1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хетеро брак со геј маж

Дискусија во 'Брак' започната од Amateur, 11 август 2016.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Људождерство и разврат:lol:
     
    На Дугокоси Швалер, Bozica1980 и Sesil им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Значи Вие можете мене и сличните на мене да ме нарекувате без здрав разум, а јас треба да молчам?
     
    На anaja1 и HUNK им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    ^
    Апсолутно,да :P
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    @Orthophill Јас па се потресов дека сум те навредила со моето мислење. (facepalm)
    Дечко тоа е мое лично мислење и ич не ме интересира дали се чуваш ти за брак или си асексуален или што си. Не сум верник, немам никаква точка со религија и не сакам да знам.

    Дечково во случајов воопшто не беше асексуален, ни се чуваше за брак. Убаво пишав дека беше затекнат во кревет со друг маж. Мене некој да не ми покажува чувства на страст и дека ме посакува, а сака да се земе со мене, е ќе се прашам дали е баш се' како што изгледа. И да ќе ми биде сомнителен дека е геј. Ако е верник како тебе уште на старт не ни почнувам врска.
     
    На sesilija, Gosh, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Вашиот заклучок е:
    >>Не можам да разберам како жениве не сфаќаат дека е геј. Посебно кога ти вади вакви глупави фори и не сака да биде интимен. Кој маж побогу не сака да биде интимен со девојка му?! <<

    Значи или момчето сака/настојува да е интимно со девојката или е хомосексуалец. Тој Ваш заклучок ме иритираше. Во случајот што го произнесовте било така, ама тоа не значи дека е правило. И не мора само да е верата. Јас се надевам дека постојат луѓе кои, иако не се верници знаат што е морал.

    Слично вака една жена, чиј маж беше обвинет за (ненасилна) педофилија, си го бранеше мажот: „Не е маж ми хомосексуалец, па да нема односи со некоја која му се нуди“.
     
    На Kameo и HUNK им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    не молчи слободно кажи си што ти тежи на душата, ке си кажеме и ние, ама ич не се потресувај за нашето кажано :D
     
    На Дугокоси Швалер и kjukli им се допаѓа ова.
  7. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    За жал постојат и тоа повеќе неголи што мислиме, познавам полно лични примери и од поблиската фамилија, мажов и женава се во брак долго време, веќе скоро 40 години, мажов не ја ни бакнал жена му повеќе од 10 години, не сака да има секс со неа,а и као помлади немале којзнае каков сексуален живот, не знам не кажиуваат, имаат 2 деца, сеа не викам стари се ама мажов е во топ кондиција, а женава е очајна за секс, како побеснета е, само му црка вика, го провоцира и на сите комшии се жали како тоа мажот и не сака секс со неа и не ја допира нит бакнува веќе со години, и прашува дали е тоа нормално, имаат околу 60тина години.
    А познавам и млади такви парови.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    ти знаеш дека има жени кои самата помисла дека имаат сопруг ги пали?
    ти знаеш дека има жени кои сметаат геј дечките се сите како (порано што се облекуваше/однесуваше а и дел сега) боки13?
    ти знаеш дека има жени кои сметаат дека геј дечките се у ствари трансородови лица?
    ти знаеш дека има жени кои носат невидлив психолошки огламник околу главата?
    ти знаеш дека има жени кои не се ценат и мислат дека баш него го нашле како оптимално решение а појма немаат дека тој сака мажи?
    ти знаеш дека има жени кои никогаш не ја искусиле благодетта од сексот?
    ...
    а има и жени (ретки) кои знаат па не преземаат ништо околу тоа.
     
    На Дугокоси Швалер и Sesil им се допаѓа ова.
  9. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    што дека се млади, кога има жени кои појма немаат од модерниов живот и новиве модерни бранови. ја мислат мкд е исклучок од дешавкиве
     
  10. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    јас сепак би ги тргнал на страна повозрасните парови

    дајте помладиве, кое би им било стојалиштето на тие млади невести/сопруги и сл. за предметнава тема?
    мислите дека знаат?
    навистина се придржувам да не пишувам примери од работа пошо ќе е крајно непрофесионално.

