Не го оправдувам ваквиот тип брак, од морална гледна точка. Го оправдувам единствено во случај ако дечкото уште на почеток биде искрен во врската, а девојката, иако запознаена со неговата сексуалност, е либерална и своеволно прифаќа да остане со него. Во спротивно не е фер, и формирање на ваквата заедница по иницијатива на машкото, е само резултат на страв од општествен линч и себе неприфатеност.
Да, и ваквите глупави изговори можеш најмногу да ги чуеш од хетеро ориентираните батиња, кои цицка не виделе у живот.
Познавам повеќе мажи кои се во брак, со деца и имаат врски со мажи и со жени и со трансексуалци. И не се 'заприметуваат по однесувањето' дека се бисексуалци, ама ич
Само уште да нема дискриминација и осуди. Не лажат оти им е ќеф, туку оти за врат ги држи цела држава. И после: Зошто постојат геј-паради, зошто ова, зошто она... - е заради ова!
Е зa oвa ќе се зaпрaшaм дaли ќе oпрaвдaм зaтoa штo немaле друг избoр. Секaкo декa имaaт aмa oдлучиле дa зaебaт некoлку живoти плус, свеснo. Акo е тoлку кoнзервaтивнa срединaтa вo кoјa се некa не се женaт, кaде пишувa декa мoрa женa и децa дa имaaт? Иaкo и вo минaтoтo мaкедoнскиoт нaрoд не бил нaсилен кoн хoмoсексуaлци, е сегa гo збoреле, јебигa, не е oпрaвдувaње.
Зависи од ќошот во кои сме притиснати. Не ги оправдувам, ама и те како ги разбирам. Многу подобро од оние кои сакат да тепаат.
А вo кoј ќoш се притиснaти жените нивни? Пoд нaсилствo би гo стaвилa целиoт нивен живoт пoминaт вo лaгa.
Е насилство, и кон партнерите (освен свесно ако не влегле во тоа), и кон нив самите. И нема мерење чија мака е пострашна.
Себично е да сервираш лажна приказна за себе на човек на кого му се колнеш на љубов, себично е да го лажеш и изневеруваш, себично е да предизвикаш тага и болка кај друг со своите лаги... Арно кажа @Bridget никој не ги тера да се женат со некого. Не ја негирам нивната борба која ја водат и неправдата со која се соочуваат. Ама да не замижуваме за она што они го предизвикуваат на некоја жена, за болката која они ја предизвикуваат.
Ама го тера. Го тера општеството. Стигмата ги тера да се кријат. Исто како што мајка ми го криеше татко ми, дека е биполарен, за да не биде после осуден... та и тој, Бог да го прости, та и цела фамилија. Не е за занемарување притисокот кој го прави околината, посебно ако е тоа пракса на мнозинството околу тебе.
Ме правари, редактирав, допишав. Сето тоа не ја намалува неговата одговорност дека овој пат не е он жртвата туку сторител на туѓа болка и несреќа.
Еми на секоја слава и свадба на сите им се закачуваат кога свадба, кога ќе те мажиме/жените, кога внучиња ќе гледаме...ехе хе. Не е дека баш нив некој за гуша ги фаќа. Личен избор е. Од себично побуди.
Не е така. Моралниот и општествен линч не се најголем проблем кај хомосексуалните мажи. Кај повеќето што заглавуваат во бракови со жена преовладува автохомофобичноста, самите себе се презираат зошто се ,,немажествени". Ги лажат сопругите, им сервираат слика за идиличен брак кој не постои.
Никој не ги присилува на брак, но уште живееме во општество каде во поголем дел, некој што остарел, а не стапил во брак и немал деца, го класифицираат како некој што е ненормален, „мора нешто да му фали” итд, покрај и семејниот притисок. А не секој е доволно емотивно силен да се соочи и спротистави на тие работи и затоа решил животот да го живее, само за да не биде осуден.