1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемофилија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од atopic, 27 септември 2013.

  1. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Девојки женски запознаени ли сте со хемофилија имате ли некој познат со таква состојба ве молам пишете ако познавате некој со ова или сте запознаени општо со оваа состојба сакам да си споделиме мислења околу ова фала ви.
     
  2. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Што точно те интересира?
     
  3. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Па искрено малку муабет како подршка пред се зато што имам дечко кој е хемофиличар и имам некои потешкотии од типот ти си луда остави го,може да умре и што ли не и премногу ми е тешко .
     
  4. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    Па треба да имаш во предвид дека е многу тешко да успее таа врска бидејќи постојано ќе имаш притисок од сите околку тебе а најмногу од твоите родители.
    Дека дечко ти ќе умре најискрено не верувам но сепак е можно бидејќи има неколку типа на хемофилија и доколку го има најлошиот степен може и ова да се случи.
    Најголемиот проблем за што можеби ти не си размислувала е дека хемофилијата е наследна болест и ќе се пренесе на вашите деца. Тие нема да бидат болни но ќе бидат носители и ја пренесат болеста на нивните деца :/. Така оди тоа. Од хемофилија се разболуваат само машките деца а женските се носители на болеста. Доколку сакаш да успее таа врска треба да има огромна љубов а и подршка од твоја страна. Доколку сметаш дека таа љубов е површна подобро раскини му отколку да му правеш дополнителни грижи. Доколку имаш некое друго прашање пиши :)
     
  5. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    :( запознаена сум со сето тоа ние сме заедно веќе година ипол и го сакам ме сака и е пренајдобар прави се за мене немам лош збор се борам против моите свесна сум и за наследноста но ете тој со неговата љубов ме освојува секој ден.Во глобала нема некои проблеми освен оштетено колено кое наскоро ќе го оперира и се надевам на подобро утре фала ти многу што одвој време да пишеш.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Има 3 врсти на болни од хемофилија- хемофиличари: тешки, умерени и благи
    Тие со тешка хемофилија можат да почнат да крварат буквално од ништо, тие со умерена можат да почнат да крварат од некои помали повреди (повреда при паѓање и слично), тие со блага хемофилија најретко крварат, а крварењето е поинтензивно само при вадење заби и поголеми операции.
    Дечко ти во која врста е?
    Има надворешно крварење кое е поретко и внатрешно кое е потешко и почесто.
    Најчесто се случува во зглобовите, колената, лактовите.
    Може да доведе до смрт само доколку ги погоди виталните органи (најлошо мозокот) во друг случај не.
    Од таткото ја наследуваат хемофилијата сите деца, само што машките ќе бидат оболени, а женските носители.

    Ти во некоја тема имаше пишувано дека не сте заедно. Се смиривте значи?
     
  7. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Па тој спаѓа во втората група нема често проблеми само со коленото по малце си криви но сега ќе оди на операција и се надевам ќе биде ок,инаку да се смиривме поради тоа и сега сум депримирана малце моите не знаат се уштепа ме фаќа паника.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе иде ви тргне на подобро и дека тој нема да има проблеми.

    :)
     
  9. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Фала ти emotional сите за добри работи да се надеваме.
     
  10. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Нема потреба од паника.Сепак да сериозна болест е.Кралска болест.Сина крв :)
    Треба да внимава, не се умира така лесНо.Постојат коагуланти, кои ќе му помогнат.
    Ако го сакаш навистина, биди покрај него, вистинската љубов е без условна и совршено несовршена.:)
     
    На atopic му/ѝ се допаѓа ова.
  11. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Да кралска болест е :)
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Незнам како ти е ситуацијата,ама свесно си ги праќаш твоите идни деца во болест.
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Ако таткото е хемофиличар,а мајката не ниту еден од синовите нема да биде болен, а ќерките нема да бидат болни,но ќе бидат носители на болеста.Значи ќе постои ризик нивните деца да заболат од хемофилија.

    А,знаете ли зошто ја викаат кралска болест?Затоа што е мнногу раширена во кралските семејства,поради создавање потомство меѓу лица во крвно сродство

    За повеќе информации,можете да посетите Генетско советување,го има во Клинички центар кај нас,Педијатрија каде што е. Таму ќе ви објаснат подетално за ризиците што ги носи болеста по вашите деца.
     
    На tessie и blueberry93 им се допаѓа ова.
  14. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Да waka waka токму така убаво кажа :)
     
  15. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    кралска болест се вика затоа што кралицата Елизабета ако не се лажам била носител на оваа болест и ја пренела на своите деца, па ќерките и биле носители и се омажиле во други кралски семејства низ светот па таака и тие ја пренеле на своите деца и оваа болест се проширила.
     
  16. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    103
    ^ Викторија се викала кралицата :)
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Јас денес правев преглед во МАНУ, ми земаа крв за хемофилија и таласемија и ми рекоа дека првово резултати по три недели, а за второво за две.
    Може ли некако порано да ги добијам резултатите затоа што ми е навистина важно?
    Три недели е некако премногу... :(
     
    На irena hemolog му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena hemolog

    irena hemolog Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    очекувањето убива и ти остава многу дилеми и страв и тоа е нормално, но не гледај така на нештата, неможеш да го скусиш периодот на чекање но сигурно твојот доктор веке те упатил на трансфузија и во центарот за хемофилија за основна дијагностика. и доколку имаш хемофилија можам да кажам дека денес има третман кој ке го одржи квалитетот на твојот живот, а бидејки си возрасен тогаш значи и да има нешто тоа е почесна форма. постојат луге со истата проблематика и секогаш можеш да споделиш искуство кое позитивно ке влијае на тебе. како и да е не се грижи јас лично го живеам тој свет...
     
  19. Sweet.girl200

    Sweet.girl200 Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Каква терапија се зема за хемофилија?
     
    На 1234567890111234 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    зависи од тоа колку е сериозна односно од каков вид е. Не постои начин за да се излечи со тоа се живее. Се зимаат лекарства ако има внатрешно крварење треба операција..важно е и тие што имаат хемофилија да примат вакцина против хепатитис а и б
    исто така не е точно дека само машките заболуваат а женските се носители
    можат и женските да заболат во некои случаи