    ако некоја од вас е загрижена (апропос темата), а не сака на форум, нека ме праша за некои појави евентуално чудни или доколку има прашање во директна порака.
    Не сум советник за такви работи ама од работата со пациенти имам искусено приказни од животот.
     
  11. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    или јас што се шалам:

    жени, во имениците во телефоните на вашите сопрузи барајте го „митко-стопанска“ не барајте женски имиња. :)
     
    На MajklMK, Victorian, Дугокоси Швалер и 2 други им се допаѓа ова.
  12. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Па да и тука си во право, ако мислиш на модерни бранови, дека по Европа веќе и не се склопуваат бракови, туку се практикува заедничко живеење, тогаш да, нашиве се заостанати и мислат, дека мора да се омажиш за да не ти "фали" нешто, оти пупу скраја да е немажена да останеш, или да живееш со некој неформално, тоа неможе, рокчиња ќе ти никнат.
     
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Извини вaкa штo влетувaм кaкo мaрсoвец....aмa сo кaкoв вид нa пaциенти се зaнимaвaш?
     
    На Kameo, glosipgirl, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Мене воопшто не ме изненадува оваа појава и апсолутно верувам дека е вистина. Мислам дека најголемиот процент на хомосексуалните (и бисексуалните) мажи во државава всушност се во хетеросексуални бракови.

    Во светот процентот на хомосексуално население, во зависност од анкетата, студијата и земјата, се движи отприлика од 3 до 10% (некаде и повеќе), додека според една анкета дури 36% од машкото население во САД имало барем 1 хомосексуално искуство во животот. Да се мисли дека Македонија е исклучок од светскиве бројки е да се живее во заблуда – хомосексуалноста не е општествена девијација, туку дел од природата и биологијата на животните и на луѓето. Што значи, според истиве бројки, во Македонија би требало да има помеѓу 60000 и 200000 хомосексуалци. Арно ама, каде се? Бидете искрени и кажете колку хомосексуалци познава секој од нас – ретко кој воопшто и знае некој, а и тие што знаат, можат да ги избројат на прстите од едната рака. Што значи, најголем дел од геј-популацијата кај нас води хетеросексуален живот.

    Е сега, како е можно таквите мажи да имаат семејства – жени, па дури и деца, и како и зошто ги лажат – мислам дека е ова малце покомплексно прашање и не треба да избрзуваме со осуди и мислења како тоа што ги лажат сопругите не е во ред.

    Мислам дека повеќето од нив се успешни во своите лаги и глумењето на хетеросексуалци во најголем дел затоа што и тие самите себе се лажат во однос на својата сексуалност.

    Израснати сме и живееме во средина во која хомосексуалноста се смета за нешто неприродно, ненормално и погрешно. Уште од најмала возраст децата дознаваат дека зборот „педер“ е една од најголемите навреди за нечија машкост, а за хомосексуалците секогаш се дискутира со гадење и презир. Секое дете што ќе сфати дека има хомосексуални склоности, од нив се плаши, смета дека нешто не е во ред со него и истите ги потиснува и најчесто одбива да си признае дека воопшто има такви „неприродни“ чувства. И поради тоа, под притисок од семејството, пријателите и општеството, а и притисокот кој сам на себе си го наметнува за да биде „нормален“ ваквото дете кога ќе порасне во возрасен човек со сите сили се труди да има нормален, т.е. хетеросексуален живот. Иронично, многумина од нив се и жестоки и агресивни хомофоби – токму поради потиснатите чувства кои не сакаат да си признаат дека ги имаат.

    На тој начин, многумина имаат девојки, се женат и имаат деца – и го живеат животот одбивајќи да признаат дека имаат хомосексуални склоности. Потоа, во одреден момент, можеби конечно ќе соберат храброст да расчистат самите со себе во однос на својата сексуалност или можеби ќе сретнат некој пријател-хомосексуалец, кој ќе ги привлече и со кого конечно ќе можат да ги реализираат своите потиснати сексуални желби. Но, повторно чувствуваат грижа на совест поради тоа што го прават или пак, поради страв од осуда од средината или можеби поради децата – сепак остануваат во хетеросексуални бракови.

