме посоветува.

    Голем поздрав и се најдобро!
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Моето работно место налага да работам со луѓе кои се заболени од канцер или биле заболени од канцер.
    Има луѓе кои доаѓаат еднаш годишно на контрола, а се оперирани (а некои поминале и хемотерапии) пред повеќе од 20 години.
    Затоа мислам дека е многу бесчувствително да е бара избор меѓу “алтернативна медицина“ и онаа терапија која соодветниот доктор ќе ја препише.

    За успешно лекување на оваа болест, се најважни две работи:
    1. Каков вид на канцер е во прашање
    2. Во кој стадиум е истиот

    Ако станува збор за ту на мозок, бели дробови, панкреас, црн дроб и сл. шансите се скоро никакви за излекување, туку се оди на варијанта продолжување на животот.
    Ако е во прашање простата, бубрег, дојка, шансите се многу поголеми, но ако нема метастази и ако не е пробиено ткивото, односно да е сочувана капсулата на ту.

    Ако вие храната ја гледате како алтернативна медицина, тогаш докторите секако и неа ја препорачуваат и тоа детално.

    Има до сега откриено преку 100 видови на канцери, и нема универзален лек, посебно храната не е лек.
    Со храната се ојачува имунитетот, кој пак е прекупотребен во борбата - без оглед дали ќе биде операција, хемотерапија итн. Во некои случаеви дури не се ни оди на Онкологија, со операција се решава проблемот и пациентот доаѓа на редовни контроли (3 месеци, 6 месеци, 9 месеци, година).
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fani80

    Fani80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
  6. elisa___

    elisa___ Нов член

    Се зачлени на:
    23 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Copacabana kako mozam da stapam vo kontakt so tebe?
     
  7. elisa___

    elisa___ Нов член

    Се зачлени на:
    23 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    kako da stapime vo kontakt?
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Како воопшто се осмелувате да напишете дека за нешто нема лек?
    Не сте ни свесни колкава одговорност носите спрема оние што се болни а ве читаат овде.Ко од пушка вадите безвезе информации.

    Кажите му го тоа утре на ваш родител ако заболи со истиот тон како овде:Еј чале жал ми е шо имаш тумор на мозокот ама лек за тебе нема ;)
     
    На Dreamsdocometrue, Mama25, Esmeralda-MD и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Чекам некој да напише лек за рак на панкреас. Ќе ми заврши озбилна работа.
     
  10. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Масло од Канабис,чист,не од аптека.
    Другото е џабе се.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Жити ја. Кој се излечил така?
     
  12. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    Жими тебе многу,имаш куп сведоштва по нет.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Жими мене, ама на тоа не верувам. По нет имаш сведоштва за се и сешто.
     
  14. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки

    Се надевам разбираш англиски.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Да, разбирам. Се надевам дека ти разбираш дека ќе најдам ликови кои тврдат дека со молитва се излечиле од рак.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Ако не веруваш што прашуваш.
    100 пати напиша тука дека си работела во болница.Идите на хемо.Нели тоа беше единствен лек според тебе
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Каде сум рекла такво нешто?
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Гледам каде се си лајкнала на темата од таму и заклучокот.Секаде каде што се пишува за алтернатива те нема онаму каде се оправдува хемото како единствен медицински лек те има.
    Бесчувствително било да се бара избор помегу алтернатива или хемо.
    Знаеш што е бесчувствително според мене?
    Да го гледаш најблискиот како умира а да не пробаш со ништо.За канабисот не ти се верува дека помага бидејки информациите ти се од нет.Ама затоа сите статистики за вакцините кои ми ги вадеше исто ти беа од нет и тие беа во ред.

    Јас зедов и канабис и варовс вода,и б17,и кајани витамини,и е целосно на здрав режим.И ке земам и се останато за кое ке слушнам ако тоа значи уште еден ден поминат со неа.

    За канабисот прашав и фармацевти и лекар -го одобриа.За хемото ми рекоа не бидејки е толку слаба и со слаб имунитет и нема да го издржи ни првиот циклус
     
    На Mama25, ph.orhideja, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Немам проблем со информација од нет, ако е проверена. Ама ако јас напишам дека сум се излечила од рак на панкреас со молење пред монитор и шернување слики од Семе Синапово, ќе ми поверуваш? Поштеди ме, знам дека нема.
    Исто како и за вакцините, и тука исто - направете бре една студија, докажете, најдете некој да докаже, па споделете. Некоја чудесна икона во гостиварско, што на некоја извесна Петра и дала дете, не е никаков доказ за чудотворност, заблуда е.

    Веќе ми е јасно дека тебе ти е океј нечие мислење ако ти оди во прилог, па, поштеди ме од дискусија, зошто не дискутираш објективно, туку се ставаш себеси во улога на жртва и во тој правец ги вртиш муабетите. А мене тапшање по рамо не ми е јака страна.

    Инаку, не ми ставај во уста туѓи зборови, зад моите си стојам.
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    А ти се утепа од докажување и правење студии.
    Јас од искуство ти зборував и на другава тема а и сега.Ти си лаикот во случајов кој нема искуство ни со едното ни со другото.