Верувај дека е обратното. Ако некој бил неверен пред брак, церемонијата на венчавањето нема ништо магично да смени кај него/неа. Тој што си има око што шара по други жени ќе си продолжи да го прави тоа и во брак. Таквите мажи се навикнати на промена на сексуални партнери и посветеноста кон една не ги возбудува. Еве на пример и на овој линк каде што има некаква статистика го пишува тоа: https://www.truthaboutdeception.com/cheating-and-infidelity/stats-about-infidelity.html Infidelity is becoming more common among people under 30. Many experts believe this increase in cheating is due to greater opportunity (time spent away from a spouse), as well as young people developing the habit of having multiple sexual partners before marriage (see young and restless – Wall Street Journal). Еве една добра илустрација: Ако земеш две лепачиња од селотејп и почнеш да ги лепеш по масата, по шкафот, ѕидот, тетратката, фрижидерот итн и на крај кога ќе ги залепиш едно со друго, тие лесно ќе можат да се одлепат потоа. Но ако земеш две селотејпчиња што не биле лепени претходно и ги залепиш, тие многу потешко ќе ги одлепиш.
Тоа зависи од неговата љубов кон неговиот партнер/ка како и од самата контрола врз своите емоции.Оние кои во младоста се учат на морал,се учат и на контрола врз себе.Нив не ги контролираат страстите. Ова е еднакво на: хомосексуалци? Сериозно. Само измислен механизам на Новиот Светски Поредок за контрола врз опшеството и уништување на клерикализмот(кој веќе скоро и да не постои во светот). Значи вака.Има два вида на брака,Верски(во Црква,Џамија..) и Граѓански брак.Верскиот е затоа што според Светите книги(Библијата,Куранот,Талмудот итн) луѓето треба да тражат благослов од Бог за нивната љубов и благосостојба до крајот на животот.И како круна на нивната љубов.Значи се крунисува љубовта(затоа ако си видел на венчавка,на младенците им се ставаат круни,во црква зборам). Граѓанскиот брак се склучува исклучиво заради формално-правни работи.Во случај на развод,како доказ дека тие двајца биле заедно и се што стекнале е заедничко,и да има на суд правилна распределба.Во случај на смрт на едниот партнер,за другиот да може да го наследи целиот движен и недвижен имот итн... Е сега... Значи верски брак неможе да се склучи затоа што ниедна светска религија не венчава хомосексуални прави.Нити Христијанството,нити Исламот нити Јудаизмот дури и се строго против тоа. А граѓанскиот брак,како што пишав не се склучува за крунисување на љубовта туку за формално-правни работи кои ја засегаат државата.И сега,зошто се тражи легализација на граѓански бракови кога истите не се склучуваат заради љубов туку формално-правни работи? Не сум сигурен,нека ме поправи некој ако грешам,мислам дека постои законска можност во Мкд на нотар да се склучи договор за распределба на имот.Нешто како предбрачен договор и ова е еквивалент на брак.Кога и онака е заради државата а не заради емоциите Жал ми е ако мислиш дека граѓанскиот брак се склучува заради крунисување на љубов,некој адвокат или нотар подобро ќе ти објасни од мене Само да се разбереме,љубов постои и кај оние што не се венчани во црква од икс причини,секако Друго,ќе пробам да бидам пократок за ова.Македонија,како центар на Балканот е важен геополитички чвор на овој дел од Европа.Овде се раскрстуваат патиштата Исток-Запад,за Блискиот исток,oвде се наоѓа и т.н Зелена трансверзала.Зошто ова го кажав.Затоа што на општозаедничка несреќа на Балканот,ние сме осудени да се бориме за нашата егзистенција а не за некои работи кои ги засегаат поединци,како хомосексуалците.Глобалните закани како тероризам,хегемонијата на светските сили(и соседните наши држави меѓусебно),прават овде никогаш хомосексуалците да ги немаат тие права.Овде секогаш тие ќе страдаат,сакале ние или не.Таква е геополитиката што ја води светот.. Затоа ми е нон сенс било кој,да тражи легализација на хомосексуални бракови на Балканот.Треба само да ја читате историјата... и ќе сфатите зошто. Сума сумарум,што да ти кажам ? Не ги лажете овие наивни либерални девојки(и останати) кои бранејќи ве, влагаат во брак со вас мислејќи дека сте стрејт,и на крајот завршуваат.. лошo.Има држави кои го имаат легализирано тоа,таму живете,венчавајте се.. правете што сакате.. за ваше и НАШЕ добро
знам затоа што се изјаснуваат. имаш таква изјава и погоре а и дечкото кој се изјасни дека е хомосексуалец пак ти потврди дека не го привлекуваат жени. тоа за што ти зборуваш се бисексуалци. според тебе може со „генералка“ на мозокот да се натера човек да биде привлекуван од обратниот пол од кој што е моментално привлекуван. хм, тогаш би можеле и тие што се стрејт да се направат геј
Баш затоа и ги поддржувам хомосексуалците и ЛГБТ, за да не се ожени некој „геј“ со мене и да живеам живот во лага. Нешто слабо со логика стоиш..
