1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хетеро брак со геј маж

Дискусија во 'Брак' започната од Amateur, 11 август 2016.

  1. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    Види насловот
     
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Е може да е бил ваков случај, али тоа никогаш нема да го дознаеме, може само да претпоставуваме.
     
  3. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Свесен сум за ситуацијата и статусот на ЛГБТ луѓето во други држави, и колку полоши животи имаат од тој јас што го водам овде. Пак ќе кажам, во право си дека е полошо, ама тоа не треба да е изговор да се тапка во место по ова прашање. Сите маргинализирани групи и малцинства во Македонијава се вметнати во Законот за Антидискриминација, освен ЛГБТ луѓето. Значи не збориме геј бракови и геј паради (за второво сум и против, како и грото хетеросексуалци), туку за еден плукнат Закон за Антидискриминација. Кој ќе придонесе еден геј дечко или девојка да не мора да глумат пред светот дека се нешто што не се, или да измислуваат, особено не на работно место, што вакви закони носат заштита некој да не летне од истото ради тоа што се геј.

    И џабе сите кампањи на владата за прифатливост, еднаквост и антидискриминација кои ги промовираа пред неколку години кога упорно една иста популација ја дискриминираат пред законот. Хипокрити пар екселанс.

    А тоа некој да ми дроби дека биле конзервативни или традиционално ориентирани, или политички биле десно-ориентирани, па демек затоа ЛГБТ луѓето се ставани во трета класа граѓани, таа митологија на друг да му ја продаваат. Светот е сведок на бројни држави со десно-ориентирани, конзервативни партии, кои сепак нашле заеднички јазик со ЛГБТ луѓето и тераат интегрирана средина. Тоа дека едно со друго не иде е само масовен булшит. Ете ја спомна Америка, конзервативците и десната страна веќе одамна не водат хардкор војна против геј заедницата. Напротив, ако ги ставиме настаните со муслиманските напади на страна, геј лобито е во директна војна со конзервативнат класа и десничарите таму (кога хомосексуалец ти го кажува ова, тогаш има нешто).

    Христијаните и Евреите таму се одамна реформирани и не им е многу гајле за ЛГБТ луѓето, ќе промрчат од време на време малце ама тоа е тоа. Нема директна анти-геј кампања. Истото важи и за други религии, како хиндуистите, џаинистите и сиксите. Само муслиманите се уште имаат проблем, и јасно и гласно го укажуваат тоа, како и преземаат директни мерки. не само Америка, него и надвор од неа. Во Велика Британија неодамна се изјасниле околу повеќе од 35% муслимани дека хомосексуалноста треба да е криминализирана, и повеќе од 60% за воведување на Шеријат и сл. А таму има прилично големо муслиманско население кое продолжува да се зголемува (една од главните причини за Брегзит беше напливот на мигранти и квотата што ја бараше Унијата од сите држави да се исполни, и која тек допрва ќе растеше затоа што се очекува нов поголем бран мигранти и азиланти).

    Врти сучи, се враќаме на исламот. Едина религија денес, која има нешто против до толку за да и дејствува директно. Кај нас повеќе мрчат христијаните затоа што имаме илузија за секуларна држава која се освежува откако ќе завршат избори, а се остава да избледи за време на избори и во вакви ситуации, кога се бранат "традиционалните вредности".


    PS: Дечкото што утепа 50ина хомосексуалци во Орландо е два пати женет. И двете жени сумњале дека има нешто, а и виден е како често се мота во геј барови со мажи. Провери кој му е татко и се ќе ти стане јасно со каков степен на притисок и осуда сигурно се има соочено од дома. Можам да претпоставам и дека актот бил повеќе ултиматум од дома произлезен, него ли личен избор/идеја.
     
    На Nigredo Odor, Victorian, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    јас тука ќе додадам нешто индискретно ама доста вистинито:
    имате слушнато дека голем број на женети вмровци се у ствари геј?
    Епа да. Точно е.
     
