Дискриминацијата од општеството е причина, но не и оправдување. Никој не заслужува да ја посвети сета своја љубов во брак во кој не е возвратена љубовта на ист начин. Никој не заслужува ни да не може да стапи во брак со особа која ја сака. Ама не мора да се повреди и друга личност, ни крива ни должна.
Ниту ги разбирам ниту ги оправдувам. Не може општеството да те турне во шаблонот, во случајов брак и деца, ако самиот не дозволиш да бидеш втурнат. Повеќе респект имам за луѓе кои се борат за она што се во сржта, кои цврсто држат до себе, отколку за првиве, кои покрај својот, заебуваат и туѓ живот.
Искрено, и те како може општеството да те турне во шаблонот. На пример, многу жени се турнати да раѓаат деца кога и не им е цел, да оставаат работни места и слично, само заради притисок од општеството. Ова е нешто слично. Многу од овие мажи и не ни сфаќаат дека се геј до подоцна во животот, се заради проклета хетеронормативност. Ама како што и ти рече, ненамерно или не, заебуваат туѓ живот.
Дали според тебе ако не е ,,емотивно силен" треба да заглави и уништи живот на хетеросексуална жена? Што мислиш, дали е подобро зрело да се избори за својот избор или и од својот и од животот на жената да направи пекол? Имај предвид дека паралелно во бракот ќе најде и повеќе сексуални партнери од машки пол со кои ќе има односи во тајност порано или подоцна.
@Nigredo Odor Колку што знам, никаде не пишав дека тоа е оправдување. Само напишав што може да биде една од причините
Да го сфаќам притисокот од општеството, оресија на хомосексуалност, стигма. Мислам месец и пол за ова се збора. Ама, исто така човек кој е со партнер кој не го сака, психички злосторува, изневерува и се што не е за во брак - не е во ред. Ако јас сум со партнер кој не ме сака, дали сака некој/а друга или едноставно сексуално не го влечам ќе ми влијае на психа без да знам. Најверојатно ќе бидам и изневерена, и тоа делува на психа. Поентата ми е, тешко е да си хомосексуалец во конзервативно општество ама тоа не дава за право да се игра со туѓи чувства.
Ами чаре? И јас почитувам луѓе кои се борат.. мислам.. јас сум пример на борба со стигмите на општеството, ама не сите се во можност, не сите се доволно силни... Како да им помогнеме да се охрабрат?
Нему, како геј маж, му е ускратено правото да биде сакан и да сака. Он истото, го прави на хетеро личноста со која е во брак, можеби и на подолен начин. Сите сме под општествен притисок за стапување во брак и репродукција, поготово женските, ради фамозниот биолошки сат, ама никому не му е ставен нож до грло, да мора да се одлучи за истото. Институцијата брак некако прелесно ја сфаќаат, се влегува заради сопствени цели, не размислувајќи дека другата особа е личност со емоции и чувства, тотално различни од неговите. Чаре ? Нема. Ваквите никогаш нема да ги вразумиш да излезат од 'плакарот ' и да бидат она што се. Ќе играат на сигурно, и ќе чекаат друг да издвојува победа и за нив и пак да се радуваат зад затворени врати.
Некои од нив да, некои не. Колку што зависи до општеството, толку зависи и до самата особа. Да е исклучиво пречката општествената стигма, тогаш ваквите бракови не би постоеле и во најразвиените држави, слободни, демократски, дури и во држави во кое е легализиран еднополов брак. А постојат.
Не чекаат некој да извојува победа за нив. Толку се навикнати на тој принцип на живот што и кон себе гаат чувство на омраза и гадење до степен да кога во друштво уз пиво ќе се поведе разговор за хомосексуалност ги исмеваат хомосексуалците исто како и нивните затуцани стрејт другари, ради комплекс и внатрешен страв да не бидат и самите тие откриени. Имам седено во вакви друштва мал милион пати. Иако е геј, се прекрива така што навредува феминзирани хомосексуалци, иако тој самиот е хомо, само не толку ,,феминзиран". Или кога ќе каже дека не се лапа во уста со машко затоа што таквиот акт бил педерски, а од друга страна ,,прима" како да нема утре. @staycalm можеби имаш другари со поинаква сексуална ориентација, а можеби и дечко ваков автохомофобичен. Слободно негирај ме ако грешам, ама мислам дека ќе потврдиш за жал..
Јасно, автохомофобија гледаме насекаде околу нас. Подеднакво ги има овие што се уплашени од сопствената сексуалност и тој страв го канализираат со агресија према тие што ги привлекуваат, и другиве, кои слушале мајка,татко, тетка, стринка и идат на карта на сигурност, преку полесниот пат.
Епа добро де, колку што сфатив, најголемите непријатели на хомосексуалците се токму - хомосексуалците. Што има тогаш да парадираат пред генералната популација на хетеросексуалци? Нека си ги решаваат мегу себе проблемите.
Па ако живеат у општество што не ги репресира и осудува можеби и би можеле да го живеат животот што го посакуваат. Се до тогаш ќе има вакви случаеви
Ама сега очекуваш ние хетеросексуалките да влијаеме на агресивните хомосексуалци да не тепаат други хомосексуалци? Лудост. Средете си ги работитте мегу себе. Имаме ние доволно проблеми за да не се замараме со вашите.
Тоа што полицата над телевизорот ми фака прашина повеќе од два дена ми е многу поголем проблем, па не огранизирам парада ради тоа.