Религијата и државата се одвоени, така што религискиот брак нема никакво правно значење и нема што да го мешаме во дискусијава. Секој има право да си верува во што сака, како и да регистрира верска организација. Зашто тие формално-правни работи што ги викаш добиени од граѓанскиот брак гарантираат одредена животна сигурност и иднина и директно влијаат врз животот на луѓето, што пак не е никаков случај со верскиот брак. Зашто граѓанскиот и верскиот брак се две сосема различни и меѓусебно независни нешта - „светоста“ на верскиот брак нема да ти се наруши во случај да се спроведе бракова еднаквост кај граѓанскиот. Да речеме дека постои нешто такво за имнотни прашања. Тоа значи само нееднаков третман од државата кон нејзините граѓани, тоа значи нееднакви процедури и трошоци за уживање на налик слични права - тоа значи нееднаквост. Во фЗО и јас и ти даваме по 7.5% од бруто-платата, но твоето здраствено осигурување може да го користи твојата парнерка што си ја избрал, мене зашто не ми е дозволено да стапам во граѓански брак со парнерот, тој нема да го ужива правото што го има твојата сопруга. Во случај да се разболе сите трошоци во целост ќе паднат на мој грб - ем 7.5% од плата ми е земено на почеток, ем 100% од цената на здраствените услуги и лекови на парнтерот треба лично да ги плаќам. Ти за ЗО имаш исти давачки, но во случај сопругата да се разболе не плаќаш 100% за нејзино лекување, зашто ФЗО покрива огромен дел од трошоците - и тоа со средствата кои и јас ги вложувам таму. Тука ти си во привилегирана позиција. Причината за склучување на брак е тотално небитна во очите на државата, поединците си знаат за тоа. Она што е битно е и еден хетеросексуален и еден хомосексуален пар да имаат еднакви правни можности и државата да не привилегира никого како што е случајот со здраственото осигурување. Не би знаел од кај да почнам да ја коментирам неповрзаноста на нештата што ги нареди. Ќе претпоставам дека тролаш. Жално е што Макеоднија губи вреден и квалитетен млад кадар поради вакви размислувања. Секој втор млад човек не си ја гледа иднината тука - и за тоа Америка не е крива.
Дечки, не дека сакам да навредам нешто или некој, ама: Зошто, кога религијата е коренот на сето земско зло, постојано ја наметнувате како фактор? Зошто мора религија да мешате во се? Нели ви е смачено после сите срања која таа религија ги носи постојано да ја мотате? или немате други факти и си тролате до бесвест? Да би бил админ, секој пост што споменува религија би го избришал веднаш.
Значи, тоа се научни факти со кои се плука по сите, а се оправдува своето...немој така, Бог ќе те казни... На цел форум, еден админ има,а и жената си е на породилно, па си користат максимум. Особено овие со тројни акаунти што се...
