1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемотерапија или алтернативна медицина?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од copacabana, 29 септември 2015.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Проговоре стручњакот.
    Толку многу читаш што пишувам, просто се чудам како пропушти дека и со двете работи имам искуство...
     
  2. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    @joy1 искрено мислам дека не треба залудно да ја трошиш твојата енергија на темава и објаснување дали алтернативна медицина или хемотерапија е подобра. Нормално е да има различни размислувања како и со се друго во животот. Концентрирај се на проблемот и не троши непотребно сила и енергија на неважни работи.
    Доколку сметаш дека алтернативната медицина е подобра, насочи се кон тоа. Моќта на мозокот е огромна. Мора и болното лице да се убеди само себе, дека умот е многу моќен и дека чуда се возможни.
    Кога станува збор за вакви тешки ситуации, иако не сум религиозна или пак суеверна, поддржувам од икони до бајачки доколку тоа прави да се осеќаме бар на момент подобро.

    Јас лично сум за алтернативна медицина (и би пробала и масло од канабис).
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Со кои две работи?
    Под а) имаш болен од рак и хемото го излечи?
    Под б) имаш последица од вакцина?

    Тебе не ти се битни воопшто искуства од живи луге а токму они се битни.Тебе ти се важни статистики од интернет

    Праша за лек за рак на панкреас и на одговорот ,одговори со потсмев.Се гледа колку си убедена да му помогнеш на дотичниот кој е болен .

    Вие сите што се само за хемотерапија а вака јавно и се подсмевате на алтернативата дај кажете што правите во ситуација кога самиот лекар ке ви каже дека хемото ке го дотолчки организамот а канцерот не е операбилен?

    Го оставате човекот да умре без да пробате било што?

    @ell правам јас се што е во моја моќ.Собирам искуства .Медицинските анализи какп кт,биопсии и сл одат бавно.А во мегувреме пробувам се останато.Јас немам душа да не превземам ништо друго освен хемотерапија.Мајка ми е со хемоглобин испод 60 и во таква состојба ни лекар не се осмелува да ја стави под агресивна терапија бидејки знае како ке заврши.Да беше хемото витамин супер ке беше.

    И не чукајте со главата од инат во ѕид.Не се субјективни мислењата.Од нечие лично искуство се учи 100 пати подобро отколку од интернет.
     
    На Antolinaa и afrodita26 им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Темата е хемотерапија ИЛИ алтернативна медицина.
    Нема ама ако ова, ама ако она.. Баш е конкретна, и конкретно одговорив.
    Меѓу овие две - хемотерапија.
    Ама ако не може хемо, ама ако не може операција, ама ако дигнат сите раце - тогаш ќе мислам што да се прави.

    Ама ако одговарам на конкретното прашање, одговорот ми е хемо, а газии и канабис можда ако ништо друго не успее.

    И не учам од нет, али океј.
    Работам со луѓе кои биле или се болни од рак. Баш внимателно ме читаш, вау.
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.484
    Епа Камелија, значи убаво прочитај што пишала Џој , а што пишуваш ти и кога да видиш истото го имаш напишано во последниот пост.
    ЗНАЧИ, кај мајка и не може хемо, има преслаб имунитет и 60Hgb, не е операбилен и сега како што викаш ти ТОГАШ ЌЕ МИСЛАМ ШТО ДА СЕ ПРАВИ, ете и таа мисли што да се прави, собира искуства и купува и нарачува алтернативни средства. И зошто ја напагаш сега???
    Плус, секој како си решил, така нека прави. Па и да е операбилен и да може да поднесе хемо, ако тие избрале алтернатива, нивно си е.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Да нивно си е. А твое што е во муабетов?
    Никој не може за врат да ги фати што да прават. И темата не е искуства со алтернативна медицина, нели.
     
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.484
    Ако знаеш да читаш ќе разбереш, ако не, не ме цитирај без потреба|(.
    И погледни си го делот што ти го цитирав, таму ќе го најдеш МОЕТО во муабетов.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Па ти мене со која цел ме цитираше? Освен ако немаш нешто конкретно да продискутираме.. на темата.
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.484
    Тебе очигледно целта ти е да провоцираш само на една толку осетлива тема, оти далеку си од дискусија.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Ај да се самоцитирам.
     
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Ве молам да ми кажете искуство со рак на панкреас ,нацин на искрана ,некоја алтернативна медицина ...нешто сто е јако за имонулосхкиот систем ....
     
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    За жал карциномот на панкреас е еден од најлошите ,да се информираш за нови лекови abraxane(зборам за хемотерапија кај метастатска болест има научна студија дека го продолжува животот за неколку години ) и чисто проверено масло од канабис,здрав начин на исхрана .
     
  13. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    da ,ti blagodaram na odgovorot,za abraxsane ne sum slusnala no ke ja prenesam informacijata
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Од каде можам да купам медицински петролеј/газија? Итно ми е.
     
  15. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Доколку не ти е проблем, дали би сакала да споделиш какви точно суплементи земавте и што точно се пиело? Итно ми треба одговор што е најдобро да се пие за време на хемотерапија, каква храна/суплементи?
    Фала однапред
     
  16. Puppy1

    Puppy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    И мене ме интересира ова, и ние минуваме низ хемотерапија моментално. Што користевте за имунитет и дали некој користел Имунофан инекции?
     
  17. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    некој да знае од каде можам да купам масло од црн ким?

    Благодарам
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    дали најде? и јас барам…
     
  19. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Не. Земав масло од црно семе (не знам дали е исто или различно) но читав дека било добро. Го има во продавници за здрава храна па дури и пиљари кои се подобро снабдени. Можеш и фирмата да ја најдеш по интернет, мислам дека се викаше Фила, Штип.
     
  20. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Сите знаеме дека хемотерапиите ги убиваат и здравите клетки во телото, ама ако сите доктори и од надвор викаат прво хемотерапии па и после операција (или обратно) ако има потреба тука има нешто, мајка ми цело тело и е чисто, што не снимаше, освен десната дојка и што е проширен во лимфните жлезди.
    Сега што да правиме, уште првата не почна, а треба 8 во рок на 4 месеци
    И што да се прави незнам