Јас сакам сега да правам операција на папочна кила во Систина кај Владо Димов. Би сакал ако е можно да се споделат мислења. Иначе отидов малце дрско и безобразно на разговорот со него при консултациите, велејќи му дека ќе платам 2000 евра, ама имам ли проблеми и ме крпат после пак у држвна (пошо имало такви случаи побајаги) ќе те фрлам у Вардар.
Здраво кои се симптомите кај кила, т.е. жена и што би било ако Не се оперира? И ме и тересора Ако се оперира, како се третира после тоа? Како се откиваат кила, и дали преку МРТ може да се видат? Фала позз На Абдомен*
Девојчиња како сте ,знам дека поминале месеци ама сепак ќе ве прашам ,дали направивте операции и како поминавте . Ако правевте каде и за колку време ве пуштија ?
Сеуште немам правено операција, засега не ми прави некои потешкотии, ќе пролонгирам додека можам А и нема никој да сподели искуство, баш ме интересира.
Мм треба да се оперира наредна недела ,знам дека не е страшна операција мајка ми правеше таа имаше желудочна кила но ете некако шубе ми е .
operacija na papocna kila koja e cenata po privatnive i za pregled kaj hirurg po privatnive da ne znae nekoj?
Zdravo, dali ako imas kila mora da imas i topce ili kako odi toa? Dolu vo stomakot desno imAm bolka, ne e slepo crevo pa si mislam da ne se kila? Inace nemam niso vaka ispaknato ili slicno
Здраво дали може да се осеќа кога се лежи на страна како празнина и цревата да одат на другата страна? и болки повремени? кога ме боли страната ми се појавува и црвенило,чешање во папок и гној
Се оперираше во градска болница кај доктор Ефтимов на 6 ти декември ,добро помина. Поради ковид нема посети и го пуштија по три дена. Мора да се внимава на исхраната и не смееш да се напрегаш посебно никако кревање тешки работи.
За колку време се врати на секојдневните обврски и на работа? После кога го пуштија имаше болки дома?
кплку кг минимум смее да дига? и дали е тоа на одреден период и ме интересира што НЕ смее да јаде фала
После месец дена се врати. Првата недела имаше болки посебно првите два дена ,ама него му е лош и резот, скоро цел круг околу папокот и мислам дека потешко зараснува бидејќи не му дадоа антибиотик. Ти каква кила имаш ? Па првите неколку месеци воопшто да не крева потешко од 1-2 кг најдобро е ама еве мм не слуша ја крева ќерката 8-9 кг е ... многу се нервирам. Првите дена јадеш супи ,двопек ,јогурт ,ориз. После 10 ти ден можеш малку динстано месо и негде од 15-20 ден може да јадеш нормално ,ова е за додека да се вратат цревата во функција. На тие што се сечени ви права линија за 10 тина дена им вадат конци. На мм дури на 21 ден
Се оперира во секој случај. Разликата е што за некои хернии може да се чека повеќе, за други помалку. Може матичен да дијагностицира или да те препрати на хирургија.
Здраво дечки, може ли некој да ми препорача доктор за операција на кила на препон, многу блиску до тестис, башка другаров е со јаки болки.Бил денес на клиника со хитен упат, дефинитивно е кила, но за операција му рекле дека ќе чека 6 месеци.Добар доктор препораки ?
Добри абдоминални хирурзи што ги знам се доктор Ѓорѓи Ставридис од Градска и Владимир Аврамовски Систина
Девојки после првиот пораѓај пред 4 години,кај папокот ми се појави мало топченце.Мислев ќе помине само од себе.После вториов пораѓај осеќам како камен да имам.Многу е нелагодно,неубаво.Приметив дека се повеќе растело со тек на време,и не се повлекло.И како сте поминале вие што сте правеле операции?Треба ехо да правам?