Не се сите тролови...познавам луѓе со вакви ставови.. цел живот го водат според една книга (се знае однапред како и што им следува во животот) и не пробуваат да уклучат една мозочна клетка. А најинтересно е што живеам на „запад“ и познавам луѓе од различни држави и религии. Немојте да мислите дека само во МК вакво размислување има...
Не, конкретно зборам за 3 - 4 членови со исти профилни слики, размислувања , начин на пишување и изразување...Си знаат они кои се...
Па не е се така црно, еве на пример јас би ги прашал хомосексуалците од Македонија дали им е подобро на нив овде каде се омаловажувани и осудувани или пак им е подобро на некои хомосексуалци од Алжир, Либија, Египет,Кенија, Етиопија, Сомалија и уште многу други држави во светот каде што се лежи во затвор само заради истополни сексуални активности, додека во Македонија тоа е легално.
Па како, да си го поарчат кревкиот мозокот сакаш ти . Скраја било. И фондовите ќе се растеретат барем. Или си знае он(а) кој(а) е...
Дами и господо, на кои ви смета нашиот (верскиот) поглед на светот треба да сфатите дека не живееме ни во времето и државата на Ленин, ни во времето и државата на Енвер Хоџа, ни во времето и државата на Диоклецијан. Ние верниците ги имаме истите права и обврски кон државата какви што права и обврски имате и вие на кои им смета верничкиот поглед на светот. Нас не ни пречи што ги имате истите права. Ако не ви одговара тоа што ги имаме истите права и обврски, и ако сакате да не` направите граѓани од втор ред - пробајте законски да го направите тоа. Преку собранието на Р. Македонија или пак ако не, можете да пробате да кренете револуција. До тогаш не може и не смее да ви смета тоа што за моето (евентуално) лекување се трошат пари од државниот фонд за здравство, кој патем и јас го полнам. Дали верниците имаат кревок или пак крепок мозок не може да се докаже или покаже преку дискриминација, туку на пример со спроведување на статистичко истражување... Оти и јас можам да тврдам дека некој е глупав, ама ако немам докази да го потврдам тоа тврдење, потврдувам дека само му завидувам поради нешто. И дали некои профили припаѓаат на иста личност, можете да проверите преку проверка на ИП адресите, а не преку изнесување на неосновани претпоставки. (Баш ме чуди како може некој да претпостави дека јас на пример пишувам и од профилот на @EvAngelos ???) И да не заборавиме дека ако не беше нашата вера Христијанска, светот ќе беше поинаков, многу поинаков, а словенските народи или немаше да постојат или ќе беа неписмени. Не надевајте дека коренот на западната цивилизација е токму Христијанството, колку и да сака некој тоа да го заборави или надмине.
религијата спаѓа во лично верување и убедување и лично делување. тоа за мене е интимна работа. кога станува збор за дисусија, особено таква помеѓу многу луѓе, навистина не е потребна за интеракција и треба да остане подалеку. толку од мене за ова, забегувам надвор од темата.
Значи верата да си ја чуваме за дома, а сексуалноста ќе ја вадиме и прикажуваме по улиците, телевизиите, форумите... Како што Вие имате право да напишете - верата да си ја чувам за дома, така и јас повикувам: „Интимноста чувајте си ја во спалната соба, оти јас ќе си ја извадам верата“.
Убаво кажано ова за религијата од Аматер, се согласувам. Си го кажав веќе своето мислење и сакам уште ова да додадам. Случајно прочитав во друга тема како една „госпоЖа“ се изјаснуваа како ја нервира кога некој сака да се разбијат табуата. А истата таа е барем еднаш разведена. Муабетот ми е: да немаше разбивања на табуата (читај: да не се развиваше свеста на народот), таа истата и многу други ќе беа одбивани и ден денес од општеството. Али таков народ сме, ако не не засега нешто лично, може да сме доста „покварени“. Толку и од мене.