    На supertoasty, Bender Rodriguez, Хиперион Кантос и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Па хетеросексуални мажи со 0% комплекси, забуни и прашалници околу својата ориентација нема да се замараат со педери, колку тоа им штетело на нив, дека ќе им се пуштале (прочитав и таков бисер неколку страници наназад, демек по секое машко трчаме, уште па стрејт ако е ... абе премија!), па леле-немој-децата-што-ќе-виделе-тип-на-душебрижници од прва класа. Право машко ќе се насмее на поим геј брак, и ќе излезе со изјава налик "Ич не е моја ствар, али не сум против, пошто повеќе еманципирани педери значи повеќе слободни жени за мене и помалку конкуренција од клозетирани педери". Нема да дрнда за морал, етика, традиција, религија, или некоја нонсенс теорија на заговор за крах на цивилизација.

    Така да ќе се согласам. Последниве атрибути се доста присутни кај ороводачиве наши, како и нивни медиски подржувачи. Тие што се најгласни со анти-геј ставови, најчесто имаат причина зошто нешто ги сврби у ребро толку јако кога се работи за хомосексуалност и хомосексуалци.
     
    На Victorian, supertoasty, Dabria и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MajklMK

    MajklMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Мене пак, многу ми е смешно (на нехумористичен начин) кога некое стрејт машко ќе го каже тоа „поддржувам геј бракови зашто повеќе женски за нас ќе има“. Последен пат кога проверив статистики сите женски не беа стрејт, па мислењето дека ќе ти се прошири „пазарот“ на слободни женски заинтересирани за тебе е илузорно. Како што геј мажите ќе си се состават едни со други, така и лезбејките. Реалноста е дека пазарот само ќе се „прочисти“, при што, заедно со потребата од паравани, ќе падне веројатноста да станеш дел од нив.
     
    На Nigredo Odor, Victorian, supertoasty и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Да, процентот достапни партнери ќе остане ист, доколку хомосексуалците и лезбејите беа во параван бракови (а има и такви комбинации, далеку похумани нели?) но ако ја земеме светската проценка за просечното нехетеросексуално население и го проектираме тоа на државно ниво кај нас, тогаш не сме повеќе од 2%. Или еве, дарежливо оптимистички, 5%. Од тие 5% барем 4% ќе влезат во параван бракови или врски (тој 1% се тие отворено геј, или "стрејт" вечни ергени). Што значи во најмала рака, би имале 4% поширок базен на можности :D.

    Не знам колку разлика прави кај хетеросексуалци тоа, али кај нас да се зголеми популацијата на достапни партнери за 4%, ќе славиме xD (зошто и сега е како повеќето да се кријат под камења, и излегуваат само ноќе, like boogeymen. Или поправилно би било boogaymen? :D)
     
    На MajklMK, theowndemon, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Јас мислам бракот може да успее доколку жената знае да го задоволи мажот шо викаат на англиски со prostate massage :). И обратно за жените, мажот да знае со јазикот или раката да ја качи жената на седмо небо.
    Доколку се има разбирање помеѓу нив двајца, физичкото задоволување јас мислам е површинско.
     
  9. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    голем дел од СПИ се пренесени баш ноќе, во криење
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.198
    Пол:
    Женски
    Тие жени во такви бракови се потполно свесни. Не може жена да не сфати дека има работа со геј, лесно се препознава. И не, притоа не е феминизираност во прашање.
     
  11. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    кажав и погоре, дека скоро и да нема повеќе феминизирани геј мажи
    речиси и да не постојат
     
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.198
    Пол:
    Женски
    Ама ако мислиш дека поради тоа не се препознаваат, во голема заблуда си.
     
  13. Bojana_Ilcevska

    Bojana_Ilcevska Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам колку е лесно да се препознае, доколку мажот е навистина упорен (шо е многу погрешно). И не би знаела како би реагирала доколку ми се случи мене .....
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.198
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаме природен механизам. Сите за кои се испоставило дека сум геј, пред да разберам, сум претпоставувала. Има нешто во самиот став на маж кој е наклонет кон својот пол, што го двои од хетеросексуалец, не можам да опишам и да објаснам точно. Чудно, но слична енергија сум забележала и кај некои затуцани хомофоби, женомрзци, „швалери во обид“... Латентни хомосексуалци.
     
