Јас имам ваков личен пример од еден комшија, човекот има жена има деца веќе возрасни, има внучиња, а он е геј. Бидејќи јас се пикам во секоја "дупка" не еднаш сум го начекала со маж, и првиот пат кога го видов после тоа ми рече да пиеме кафе, јас одма знаев за што сака да пие кафе со мене, и прифатив. Ми рече дека тоа што сум го видела да се правам како ништо да не сум видела. Кога жена му е на работа, он и дома си го носи дечкото под наводници пријателот. Еднаш баш размислував за тоа, мажот да те изневерува со жена и да дознаеш, ајде некако да преболиш и разбереш, ама со маж, убиство. Да не ме разберете погрешно, немам против хомосексуалците ништо, не ми пречат, ама во вакви случаи прикриени пе*ери (се извинувам на израз) се нервирам и ме фаќа језа. А ги има многу вакви.
И јас имав комшија,неколку години постар од мене. Човеков последниве 2 години два пати се ожени и се разведе. Родителите негови што се' не преправија да ја вратат и правата и втората жена. Втората жена дури јавно кажуваше дека не се враќа, пошто,,мажов'' нејзин ниеднаш не спиел со неа. Тој упорно го негираше тоа. Е ова ме нервира.
Хетеро брак со геј маж оправдувам доколку двете страни искрено се запознаени со ситуацијата и по тоа се нафаќаат на таков брак, во обратен случај кога жената испаѓа ној со глава во земја кога ќе ја дигне главата од земја е тогаш почнува хорор приказната од таков брак.
А толку е чудно што прави заслепеност од љубов, да буквално не гледаат кој им е партнер и при очи слепи се прават само за да не си ја скршат сликата во глава за идеален брак. Важно е да се омажиш/ожениш. Среќата не е важна.
Некои ги прави среќни бракот. Е што од заслепеност од љубов не гледаат кој им е партнер сепак не е оправдување партнерот да ги искористи како маска зад кој крие сексуална ориентација кон ист пол не спротивен.
Па сметам дека за женската популација не би требало да биде толкав проблем тој брак доколку мажот - геј е искрен со жена му и каже јас сум геј сакам брак со тебе. Така бар жената ќе знае на шо е и може да си одлучи дали ќе му роди деца.
И што? Тоа не е брак, тоа е некој си договор за да не се открие за него дека е геј. Тоа ми е многу глупо.
Па и нее само тоа да се крие,туку и да си оформи фамилија. Пошо не знам кај нас дали геј особите имаат право на посвојување.
Mene ne mi e jasno kako Ako bil gej ke so oformel familija. Znaci ne stanuva zbor za gej tuku za biseksualna osoba.
Дa тaкa е лoгичнo, aмa тие личнoсти oсеќaaт притисoк пoрaди свoјaтa сексуaлнa oпределбa и зa дa гo прикријaт тoa, влегувaaт вo хетерo брaк.
Лоша ситуација. Има такви што влегуваат во брак ради општеството. Па кога женава ќе дознае неминовно е распад на бракот. Кога и да е ќе се дознае, кратко трае тоа криење.
Познавам 2 вакви брака. Едниот пред свадба вереницата ги фати вереникот со кумот. Нормално се откажа и свадба и се. Другиот уште потрагично жена му исто така ги фати со неговиот колега. Со големи деца со мн години у брак со све. Во вакви ситуации не се фер спрема жената, а додека имат деца ниту спрема децата. Мислам ако дојде со открвање на вистината а доаѓа кога тогаш како да му објасниш на тоа дете дека тато и мама се разделиле поради тоа што тато сака мажи . Уште полошо ако не му кажеш ти, некој друг ќе му каже. Трауми
Зезнато ова прво ради општеството во кое живееме. Родителите ги притискаат своите деца на брак. Па поготово ако се од село или со некои конзервативни ставови, за она што ќе рече народот. А народот секогаш повеќе знае од што самиот мислиш и криеш. Некои пак се кријат од себе си па мислат дека ќе бидат ок ако влезат во брак. Најдобра опција е како што ја прави Владо Јаневски, не се жени, реален си е пред себе си.
Ви вакви ситуации повеќе би рекла дека мажот е бисексуален, а не геј. Мислам....како ги направиле децата или сигурно жените би приметиле дека сексуалниот живот е непостоечки. Не знам за случај каде геј маж е во успешен брак со жена.
За татково искрено не знам дали е би, бил у врска со типот уште пред брак и на крај откако се разведе до ден денес си се у врска.
Затоа доста ги опресирате ЛГБТ, не ги дискриминирајте, не скокајте ко мајмуни оти имало паради, не им бранете да излегуваат јавно, да имаат врски, да стапуваат во брак, да формираат фамилии и нема да има потреба да се кријат.
Како да не немало. Напротив. Сексуалноста е спектар. Малкумина се оние кои се 100% геј и100% стрејт. Мнозинството сме некаде измеѓу...