Мислам дека е илузорно да очекуваме на било која тема која се занимава со хомосексуалноста да отсуствуваат коментари со религиозна содржина. Пред се, бидејќи 99% од луѓето кои се против хомосекусалноста го имаат тоа мислење токму поради своите религиозни убедувања. Затоа и аргументите им се најчесто у стилот „Тоа е грев и е забрането од таа-и-таа религија“ или „Да требало така да биде, Бог ќе ги создадел Адам и Адам, а не Адам и Ева“. Постојат и малце пософистицирани аргументи против хомосексуалноста, но кои повторно се со религиозен корен, како „Тоа не е природно (или нормално), затоа што целта на животот е имање потомство“ или како „Хомосекусалноста е болест“ или „општествена девијација“. Нормално, ниту еден од псевдо-научните аргументи „против“ не држи вода - што значи, остануваат само религиозните аргументи против хомосексуалноста, кои не можат да се оспорат со факти како другиве „докази“, бидејќи воопшто не се докажани in the first place. И навистина, ако размислиме малце подлабоко, освен религиозните, други аргументи против хомосексуалноста нема, и баш поради тоа не може да се очекува дека може да се води дискусија на оваа тема без притоа да се вмеша религијата. Во секој случај, времињата се менуваат дури и кога е во прашање религијата, односно поконкретно христијанството, па денес низ целиот свет постојат повеќе цркви и деноминации кои ја прифаќаат ЛГБТ заедницата, дури и во свештенството. Знам дека ова е нешто од што на нашиве верници ќе им се крене косата на главата, но реалноста е таа и порано или покасно, сите ќе мора да ја прифатат. Некогаш се сметало дека и брак помеѓу припадници на две различни раси е нешто погрешно или неприродно, ама денес ова е сосема нормална и секојдневна појава во светот. На темава, мислам дека сите ќе се сложат дека ваквите бракови се непожелна појава - ниту хомосексуалците сакаат поради разно-разни општествени притисоци да влегуваат во хетеросексуални бракови и да живеат во лага, ниту хетеросексуалците би сакале да завршат во ваков брак со некој, само за да може да се задоволи некаква општествена норма. И затоа, единствениот начин да се искоренат ваквите бракови е да се прифатат хомосекуалците како најнормален дел од општеството и да им се дадат потполно истите права како на хетеросексуалните двојки. Едноставно, секој да може да си го живее животот како сака и со кого сака, на начин што ќе го направи среќен.
Тој еден човек, беше клозетиран хомосексуалец муслиман, кој ради домашни притисоци и од околината, завлегол во екстремистички води, и од дилема да избере религија или свое јас, го одбрал првото, и го одбележа масакрот како во чест на ИСИЛ. Кај нас со естремистите сега за сега дејствуваат заедно, затоа што имаат за заедничка цел сегашната власт да падне, затоа не гледаш такви глупости. Али за луѓе како нас, бетер од Смиљковско не чека ако мрднативе го добијат тоа што го сакаат. И во двата случаја, да не е исламот, немаше да има жртви од таков вид, или барем тој немаше да им биде изговорот, нити ќе го правевме овој муабет. И тоа што го презентираш не е аргумент. Онаму е полошо, така да ќути си и трај си и биди среќен што си роден овде. Ако така сите размислуваа, ништо немаше да се постигне во едно општество. Тоа што негде е полошо, не значи дека тука не треба да се вложи напор да биде подобро од што е.
Па знам јас кој е човекот кој ги изврши масакрот, само незнам колку е точно ова дека бил хомосексуалец, бидејќи бил женет претходно, али како и да е поентата ми беше дека ако таму ги имаат сите права не значи дека се безбедни, и таму има секојдневна дискриминација на хомосексуалците. И не се дискриминирани и напаѓани само од мисламани туку од сите, а и муслиманите не се многу во Америка, тие се само 1%. Јас само дадов компарација дека може да биде многу полошо отколку што е овде, и тоа во голем број на држави во светот е полошо, не велам дека кај нас е добро ама барем не се оди во затвор само затоа што некој хомосексуален пар има сексуални односи. Еве погледни овде да видиш какви се казни постојат за хомосексуалците во одредени држави. https://en.wikipedia.org/wiki/LGBT_rights_by_country_or_territory