1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемофобија

Дискусија во 'Психологија' започната од Angel-Adriana, 18 јануари 2013.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ако темата е дупла-клуч :)

    Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.

    Јас страдам од ова. Немам никакво непријатно искуство од минатото, ама кога ќе видам си се :puke: !!!

    Јас од ова само од 2 работи не се плашам:
    *Крв кога ќе треба да зготвам месо!
    *Кога имам добиено!

    Со плашење одам да ми зимаат крв и неможам да гледам и хорор филмови поради оваа фобија. Едноставно не ми надминува!!

    -Дали вие страдате од оваа фобија?
    -Како реагирате кога ќе видите крв?
    -Дајте ми ве молам совети и на мене и на останатите феминки кои страдаат од ова! :worried:


    Срам ми е само јас од ова да страдам, ама така е! :lol: :$
     
  2. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Верувај дека не си единствена. Јас лично немам некое посебно гадење или страв од крвта, но познавам еден куп луѓе кои патат од нешто вакво. Пред да ти дадам совет, сакав само нешто да те поправам, а тоа е дека доколу со месото кое го готвиме ако се е во ред, не треба да има крв. Крвта треба да истече кога се коле животното, а месото е такво само затоа што има таква боја, тоа не е крв.
    Всушност мислам дека и од тука ти дошол тој страв, тоа што не си свесна за некои работи и што имаш погрешна претстава. На пример на крвта гледај како на нешто што го имаме ама потполно сите живи суштества на планетава освен растенијата и инсектите. Сите луѓе и животни имаме крв, тоа е нешто најнормално, тоа сме ние. Едноставно немој психички да и даваш некакво значење на крвта. За хорор филмовите ти препорачувам, воопшто никогаш и да ги гледаш, затоа што верувај ништо нема да изгубиш туку ќе добиеш затоа што нема да си го труеш мозокот и душата и психата со нивно гледање. Јас сум против хорор филмовите, иако немам никаков гад или страв после нивно гледање. Кога одиш да ти земат крв, па едноставно нема потреба да гледаш во иглата, на местото каде што те боцкаат, тргни го погледот и просто не мисли на тоа. :) :)
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ^Фала ти многу за советите! Ќе се потрудам да се справам, па ќе ти пишам. :)
     
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мора да биде на добро, не се грижи толку многу за ништо, а најмалку за нешто што можеш да го контролираш. Нека помине некој период, па види како ќе ти биде и пиши :*
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    И јас си ја имам истата мака.Страв од крв вадење на крв паѓам во несвест и со е најстрашно секогаш потоа следува коментар од страна на тој што ми вадел ти како ќе раѓаш деца што ми ствара дополнителни стравови кај и онака си патам од анксиозност и панични напади.И како да го надминам овој страв од крв?????
     
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ^Едноставно и ти и јас мора да се бориме против тоа!!!
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кој и да е да види големо количество на крв не би изреагирал нормално доколку крвата се наоѓа на човечко суштество...инаку лично јас немам некој голем проблем со ова...не се онесвестувам од крв барем досега тоа ми се нема случено...досега си имам гледано моја крв се разбира и крв на блиски луѓе од една собраќајка што ми се случи пред капија..повеќе се исплашив од трескот отколку од крвта што ја видов.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не се плашам од крв само кога имам добиено, иначе многу одвратно ми е :rofl:
     
  9. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од крв :^)