1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хетеро брак со геј маж

Дискусија во 'Брак' започната од Amateur, 11 август 2016.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Страшно,по мене:@
     
    На Sashko1992 и HUNK им се допаѓа ова.
  2. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    До сега на отприлика 4 години сум менувал средина поради образование, така што и друштвото ми се менувало на тој период. Но, без разлика колку интензивно се дружам со некого - ако нејќам да знае, нема ни да дознае. Сепак заморно е да се преправаш дури и во друштво, а не во брак. Не знам и не би сакал да дознаам низ што поминуваат луѓето што се одлучиле да лажат и да стапат во брак со личност од пол кој не ги привлекува.

    Но, без разлика на сексуалната ориентација, има луѓе што умеат да лажат и да живеат со лага. Јас не можам, мене лажење ме заморува гадно, па секогаш тежнеам да сум на чисто со луѓето. Вистината боли еднаш, лагата континуирано.
     
    На ku4ence, Ketchup, *katja* и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Да но, ако не се жениш до 35 и немаш деца општеството не те осудува само тебе, туку и целото твое семејство ги прави неспособни. Така што многумина ја жртвуваат својата среќа и се впуштаат во брак со жена само за семејствата да не им се растурат. Општествениот притисок не е играчка и не може да се занемари, па да го осудиш само поединецот за носење одлука од овој вид. Секој искажан хомофобен коментар или шега придонесува да има луѓе што ќе изберат ваков брак за да се „спасат“. Дел од вината е во нас како општество.
     
    На ku4ence, evangelina.ina, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Poznavam vakvi brachni parovi.
    Licemerno e, ne opravduvam.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    896

    Сепак според мене не можеш од блиски луѓе да сокриеш. Не значи дека ако не те прашал некој, дека не се сомнева. Може не знае како и сл.

    Можам да претпоставам колку ти е тешко лажењето, ама кај нас за жал хомосексуалците не се прифатени и нема уште долго. Па затоа и овие „фарса-бракови“ и глумење лудило. Ако некој сака да се преправа и стапува во брак со жена и покрај тоа што е геј, а за неа тоа не е проблем, во ред. Ама да решиш да створиш деца во такви услови е за мене „No-Go “.
     
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Зошто?
     
  7. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Одговорот на ова прашање е во текстот веднаш над реченицата што ми ја цитираше.
    Накусо: поради општествениот притисок којшто ги приморува нехетеросексуалните луѓе да се решат на лага и да стапат во хетеросексуален брак по секоја цена.
     
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Лично,како хетеро и конзервативен,не поддржувам шеги и осуди со злобна намера на ничива сметка па дури и за хомосексуалци.Но,сосема е легитимно право на нас хетеросексуалците преку разни механизми да го искажеме нашиот став по различни прашања.Затоа мислам дека не треба да замеруваш ако некој не прифаќа такви врски/брак.. мислам на хетеро-хомосексуални и истополови Имаме право на свој став и реакција.Демократија...
     
    Последна измена: 12 август 2016
    На Rama и anaja1 им се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Јас познавам ваков брачен пар.Од градот каде сум родена и порасната.Човекот е доктор ортопед,неговите уште на времето го ожениле.Сега има човеков 50-ина години и има жена,двајца синови и швалер.(facepalm)
    Човек само што ќе го види одма се заприметуваат тие негови геј движења.Дури и така женствено пуши и слим цигари.:rofl:
    Незз зошто жена му е сеуште со него...
    Ваљда мислат државна тајна е никој ништо незнае,а од друга страна сите знаат...
     
    На s.a.m.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Тоа е право што го имаат сите граѓани без разлика на сексуална ориентација. Сѐ додека тие механизми не содржат говор на омраза и не ги нарушуваат правата на останатите е во ред.

    Никој не го одзема правото да имаш свој став и реакција кон нешто, но не можеш да си земеш за право да имаш таков став/реакција и истовремено да се оттргнеш од одговорноста на нештата што произлегуваат од нив. Значи општеството има мнозински дел од вината за ваквата појава баш поради присуството на вакви наполно легитимни ставови и реакции и оваа вина не може да се скрие зад терминот „демократија“, зашто „демократија“ не значи „ослободување од одговорност“.

    Тука сега укажувам на исходите (геј лица во хетеро брак) од таквите ставови во земјава за кои многумина не се свесни дека се случуваат. Значителен број на луѓе, и хомо- и хетеросексуалци, се директно засегнати, а и многу семејства се приморани да живеат во континуирана агонија - одговорноста од ваквите ставови не е мала и не смее да се избегне.
     
    На ku4ence, Kameo, ell и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Познавам девојка од богато семејство, која години живееше со дечко и во нејзин стан и го финансираше неговиот ексцентричен животен стил и честите патувања со пријателите. Се додека не го фати во нивниот кревет со еден "пријател".
    Наводно се до тогаш не сфатила дека е геј. На крајот, бурно се разделија.
     
