Секако дека не, има проблеми ама се надминуваат. А мене не ми е јасно како може да се надмине тоа што партнерот е геј.
Не ме сфати... Значи она знае дека он е геј, се омажи со него затоа што тој е од јака фамилија и има многу пари, тоа и е битното на неа, презимето што го добила сега и кешот нормално. Едноставно паралелен брак-взаемен договор, дечково пред светов има фамилија (глуми стрејт), а она доби познато презиме и стана богата.
Да,потполно те разбрав Него зарем не ја копка со кого е,и да проба да ја растури врската Нели жените кога знаат дека мажот има швалерка,она ги гони
Он може и си го носи дечкото дома Не знам точно во детали како се случувале работите, претпоставувам дека се имаат договорено да стапат во формален брак затоа што на него од дома му вршеле притисок да се жени, имал накај 35-40 години веќе, а од позната фамилија е па неговите би се посрамиле ако се дознае дека син им е педерче. Нејзе и беше битно да се омажи, по можност што побогато, па и во докторска позната фамилија, така да и дошло ова како кец на десетка. Значи дечково ниту во еден момент не ја лажел дека е стрејт.
Se izvinuvam sto zabeguvam od tematama. Inaku toj Mario e gej. Imase video na youtube so eden decko se snimale vo wc. Toabese pred nekoja godina koga se odrzuvase idol isto se natprevaruvaa vo peenje.
Ниту по изглед ниту по манири можеш да препознаеш геј лик. Ок, освен ако поради х причини се решил постојано да носи транспарент на кој го пишува тоа. Јас сум геј маж и не можеш ниту да се посомневаш во мене за тоа. Ако сакам можам да се женам, да ја направам жена ми среќна во секој поглед, да имам деца и никогаш никој нема ни на сон да претпостави дека нешто не е во ред - но тоа лично нема да го направам никогаш зашто не е право некому животот да му го претвориш во лага поради какви и да се причини. Имам стрејт другари и познаници што многумина им закачуваат етикета хомо поради изглед, а тоа врска си нема - и често ми се случувало некоја „фаца“ во друштво со цел да биде интересен и да „добие некои поени“ да ми пријде и да почне со хомофобични фори да зеза некој стрејт лик во околина што поседува некоја „женствена“ особина. Иронија во бесвест - обид да се здружиш со геј лик да зафркаваш стрејт лик користејќи хомофобични зафрканции. Оценување дали некој е геј или не по надворешен изглед е пукање во празно чисто колку да ти помине време и нема никаква веродостојност. А има многу луѓе во брак или во врска што водат двоен живот и многу стрејт мажи и жени се во брак со хомосексуалци (геј или лезбејка). Дали може лесно да се открие дека партнерот ти е геј? Вака еве ја ситуацијата тргнувајќи од мене и претпоставувајќи дека не сум аутиран: сум имал цел живот пракса како да опстојам во хомофобично општество без да се дознае ништо за мене, а во случај да се открие - целиот углед и сите нешта што сум ги градел во животот автоматски губат вредност. Значи имам голема пракса во прикривање и јака преживувачка мотивација за тој дел од мене да остане тајна. Замајќи го ова предвид, не треба да се осудуваат стрејт ликовите дека не се способни да оценат дали парнерот им е геј, а ниту хомосексуалците не се баш за осудување бидејќи се приморани да одат против својата природа за да живеат согласно општествените норми. Хомофобијата е нож со две острици - не ги повредува само хомосексуалците, туку сече и по хетеросексуалното население. Сите губиме од неа, но си ја сакаме и негуваме до бесвест. Како колектив во мк имаме мазохистички одлики. Единствен неинвазивен начин да дознаеш е да го прашаш надевајќи се на искрен одговор, но веројатноста дека ќе се случи тоа е мала, пиши нула. Е сега од инвазивниве, секогаш можеш да најмиш детектив или да го ставиш на тест со прикажување порнографски содржини (да, една „факман“ женска ми го сврте и овој муабет) - но ако дојде до тоа подобро разведи се отколку да се создадат толкави драми - особено ако веќе се родиле деца.
Мене ми е сосема сеедно дали ти се палиш на машки или женски, со кого спиеш е само твоја работа. Би се женел ли само заради општеството, заради другите?
Тогаш како е возможно да имаш редовен секс со женско (во случаите на оние кои се женети или во врска)? Ти колку и да глумиш и да се трудиш, кога не ти доаѓа природно и од душа, ќе се познае, така? Чим некој го привлекуваат луѓе од истиот пол, за мене значи дека не може да биде вистински заљубен во девојката/жената, а тоа со тек на време ќе се примети. Само овој дел објасни го од твоја перспектива. Јас никогаш не сум имала против хомосексуалноста и не ми е јасно како може луѓето да мразат некој, доколку нив тоа не ги засега. Како може да ми смета човек, кој само пробува да живее среќно како сите нас и не оди против својата природа. Мора да е многу тешко да имаш двоен живот, во кој веќе не знаеш ни кој си, ни што си. Жално е за нив, и за сите кои се дел од лагата.
штом споменавте религија, хормонски терапии, педери болест а-у ова-она отиде јабана темата. Се повлекувам пошто темата веќе не е тоа што и е насловот.
Чим веќе ја отвори темата, кажи од твое искуство што си заклучил. Се каат ли за тоа што мора да лажат и да живеат таков живот? Колку се среќни, итн... нешто што тебе ти оставило впечаток.