    Затоа и велам дека не треба да се избрзува со осудувањето на ваквите луѓе – не е лесно да го живееш целиот живот во средина во која сите велат дека чувствата кои ти ги имаш се ненормални, неморални и грешни и не е чудо што најголем дел од хомосексуалците не се искрени и отворени за својата ориентација дури ни пред самите себе.

    Единствената жалосна работа е што кај нас хомосексуалците најчесто се оневозможени нормално да си бараат партнер поради општествената стигма кон геј-популацијата, па се принудени да имаат односи со рандом геј-типови, поради што и се поизложени на сексуално преносливи болести.

    Во секој случај, не ми се јасни оние кои велат дека им е жал за нивните деца – дали некој е добар родител воопшто не зависи од тоа дали е хомо или хетеросексуален.

    А што се однесува до нивните сопруги, не треба поише да ги жалиме од оние чии мажи ги изневеруваат со други жени – неверство е неверство, зарем е битно со кој е направено?
     
    На sparklie, sesilija, referentka и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    Сексуално преносливи инфекции и ризично сексуално однесување.

    *ова не ми е назив на работата, ама некои 85% работам тоа
     
  16. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Амa ти нaместo дa ги oпрaвaш тие ризичните, се зaфaти дa ги oпрaвaш нивните женчињa, a ...:lol:
    Се шaлaм.. Мислев декa мoјaтa рaбoтa е oдврaтнa aмa вo спoредбa сo твoјaтa...(facepalm)
    А сo жени дoaѓaaт нa лечење или и тoa гo кријaт?
     
    На referentka, sjdgo, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Затоа и претпочитам да живеам во општество каде „педерот“ ќе биде слободен да каже дека е „педер“ и никој нема да го осуди :) ќе биде нормално да е тоа што е јавно и сепак да биде спортист, мажиште или да биде невесте. :) Мада, немам илузии дека и и во најдобариот случај, кога не би имало било каков притисок од општеството ќе има вакви случаи и понатаму, ќе има такви кои ќе се борат со своето и уз пат ќе упропастат пар животи..макар и на несакање ,наивно и невино. Сепак, мислам ќе се помалку.
    Знам инаку за вакви примери. Жални се, ради децата најмногу. :)

    И одма ми текна на филмов: Normal (2003) и одеднушка, дежа ву ми е муабетов. :)
    Веќе сум дрндала за истиве работи, тука, на фемина. цц:D
     
    Последна измена: 12 август 2016
    На Bozica1980 и Kameo им се допаѓа ова.
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    А што демек ако некој хомосексуалец се пресели во некоја држава каде што ќе може слободно да каже дека е тоа, таму ќе му цветаат ружи??, па сега скоро во Америка еден човек влезе во геј глуб и уби 50 хомосексуалци, во Македонија можеби се осудувани и омаловажувани ваквите луѓе ама колку што знам никогаш никој не е убиен само затоа што е хомосексуалец.
     
    На sjdgo, anaja1 и HUNK им се допаѓа ова.
  19. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    Еднаш се има случено тоа, ама мораше сопругата да дојде.
     
  20. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Мене пак мило ми е што има повеќе вакви теми на форумот и што полека се рушат табуата.
    Секој заслужува да живее како што сака.
    И не знам од каде доаѓа воајеризмот во нашето општество па се секираме кој со кој спие, во какви пози, какви им се фетишите на луѓето...
    Што корист имам јас од тие информации?! Што мене во животот ќе ми смени тоа што комшијата оди во кревет со маж а не со жена?! Ми е гајле другите што прават и со кого се во брак. Тоа не е моја работа, а не е ни ваша.
    И апсурдно е некое геј лице да стапи во хетеробрак само за да ги исполни нормите на општеството на кое ич не му е гајле за него. Општество да се грижеше за Геј лицата, толку колку што они се секираат да не му згрешат на општеството светот ќе беше многу подобро и поубаво место.
     
    На theowndemon, teddi, glosipgirl и 8 други им се допаѓа ова.