1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хигрома на зглоб

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од pinkiepumpkin, 26 август 2020.

  1. pinkiepumpkin

    pinkiepumpkin Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Хигрома на зглоб претставува израсток на зглобот на раката.
    Станува збор за бенигна формација којашто има облик на капсула или циста. Малкумина знаат дека ваквите израстоци не се само естетски недостаток, туку можат да претставуваат вистинска закана за вашето здравје.
    Каде може да се појави?
    Најчесто, израстокот се појавува на рачниот зглоб и може да биде затегнат или мек на допир. Но, во ретки случаи може да се развие и на следниве места:
    [​IMG]
    • На површината на дланката, во центарот или блиску до палецот.
    • На внатрешната површина на прстите, во пределот на фалангата или зглобот.
    Причини за појава
    Не е секогаш лесно да се одредат причините за појава на цистата, но постојат неколку основни фактори кои ѝ се познати на современата медицина:
    • Постојана слабост на остио-артикуларниот систем.
    • Неодамнешна повреда, шинување или неправилно заздравена скршеница на коска.
    • Дегенеративни заболувања на зглобовите и воспаление на меките ткива на рачниот зглоб.
    • Продолжени и повторливи движења на рачниот зглоб, што е чест фактор кај музичарите, шивачките и оние коишто многу работат на компјутер.
    Симптоми
    Навидум, израстокот се појавува без особена причина. Големината на цистата варира од човек до човек. Понекогаш може да остане непроменета неколку години, додека во други случаи, израстокот може драматично да се зголеми за само неколку дена. Појавата на цистата е придружена од следниве симптоми:
    [​IMG]
    • Потешкотии во движењето на зглобовите при истегнување на прстите и рачниот зглоб.
    • Кожата на израстокот станува црвена и почнува да се лупи.
    • Тапа болка што се јавува како последица од иритација на околните ткива.
    • Зголемена или намалена чувствителност на кожата предизвикана од фактот што цистата им создава притисок на крвните садови и нервните завршетоци.
    Дали сте се соочиле со ваков проблем?
    Дали сте го решиле и на кој начин?

    Мене ми се појави пред година дена, до сега немав никаков проблем, но сега ме боли многу при движење на дланката.
    За операција не можам сега да правам... Дали знаете некој лек?
     
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    4.423
    Пол:
    Женски
    Го реши ли проблемот? Што направи?