Кој доктор одредува дали имаш кила или не ... Интернист ? Имам мал оток над левиот колк не знам што е бев на ехо и се е во ред, на гинеколог се е во ред..
мене на хирург ме пратија да ми потврди..претходно друг лекар се сомневаше ама ми рече за сигурно ќе си одиш на хирург а и општ хирург ме оперираше
Јас имам оток мал над колкот. Не знам дали е тоа идам по лекари ама никој не ме прати на хирург.. нема да бидам три недели во македонија сакам послем тоа да идам пак да видам. Сега на моменги ме подзаболува.. може да ми се влоши состојбата ?
не мора да значи дали е кила, сепак најдобро да те види хирург ако се сомневаш на тоа, а потоа ако не е тоа, нека те препрати кај др доктор. Сепак доктор најубаво ќе ти каже...ама ако те смири, еве ќе ти го кажам моето искуство како ми дијагностицираа..јас бев на гинеколог бидејќи мислев дека имам некоја потечена жлезда бидејќи отокот ми беше на препон..само што ме чепна одма се посомнева на кила...ми рече стани легни стани легни (пробај легни ако топчето го снемува може да е кила будејќи тоа ти е всушност пукнато ткиво низ кое излегува друго ткиво или дел од орган и го предизвикува топчето..ако е кила при легнување би требало да го снема топчето бидејќи си се враќа ткивото назад од каде што излегло) и ме препрати на хирург. Инаку нема некое влошување на состојба, јас живеев 2 и пол години со килата, немав никакви проблеми освен понекое трпнење на ногата.Ама сепак најубаво кога ќе се вратиш ако уште е отокот тука да се обратиш на лекар
Јас бев на гинеколог ми рече се е во ред, правев колоноскопија се е во ред на ехо се е во ред ми викаат ке помине .. осеќам мало трпнење на нога и позади во слабината и колкот... Не ми рекоа за хирург..матичната ми е во ск...јас не сум моментално ск...не знам стварно веќе што е..
штом си поминала толку доктори и сите рекле се е во ред, можеби се е во ред..не се мисли многу, и да е кила не е ништо страшно и ништо за 3 недели нема да ти биде...ако сакаш да не се грижиш, кога ќе се вратиш во мк, оди на хирург да ти види..ако не рече ништо за кила не е кила
Здраво,денес ми правеа гастроскопија и ми пронајдоа кила на желудник и почетна фаза на чир,утре треба да одам кај докторката што ме водеше,да ми даде терапија.Дали имал некој ваков проблем и ми спомнаа за исхраната,па да ми помогне да знам како треба правилно..
Zdravo decki dali moze so exo da se otkrije kila na zeludnikot, utre odam pak na lekar imam premnogu bolki vo grbot koga se vrtam i napred na sredina pod gradniot kos dali moze da bide toa kila...Nemam nikakvi povrakanja teskoti samo bolki Koi simptomi gi imas? I dali imas bolki na dopir i grp
Здраво, На 3 годишна возраст оперирана сум од кила доле десно. Е сега последнава година на моменти осеќјам некоја кратка болка . Вчера си лежев и кивнав и како кивнав ме стегна доле ама ме пушти после неколку секунди. Неможам да приметам некој оток Дали е можно да имам пак кила ?
Поминато е време но и јас се соочувам со истото после порагај со комплициран царски лево од папокот осекам а и се испакнува топче, па вие што ви излезе
Вака десната страна доле од стомакот ми е понудена од левата страна. Од напред не се применува многу ама од горе се гледа дека десната страна ми е подуена. Се плашам многу. Некој совет ? Знае да ме заболи десно некад онака ама се со викам јајници се. Има ли место за паника?
и кај мене исто пред скоро 6 месеци сум породена царски и имам понекогаш болки во левата страна и како да ме влече надолу, бев на ехо као демек нема кила.. али сепак хирург треба да посетам.. се мислам кила е.. како поминавте вие?
Zdravo feminki sakam da ve prasam dali nekoj ima iskustvo so preponska kila na bebence, dva pati i se spustase i sami i go vrakavme, a na tretiot pat ne mozevme sami i otidovme na hirurgija tamo i go vratija, ni kazaa deka mozebi ke mora operacija i da se vnimava. E sega nasava e mnogu malecka za operacija pa dali e rizik da se ceka da potporasne oti ne se znae koga moze da i se vlosi.
Доктор е најдобро да каже. Да го прегледа бебето, да процени дали има ризик, да каже кога операција. Мислење само од доктор.
Дали некој правел операција на папочна кила, ме интересираат детали.Ако има некој нека ми пише во лп. Фала однапред