Имам 22 години и сѐ уште не го чувствувам во целост притисокот од околината за женачка, та не би можел да кажам со сигурност. Од формирање семејство не се откажувам, а и се гледам со потомство во иднина (не наскоро). Во идеален случај ќе стапам во брак со маж со кого ќе можам да формирам семејство (за тоа и ќе бегам од Македонијава по дипломирање). Дали ќе се оженам поради другите. Кратко не. Но, не испаѓа можноста за врска со жена чисто поради формирање семејство (во случај да не си најдам партнер до одредено време) - но за тоа начисто би бил од сам почеток со неа за мојата сексуалност и очекувања.
Oва ми е сосема ок, те поддржувам во целост и навистине се надевам дека ќе се остварат твоите планови. И во право си, искреноста е секогаш најважна, посебно при донесување важни животни одлуки како што е стапувањето во брак. Жал ми е што нашава средина е толку затуцана но се надевам дека некогаш сите ќе сфатат дека интимниот живот се нарекува интимен баш поради тоа што не е ничија работа кој со кого спие.
Има трикови со кои можеш да манипулираш некои реакции на телото до одреден степен. Сепак имањето секс со луѓе што не те привлекуваат не е воопшто пријатно искуство. Мене ми треба многу концентрација да вложам за да имам секс со жена - па целото тоа искуство ми е исцрпувачко. Но, за жал земајќи предвид каква е ситуацијата во општеството и опасноста врз угледот во случај да се дознае дека си геј, колку и да не ти е од душа и не ти иде природно се исплати да се помачиш 5-6 мин. Сепак има би луѓе што ова полесно можат да го остварат. Дури и стрејт маж и стрејт жена да стапат во брак, има можност по одредено време редовноста на сексот да се намали. Човечкото тело се менува со време, па и привлечноста со тоа. Плус има многу причини поради кои се појавува проблем со постигнување еракција кај мажот зад кои може (велам МОЖЕ) да се камуфлираат нештата, а стресот е машката „главоболка“ кај жените и сл. Иако сексуално не ме привлекуваат жени, во минатото неколкупати сум се вљубил до уши во женски. Не е сѐ црно-бело тука, ако некој сексуално не те привлекува не значи дека не можеш да се затрескаш во него поради други причини (карактер, однесување, хумор, интелигенција и сл). Замисли, ако женава по бременоста се здебели и стане помалку атрактивна за мажот, дали тој престанува да ја сака? Не, напротив! Тврдењето дека ако некој сексуално не те привлекува не можеш да го сакаш не е точно и може да повреди некого. Што е со понеатрактивните луѓе? И тие можат да најдат многу љубов. Да, сексот е еден од поважните фактори во успешноста на една врска и одржување на љубовта, но не е единствен. Сексуалноста е дел од нас, но ние не сме 100% сексуалност. Љубовта и сексот се како парите и среќата, навидум изгледаат дека се едно исто зашто се испреплетуваат меѓусебно, но всушност се различни нешта и нивната корелација зависи од други фактори. Жално е што стрејт и дел од геј популацијата во главно смета дека хомофобијата е во ред и дека прашањата што ја мачат ЛГБТ-популацијата нив не ги засегаат воопшто. Самото тоа што има можност во иднина мојата стрејт ќерка или мојот стрејт син да заврши во брак со човек кого општеството го тера да глуми нешто што не е и кој е приморан да води двоен живот, а со тоа да ги натера да живеат во лага дури помине голем дел од нивниот живот пред да ја дознаат вистината - ме ваѓа од такт и ме тера да излезам да се борам против општествените норми кои го предизвикуваат тоа. Само ова е друга тема, нема да забегам таму. Се надевам ти одговорив на прашањето.
И јас познавам ваков брак . Му вршеа притисок на човеков да се жени , му најдоја една колку да го женат , и он на 35 години едвај се жена ( под притисок ) , после 5 години брак доби керка и си "шета". Има многу манири што го издаваат , сите негови пријатели и роднини знаат , а за жена му незнам дали знае . Ама што знам од километар се познаваат дека се геј
не биди толку сигурен дека не можат да се посомневаат во тебе. зависи колку блиски другари имаш. ако не се дружиш со некој интензивно т.е ако немате некоја близина и се дружите онака може. инаку кај и да е се открива. живеам во држава што е далеку полиберална од нашата и имам добар другар геј (кој е од држава со поконзервативни сваќања) со кој почнавме да се дружиме на почеток на студиите. долго можеше да се сокрие без некој да се посомнева. ама помина година, две па и три. стана цимер со еден друг другар и случајно имаше кажано дека бил на лекар и барал да го вакцинираат од хепатит б (доста карактеристично и препорачливо за геј-овите). овој се зачудил ама не му текнало ни на крај памет. со текот на времето имаше други вакви знаци кои му се испуштаа (се разбира несакајќи), па поврзавме многу работи и ни стана веќе кристално јасно. ептен добро се криеше но ние се дружевме интензивно и сепак после некое време кај и да е ќе сватиш. откако свативме чекавме момент да му кажеме дека знаеме и дека нема потреба веќе да крие, барем од нас. баравме ситуација која би била понепријатна за него и во која би можел да се отвори т.е да не негира. и ја начекавме, па си призна и му олесна доста а додуша и на нас. а што се однесува до темата. не можам да ги сватам тие што се впуштаат во таков брак по своја волја и тоа не го може секој
Леле имам слушано за вакви, ја изневерил сопругата со најдобриот пријател. Жално е за жените во ваков брак, кутрите цел живот во лага да живеат не е фер. Ако си геј, биди геј, твое право, нема што да мешаш жена па и деца кои ќе те мразат потоа.