4 тие што се на 3 недели (така наречени црвени), потоа на една недела. Сега не знам дали така се рачунаат циклусите. Ама ќе ме следат, и може да има измени. Сега читам за гелот од алое, ако некој пие да ми каже од кој гел, гледам има разни, кој е најдобар. Си направив и чувар куќа со мед (иако мед не можам да поднесам, ама морам). Сега видов на нет некој домашен рецепт со алое вера. Пијам и медицинска сода со лимон.
Па не знам за што се, ми ги сликна, не можам да ги најдам, ќе и кажам да ми ги препрати, и така имам роднини да ми ги донесат. Инаку и јас се' пијам тоа со цвекло, се' што ќе ми дојде ставам, и куркума, и ѓумбир, цитрон, чувар куќа со мед ставам внатре. А за матичен млеч сега природен немало, дури на пролет, ќе морам да купам. А од кој гел од алое, гледам има разни. И до организмот зависи, со блиски што се борат со ова "чудовиште" ми кажаа дека црвената ја поминале полесно, отколку тие на една недела што се. Еве и јас немам гадење, ни температура.
А овој го има во Зегин или го порачувате? Го видов на една страна. Е сега гадно негадно кога се мора, јас и мед не јадам, ама сега со чувар куќа. Се' што е гадно и горчливо е добро за здравје.
Well I'm fucked then. Оти на втора црвена сум, имам уше една. Тие на една недела три прат циклус, мене ми рече можи една на три недели или секоја поделена на 3 дела (мене така 9 недели ми идат пошто вкупно 6 циклуси имам со се црвените). Алоето ти ставив слика. Има групи на фејс мајка ми од кај шо нарачва, групите се за Форевр продукти, од кај шо е алоето шо користам. Да си дојди можам да ја замолам да ми прати група ама сигурна сум дека ако пишиш нешто ко: forever macedonia ќе најдиш. Јас земам матичен млеч од аптека. Прво само него го пиев после операција и чуда ми напрај за имунитетот сам по себе. И овај не го менвам зошто е единствено вкусно нешто. Единствено. Ова од Зегин го земам, ампули се. Ѓумбир, лимон, куркума и бибер прам јас како во коцки, белендирам, цедам, мрзнам. И после во млака вода како чај пијам растворено со плус лајче мед. А можи и како шотчиња. Ама за мене најмногу профункционира ова со коцките.
Незнам колку години имаш, со лесно само Јас сум со мајка од прв ден од видење на ехо до сега и знам ситуацијата, ако ти се први хемо од втора ќе осетиш гадење и ќе ти паѓа коса, сега ако примаш тие како портокалова течност, значи на тебе прво пробуваат со хемо па после операција Јас имам на лева чудна и болка и како тврдо си пратам секоја год скоро и сега како имам фамилијарно од прв степен се ми е тоа во глава Како осети дека имаш, рутински беше или напипа Даваат таблети ако ти доаѓа повракање Мајка вчера прими 4та и одма кога стигна дома испи едно Овие мајка што и рече онкологот витацептин се викаат, а друго нешто не сака да проба И викаам дека ништо не губи не сака Дали правеше корбиопсија или обична со тенко игле?
Ми се појави грутка модра. За косата тоа знам, нека биде со лесно, па коса расте. Со игла, летоска ми правеше ехо матичниот гинеколог непланирано (јас отидов за пап), ме прати на пункција во хистолаб. Потоа бев кај хирург, ми закажа другиот ден на радиолог и ми направи поново ехо, биопсија и плус мамографија. И хирургот ми кажа можно е една оноколшки пред операција, јас одамна им кажав да сечат. Така ми кажаа и на онкологија. Не ми се гади мене, таа таблета ја испив после 15 часот вчера. Јас сакам и масло од канабис.
Имав близок во фамилија, па од искуство можам да кажам според мене нешто што помага е единствено масло од канабис. Дома, сите бевме мн скептични, дури и се плашевме да го даваме зашто е сепак канабис меѓутоа од цела голгота на лекови. Мој совет ако сте во можност набавете и не се плашете да пиете. Да напоменам, купувавме од луѓе, не од аптека. Поработете исто на јакнење на имунитет, алое и сл. Посакувам од срце, брзо заздравување на сите вас.
Да, да, и јас не сакам од аптека, само на црно. Кој има мака се' ќе проба. Мене ми е дали дека пред операција прво хемо почнав, па дали смеам канабис додека примам хемо.
Искрено нз да тврдам со сигурност дали смееш со хемо, мислам дека можеш, сигурно не штети а може да ти помогне. Консултирај се и со лекар. Од дозата што ќе ја почнеш со маслото, постепено се зголемува. Најди го дечкото Филип мислам дека се викаше, Зелена алтернатива или како беше групата ма фб. Ако не е дозволено, да напоменувам вака имиња, нека ми се избрише коментарот… Дечките напоменувам, не продаваат! Само можат да ти кажат околу употреба и како да конзумираш. Се најдобро од срце!
Мене комшика ми кажа за мајка и' дека земала по една капка. Ниту еден лекар не може да каже за канабис.
Не можеш да почнеш со капка - многу е. Третинка од капка делевме, густо е тоа па после 10 дена или нз точно зголемуваш малку па тек после месец или 20 дена (стварно не се сеќавам на колкав период и по колку се зголемува) но што повеќе тоа подобро, се разбира не оддеднаш.. Затоа ти кажувам консултирајте се ако не со лекар, со оние што го прават маслото…
Пробај со канабис. Имаше и еден лек со алое, ама не гел, туку растението, вино црвено постаро, кафе цикорија... зачлени се на фб канцер победници, мора да го има рецептот, и мајка ми го правеше, ама одамна и не памтам точно состојки. Зошто не те оперираат? Голем е туморот, па сакаат да го намалат, на лошо место е? Правеше ли други испитувања пред хемо?
Го видов рецептот со алое и вино, планирам да го направам, ама дека има и вино малку ме збунува, дали смеам ќе прашам, секако се зема по една лажица. Па не ми е баш на незгодно место, надворешно ми е. А искуства со варова вода?
Така е, со вино, да. Не би требало да пречи. Мајка ми го пиеше. А кој да прашаш? Ако мислеш доктор, тие не веруваат во бабини лекови. Варова не. Немаме искуство, ама не се препорачува, така сум читала на канцер победници групата на фб. Како надворешно, не те сфаќам? Инаку, би требало да правеш ехо на абдомен и срце, рентген на бели дробови, тумор маркери. Мајка ми тоа правеше пред да почне со хемо. И крвна слика, секако.
Крвна слика ми кажаа пред секое хемо. Екг на срце имав за утре термин, ама дека празник ми кажаа во вторник, другото другата недела имам термини. Па не знам ни јас како да објаснам како надворешно.
Да, пред секоја хемо таму што ви прават анализа. Мајка ми првин се оперираше, па испитувањата што ти пишав ги правеше во Штип во државна, а откако почна на онкологија ја презема Илир.