Хепатит Ц е болест која е една од врстите на жолтица (хепатит). Таа е предизвикана од хепатит Ц-вирусот. Просечно околу 1 на секои 100 луѓе има хепатит Ц. Некои луѓе не знаат дека го имаат. Луѓето можат да имаат хепатит Ц и да не знаат, бидејќи може да поминат многу години додека се појават симптомите. Најчести симптоми се замор, лошење, и болки во стомакот. Половина од луѓето со хепатит Ц немаат оштетување на црниот дроб. Но, околу 20% може да имаат сериозна штета (цироза) после 40 годишна возраст и од нив има и луѓе кои добиваат рак на џигерот. Пренесување Хепатит Ц може да се пренесе кога крвта од една личност со хепатит Ц, влезе во крвотокот од друга личност. Дури и многу мали количини од крв, тешко видливи, можат да го пренесат вирусот. Може да се добие хепатит Ц со: Нестерилни медицински и заболекарски процедури каде кожата е прободена Употребување на туѓи шприцеви за дрога, вклучувајќи стероиди Нестерилно тетовирање или бодење на телото Пренесување од мајка на дете може да се случи за време на бременоста или породувањето, ако мајката има хепатит Ц. Употреба на туѓи лични предмети, како жилети и четки за заби, на кои можеби има крв Контакти на крв со крв во тек на сексуални односи. Дијагноза и лечење Единствениот начин за да се дијагнозира хепатит Ц е да се направи проверка на крвта. Потоа постои медицинско лекување, наречено Комбинирана терапија, која може да ја излечи инфекцијата од хепатит Ц кај 60% од случаевите. Некои луѓе со хепатит Ц употребуваат традиционални лекарства да ги ублажат симптомите.
Здраво,гледам нема никој коментирано на оваа тема,мој близок откри хепатит ц прво преку крвна слика AST и ALT беа покачени и интернистот предложи да се направат испитувања за хепатит,што излезе дека е позитивен,одби да прима терапија која трае 6месеци а само 60% гарантираат дека ке се излечи,ме интересира дали постои некој природен начин на лекување и дали да се смени начин на исхрана,со цел да не дојде до влошување на состојбата пр.цироза,ви благодарам.
Здраво, пред три месеци ми дијагностицираа хепатит ц... сеуште чекам резултати за генотип како би можела да примам терапија.. ме интересираше дали има некој со истата дијагноза или има познавање за овој вирус како би разговарала со некој... поздрав
А што терапија ќе примаш? Блиската особа беше во програм Пегазис, со генотип 3; 6 месеци терапија, еднаш неделно инекција/вакцина и секој ден апчиња. Со проверките подоцна потврдено дека вирусот го нема. Тоа беше пред 7 години.
Јас имав Хепатитис Ц ,пред 6 години.Бев на терапија 11 месеци која заврши успешно.Ти посакувам успех.
Би требало да ја примам истата терапија како твојата блиска особа... Од оваа година кај нас во клиника е достапна и нова терапија но за жал јас нема да можам да ја примам затоа што имам малку вирус во крвта и никакви оштетувања на црниот дроб односно не сум доволно болна... Како ги поднесе твојата блиска особа нус појавите и дали воопшто имаше (слушнав а и прочитав дека од интерферон (пегасис) има баш лоши нус појави)..
Milenija, фала за подршката... Кој генотип беше ти, колку време чекаше за одобрување терапија, имаше ли нус појави? Имам толку прашања... ако можеш барем нешто да ми објасниш би ти била многу благодарна...
Многу добро поднесе терапијата, немаше нус појави, барем не ништо страшно. Сепак моето мислење е дека е добро што се одлучи за терапијата. Хеп Ц не е баш наивен вирус, го викаат "тивок убиец", може да направи проблем ненадејно, посебно ако особата не живее здрав и умерен живот. Пегасис се, како тогаш се уште експериментална терапија (не знам како е веќе денес), покажа многу добро, со висок степен на успешноста. Не се грижи. Биопсијата е за многумина најстрашен дел, значи ти тоа го помина. Во зависност од генотип ќе имаш терапија 6 месеци или една година. За колку време би требало да влезеш во програмата? Поздрав.
Биопсија веќе не прават, има нов апарат фиброскен со кој се гледа колку ти е оштетен црниот дроб а е сличен на ехо така да ништо страшно... Да пред некое време пегазис беше експеримантална терапија но сега веќе има и нова терапија со многу поголем процент на успех и лекување од само три месеци, но како што веќе реков не влегувам во таа група зошто терапијата е екстремно скапа и ќе ја примаат само потешко болните... Што се однесува до почнување на терапијата сеуште не знам затоа што веќе два месеци чекам резултати за генотип.. Прво немаше реагенси, сега има ама била скапа процедура па требало да се соберат повеќе пациенти за испитување.. Тоа е всушност најголемиот проблем, ме уби чекањево... па додека чекам сакав да споделам искуства.. фала ти на брзите одговори
Бев генотип 1,околу една година терапија,една инекција Интерферон неделно и Пегазис апчињата,започнав со 6 после ми намалија по 5.Терапијата ја поднесов да кажам добро,само некаде втор,трети месец бев малку изнемоштена,повраќање,главоболка но тоа е минливо и издржливо,ништо страшно.Пробај да се храниш здраво кога ќе бидеш на терапија,сокови прородни,зеленчук,мед,габи шитаке суви земав и многу др работи и ќе нема проблем.Јас после 4 инекција веќе бев негативна и останав после 6 години.Имав околу 850 000 илјади,генотип 1, но за среќа сеуште никакви оштетувања на црниот дроб,барем биоосијата тоа го покажа.Во Декември некаде дознав а во Април веќе бев на терапија,значи воопшто не чекав само додека се извршија сите испитувања и почнав.Косата исто така многу се проретчи,но после терспијата се се враќа во нормала.Што те интересира слободно прашај.
Јас генотип не знам, титар 177000 илјади и без оштетувања на црн дроб.. Утре планирав да одам кај докторот за да видам до каде е работата.. Колку време чекаше за да ти одобрат терапија? Треба да ти потпишат три доктори нели? Ми е страв да не ми речат дека не сум доволно болна и за таа терапија..
Здраво Миленија, можеш ли да ме исконтактираш во лп (јас не знам како).. имам повеќе работи да те прашам затоа што си била во иста ситуација како мене..
Не знаев каде да го поставам прашањево, ве молам доколку некој знае да ми одговори. Институцијата во која работам ми налага да се вакцинирам против хепатит ц, три дози се, прашањето ми е, дали смеам да останам трудна после примање на вакцината или треба да помине период од една година? Благодарам
И јас исто пребарував истите резултати ги пронајдов, но поделени се мислењата на докторите со кои се консултирав
Јасно За жал, немам одговор на твоето прашање (очигледно нели ) Само чудно ми падна. Се надевам некој ќе знае да ти одговори
Да не е вакцина за хепатитис Б? Дека таква има. Работиш во здравство? Оти само здравствените работници се вакцинираат задолжително колку што знам. Иначе, не знам за бременоста, но мислам дека пожелно да поминат барем 6 месеци од последната доза пред да останеш трудна.