1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемотерапија или алтернативна медицина?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од copacabana, 29 септември 2015.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Не дај Боже да заболиш, ама онко ти е единствено место кај што можеш да добиеш терапија за неоперабилен карцином.

    За жал бенигните тумори знаат да станат малигни, не знам зошто и порано не го извадиле ако биле сигурни дека е тумор а не фиброзно ткиво.

    Ти знаеш, бидејќи имаш историја, а е генетски, контроли најзадолжително на свет.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Незнам што да кажам, само знам дека кога има фамилијарна историја и ваква како наша мајки дека е поопасно и 50%, не е воопшто лесно, јас кога дознав штитната ми отиде и сум со хашимото до крај на живот, ја гледам како и е тешко и и се повраќа срцето ме боли, па кога косата ќе почне да и опаѓа, се има свое нешто само она да е добро и сите кој се борат со оваа болест, ама тоа е да знаеме што ни е пишано ќе се самоубиевме недај Боже.
    Кој степен и беше на мајка ти?
    И колку имаш години, близу менопауза си?
    Јас докторка рече дека и после ова со мајка ми да не чекам 45 год мамографија, туку и за 2-3 год да почнам, а јас уште малце и 30 ќе полнам, и со тоа те плашат и психа нула.
    А зошто на онкологија не, мајка ми е таму
    Да имаше поголеми финансии, и како што рече докторот најдобро е во америка, ама како кога само на сон во америка, трпиш и ќутиш.
     
  3. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    3ц, многу зафатено под пазув, не беше голем туморот во градата, но многу инвазивно и после операција патолошкиот извештај покажа дека е навлезено во масно ткиво и големи крвни садови.
    Да, и мене Маја ми кажа мамографија порано, може од 36, сега сум 33.
    Мајка ми се направи како што кажаа онколози, хемо 8, зрачења 25.
    Ништо, метастази за 2 месеца после третманите. Коски, црн дроб, бели дробови и на крај мозок.
    За мене реков не онкологија, ако некогаш заболам. Секој си одлучува за себе нормално.
     
  4. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Бог да ја прости, еве цел ден на мајка ми се гади и повраќа ама уште не поврати
    Многу тешко ;(
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Можете да побарате + лекови за гадење, ќе и' дадат.
     
  6. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    И дале zyton 8 mg
    Ама незнам дали може да ги пие по 2 пати на ден
    И дали ќе и се гади секој ден или поминува :(:(
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Не знам за доза, тоа само докторот.
    Поминува, нема да и' се гади цело време.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Распрашај се за Vitaceptin.Помагал мн за нус ефекти од хемо.Скап е мн(околу 150 евра-90 таблети).Но ке ги користи 3 месеци .
     
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Ги нема прашав во зегин, од онкологија и дале zytron 8mg ама пак и се гади и незнам дали може по 2 пати на ден, за месец дена другата хемотерапија здравје, а исто ми рече матичната дека добро е и алое вера, дали знаете нешто за тоа да не го земам џабе
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Прашај во Србија,ги има сигурно.Врање ти е најблиска опција.Јави се во Хигија Фарм таму.Инаку да,алоето се препорачува но не можам одговорно да ти тврдам дека ке помогне.Мн е битно и од саглам фирма да го купиш.Пробајте и со б17.
     
  11. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Ги најдов во зегин 8000 и нешто ама незнаев дали да ги земам без да го прашам докторот, сигурно по цена се добри
    Дали можат сите да ги пијат што примат хемо и дали се како витамини, не ја прашав продавачката
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Антиоксиданс е.Може мислам за сите типови канцер.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Za gadenje samo tabletı Emend. Gı ıma Grcıja ı najblısku Kosovo..
    3 apchınja se ı se preefıkasnı.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    482
    Ke pomine mislam dajboze, neka ne jade blago, povekje pati tusiranje i mnogu tecnosti za da se isfrla voda 3-4litri i cedeni sokovi.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    На кратко кажано познавам мнолгу луѓе кои излечиле канцер со помош на хемо,ама ни еден што излечил канцер со тревки.

    Да не било хемото личностиве ќе биле во гроб ,оти нели не е заебанција канцер на дојда 4с и канцер на лимфа 4 стадиум.
    Берете ум луѓе.
     
    На CameliaMiller, nancyyy и mssuniquee им се допаѓа ова.
  16. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.683
    Пол:
    Женски
    @nancyyy zytron-ot се пие два пати на ден.
    Првите терапии предизвикуваат гадење и повраќање, а кај вторите повеќе е омалаксаност, исцрпеност.
     
  17. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Здраво
    Да прашам за тумор маркер ca125
    Пред да ги почне мајка ми хемотерапиите тој и беше 145
    Сега после примено 6 хемотерапии и е 179 дали тоа значи дека нема ајр од нив или незнам
    Докторот мислеше дека отиде на јајници беше правеше ехо на матка доле на стомак беше чисто и пап тест исто чисто
    Инаку уште не е оперирана дали може да значи дека уште и е на града па туморот на градата е тој што покажува ca125 така многу покачен
     
  18. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Не знам да ви одговорам околу тумор маркерот но од искуство во семејството, би ти кажала многу да не ги земате здраво за готово. Често знаат да не покажат или да покажат погрешен резултат. Побарајте да се направи пет скен кај мајка ви, тоа ќе ви даде најточен резултат.
    Што побрзо оздравување од срце ви посакувам!
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Докторот вика дека сигурно има на јајници, многу и е покачен викам а зошто на прегледот пап и ехо чисто вика не ја прегледала добро
    Дај Боже да не е и дека лажат тумор маркерот
    Ама мене ме мачи зошто пред хемотерапиите и беше 140 а после 4та хемо 179 дали значи дека немале ефект или незнам
     
  20. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Пет скен ќе покаже најточно дали има метастази. За жал, многу се чека на државно, а на приватно е многу скапо.
    Кај мајка ми после 8 хемо, беше 250. За жал, хемото не делуваше кај неа.
    И јас се надевав дека е грешка тумор маркерот, ама не, точно покажа.

    Зошто не е оперирана? На лошо место е, чекат со хемо да се намале на града, па да го вадат? Има ли зафатени лимфни јазли под пазув?