  12. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Meшаш две различни работи.Неможам јас,заради моите убедувања да сносам одговорност за постапки на туѓ поединец.Исто како што неможам да одговарам за постапките на колективот.Јас нити сум поглавар на верска институција,нити премиер,нити претседател,нити лидер па политичка партија/организација.Затоа немам ни легитимитет,ни по Закон право да сносам одговорност за било чива постапка на било кого.. за која одговорност тогаш ти ми зборуваш?
    Овде грешиш најмногу.Зашто се приморани? Ги тера некој со сила да ги даваат своите ќерки за геј мажи? Јас не знам еден случај во светов,каде што некој на некого му дошол со пиштол на глава и му рекол ,,Дај ја ќерка ти за геј''...
    Агонијата ја прават истите тие семејства сами на себе.Нема мешање-нема проблеми.Волкот сит,офците на број.
     
    Последна измена: 12 август 2016
    На sjdgo и Rama им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Се извинувам што ќе бидам надвор од темата, ама овие коментари лично ме повредија и навредија.
    Значи ако некој не сака да има сексуални односи и се чува девствен да влезе во брак е хомосексуалец? Јас познавам неколку парови кои се во врска и по скоро 10 години па немале полови односи и нема да ги имаат се` дури не се венчаат. Зошто? Затоа што се морални и се верници. Вие знаете што е чесност и поштење? Сте чуле за целомудрие и девственост?
    И јас сум немал полови односи и сега според вас сум хомосексуалец? СЕШТО!

    На темата:
    Ако некој е хомосексуалец (без разлика на полот), а се бори со таа страст, живее целомудрено, односно не паѓа во гревот на блуд, разврат и прељуба - зошто да не се ожени/омажи и да си општи полово со својот сопруг/сопруга? Зарем целиот живот на човекот се сведува на полови односи и задоволување на половите страсти?
     
    На Kameo, Rama, Deemy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Така Ортофилско,викни малце :D
     
    На Дугокоси Швалер и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    А што демек не сакаш да имаш односи и си асексуална личност ?
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Дали сакам, или не сакам си е мој проблем и Вие не сте ми исповедник па да Ви полагам сметка. Ама важно е дека немам и со Божја помош нема да имам се` дури не ја примам светата тајна брак. За мене дали некој/а има вонбрачни полови односи со личност од ист пол или од различен пол е исто - грев на блуд или прељуба.
     
    На Kameo, Rama, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Не мешам ништо, внимателно прочитај.

    Да расчистиме нешто зашто и сам ја спомена демократијата: Најпросто, демократија значи вледеење на народот. Моќта во демократско општество ја имаат граѓаните, а со таа моќ доаѓа и одговорноста. Претседател, премиер и сл. се нешта за кој гласа секој поединец и тие се должни да ја спроведуваат волјата на народот - множество поединци меѓу кои си и „ти“. Од тука доаѓа тоа што го нарекувам „колективна одговорност“, не зборувам за правна - туку за општествена одговорност. Од поединецот се очекува да знае што е најдобро за него и околината. Гласот на поединецот во демократија се смета за нешто свето баш поради ова. Моќта потекнува од тебе, а твоите убедувања и ставови решаваат кому ќе му ја довериш истата. А одговорноста оди во пакет со моќта.

    Агонијата произлегува од општеството врз семејствата. Општествениот притисок е многу силен за луѓето да стапат во брак по секоја цена, и не секој може да го поднесе тоа. Како што не можеш да го обвиниш некого зашто физички не може да понесе тег од 100 кг кој си му го ставил, така не можеш да обвиниш некого зашто потклекнал под притисокот на општеството и се решил на лага.

    За крај, геј мажите и жените не се единствени виновници зашто стапуваат во хетеросексуален брак, голем удел има општеството што ги приморува тоа да го направат.
     
    На Kameo и Gosh им се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Е драго ми е што ме разбра! :D
    А јас на ова ќе го додадам и тоа дека,кога народот,мнозинството не поддржува истополови бракови и хетеро-хомосексуални,конфликтот настанува кога некој ќе проба да го разубедува истиот тој народ подруго.Затоа ја спомнав демократија.Како што некој има право да шири либерализам кој не е прифатлив за многумина,така и ние кои сме против либерализмот имаме право да кажеме свое мислење...
    А на мнозинство хомосексуалци и други ''слободоумни'' им сметаат спротивните мислења.Драго ми е што се разбравме :)
    Те сфаќам,ама ги сфаќам и нив и затоа не го сметам тоа за агонија.Семејството е основната клетка на секое опшество.Од семејството зависи опстанокот и иднината на секоја држава и нација.Ај да престанеме да се жениме и мажиме(за хетеросексуални бракови зборам) и да не се раѓаат деца...
    Мислиш дека ќе не има?.. но тоа е веќе политика и не сакам да навлагам во тоа.Друга тема е..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    896
    не мислиш дека со ова си контрадикторен?
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Не,има наводници.