Прави си како што ти е убаво и како што мислиш, а тука на никој не му е грижа за тебе и дали ќе имаш односи или нема да имаш, не знам мене што ме цитираше, зошто јас никаде не спомнав односи. Јебига, грешници на сите страни, штета што не верувам во рај и пекол.
Никој не ти го одзема правото да го кажеш мислењето. Не знам зошто темава ја носиш во таа насока. Она што јас го велам е дека секој треба да понесе одговорност за ставот што го има и укажувам на исходите од хомофобијата. Еден од тие исходи е и насловот на темава. Тоа што не сметаш дека е агонија, не значи дека не е. Зборувам од лични искуства и искуства на луѓе со кои директно сум комуницирал, а не од рекла-кажала муабети. Се работи за сериозен проблем кој го нарушува квалитетот и среќата на многу луѓе. Не знам на што се основа стравот дека цела популација ќе стане хомосексуална ако се воспостави бракова еднаквост и дека луѓето ќе престанат да се размножуваат. Може некогаш некој ќе даде аргумент, базиран на наука, што држи вода и кој ќе го оправда овој страв. Не е во ред на база на неосновани стравови да ставаме во агонија значителен број луѓе и да форсираме стапување во хетеросексуален брак по секоја цена, па после и ги осудуваме зошто го направиле тоа тргајќи секаква одговорност од нас како подржувачи на таков став.
Се извинувам, погрешно сум Ве цитирал. Никој не Ви брани да си верувате во што сакате. Во коментарот http://forum.femina.mk/threads/Хетеро-брак-со-геј-маж.26178/page-4#post-2950937 требаше да го цитирам ова:
Па верувал ти или не стварно има такви луѓе – без наводници. Они си го тераат животот како им одговара и не се замараат за средината. И имаат обврски и поважни работи отколку да вагаат дали некој живее според правила или не. Дека конзервативноста колку ја тоа го разбирам значи да живееш по правила. Сепак е најважно да е некој човечен во душа, а дали он е привлекуван од маж, од жена или од двете, мање битно. Џабе живот по „твоите“ правила ако човекот одвнатре е „гнил“.
Што те повреди коа девојчето си пиша дека подоцна е фатин типот со маж, значи имал односи ама не со неа. Тоа 10 години врска без секс на друг да му го кажиш не тука нас на грешниве души, не веруваме во толкава чесност aми зошто ни положи сметка дека немаш односи
Еве јас нити те навредив,нити омаловажив,нити повикав на Холокауст против хомосексуалците... И те молам сега кажи ми за што да поднесам одговорност?........................................ Јас зборев за притисокот за кој ти збориш,каде што ве тераат родителите да се мажите/жените и тоа било притисок.Јас не спомнав хомосексуални туку лудирав на хетерогени бракови Затоа е оправдано тоа.За наше добро... како што викаше една реклама на времето
@Sesil со следната реченица ги правите ненормални без здрав разум сите мажи кои не сакаат да имаат односи пред брак, а со тоа ги поттикнувате да по покажуваат и докажуваат својот здрав разум и нормалност блудодествувајќи. Значи секој си верува во она какви што му се делата. Спојлер Некој човек си стоел пред порта. Поминал крадец и си помислил: „Еве го овој, чека домаќинот да замине на работа и да го украде“. Поминал прељубодеец и си помислил: „Еве го овој, чека домаќинот да замине и да влезе во домот за да блудствува со жената“. Поминал богомолецот и си помислил: „Кутар човек, колку е побожен, чека да чукне камбана и да појде в црква“:
ај бела работа сеа и на блуд Ве натерав, али не знам вака чесен човек ко Вас што бара во теми кај што се шири блуд и разврт
Епа нема што да бараме, ние немаме право да си го кажеме своето мислење. Треба да Ве оставиме Вас и сличните на Вас да подучуваат на рајат дека кој нема вонбрачни полови односи - нема здрав разум. Во право сте.
ами штом веке дошло до дискусии во овој дел касно е да подучуваш некој дека не треба да ги има тие односи пред брак тие у други делови на форумов се преповедаат, нас тука неверници шо ке ни преповедаш,касно е веке за нас
Во кој дел? Значи ако јас ги посетувам темите од категоријата „Брак“ сум развратен. На многу чуден начин ги донесувате заклучоците. Ме потсетувате на однесувањето на пратеничката Каролина Астеруд, кога дебатираше со Митрополитот Петар на темата „Абортус“.
у религија темите се за преповедање, у брак блуд и разврт има, па неверства, па посакување нешто што е туѓо, па лажење ... не не не сакам да се разочараш пред време од бракот...
Бракот е чист, се` додека постелата е чиста! А јас како член на овој форум имам право да читам и пишувам што сакам и кај сакам.
Нананана постела мека белаааа, а на неа лидуду ти и јасс. Отидов во пеколот, не знам кога ќе се вратам. Не ми замерувајте