    На Victorian, Хиперион Кантос и Amateur им се допаѓа ова.
  15. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    а не не, пишував погоре за тој стереотип кој веќе го нема.
    тоа беше поентата
     
  16. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Да, и тука може да има cover приказна. Затоа што има голем дел од хетеросексуалното машко население кое не само што обожава масажа на простата него и доста навлезени се во pegging субкултурата. Актот нити ја прави жената нешто што не е, нити машкото го прави геј (затоа што преферира тоа да го прави ексклузивно само со жени). Параван брак на овој начин може да успее, дали мажот е хомосексуалец или па жената е лезбејка. Мислам дека е малце полесно за лезбејките затоа што повеќето и така и така користат играчки во форма на пенис, па мажот или играчка или самиот пенис ако го користи може до некој одреден степен да ја задоволува клозетираната жена лезбејка. Има лезбејки и што не користат помагала, или не сакаат било каков инсертивен секс и тука е веќе комплицирано ако дојде до брачни води. Му доаѓа како некоја бизарна, морбидна форма на силување (мажот нормално не е свесен, али лезбејката ќе биде цел на трауми).

    Друго ми беше поентата, се надевам се разбравме, но да, и за ова ќе се согласам. Една од листа на работи за кои ја критикувам геј популацијата. Само да знаеш, ова не се должи на неедуцираност и сл. на локално ниво, кај нас. Ова е синдром во светски рамки. Мислам на порастот на СПБ, посебно ХИВ, кај геј и би популацијата (кои после можат да го пренесат на стрејт жени/мажи), иако имаше голем пад крајот на 90те и почетокот од новиот милениум. Но последните 5-6 години има ненормален пораст, а тоа се должи на цените на лекови и терапии за ХИВ инфицираните, кои со време ете сега станаа прилично достапни и скоро секој може да си ги дозволи, и наместо менталниот склоп да е "да се спречи пред да се лечи", имаат навика да ги оправдуваат и релативизираат состојбите на интелектуално ниво на амеба: "Што дека имам ХИВ, кога со лековите, терапиите, сведен е вирусот на undetectable". Али за да стане некој undetectable, прво мора да го фати, а се знае како го фаќа. И нормално се води евиденција, секоја индивидуа влегува како бројка во статистиката да билда процентажа, и нормално тие што го пратат статусот на ХИВ и СИДА во светски рамки ќе бележат пораст, особено на запад, и тоа во развиени земји, и некој со грам мозок повеќе ќе крои прашалници над глава, како е тоа можно и зошто... Добро прашање, за кое најголемиот број ХИВ-позитивни хомосексуалци, не само тука, него и надвор од МК, немаат одговор.
     
    Последна измена: 24 август 2016
    На MajklMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    8.216
    Имам колег на работа женет и добил ќерка во бракот,а он да ти биде геј.Се развеле после и се регистрирал со неговиот партнер.Ќерка му тинејџерка знае каков е татко и и нема проблеми го прифатила и се во ок однос.
    Не сум блиска со него ама мислам дека бракот му бил само за потомство.

    Туку прашање кое ме копка и не знам каде да го поставам:lol:.Дали во геј врска секогаш едниот партнер е пасивен-се однесува како жена,а другиот е мажот.Или се менуваат.Истото ме интересира и за лезбејските врски.
    Чиста љубопитност,а сум немала некој близок кој е лезби/геј да го прашам:$
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.198
    Пол:
    Женски

    :D

    Ај нека ме редактира модераторот. Фала.
     
    На MajklMK, Victorian и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Машки
    Не. Се менуваат.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Да не е само Фројдовски лапсус... :D
     
    На MajklMK, Victorian и Хиперион Кантос им се допаѓа ова.