Хипноза

Дискусија во 'Психологија' започната од blueeparadise, 18 јануари 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    4.082
    Сметав дека темата е за тука и затоа тука и ја сместив. Ако има некоја слична или не поттикнува дискусија, слободно заклучете ја. :!: Имам многу читано за хипнозата, и на интернет и во некои книги кај вујко ми што никако не ми ги даваше да ги читам. :wasntme: Понекогаш би сакала да бидам некој видовит човек или на пример психијатар што би извршувал хипноза на други луѓе. Многу ме интересираат ваквите теми. Еднаш сакав да си направам само хипноза и побарав на интернет. Не паметам баш многу, но на упатството пишуваше нешто собата да е потполно мирна и никој да не ме вознемирува, да биде темна по можност и да се ослободам од секакви мисли, да се смирам, да избројам до 20 и да ги затворам очите. Јас се потпрев на столицата, во себе бавно броев до 20 со затворени очи и незнам почувствував некое чудно чувство, како некои вибрации во телото, и некое смирувачко и релаксирачко чувство во мене. Почнав да ја вртам главата лево и десно и некако бев како во полусон, за малку ќе заспиев. Тогаш почнав да одбројувам наназад, и полека почнав да се 'враќам' во реалноста. После тоа, сум се обидела да го направам истово ова, но не ми успеало. :?:


    Дали некогаш сте си направиле само хипноза, вас ве хипнотизирале или некој вие сте хипнотизирале?
    Дали би сакале на пример да бидете по професија психијатар и покрај другите работи да го правите и ова?
    Дали сте доволно информирани за ова, дали ги знаете негативните и позитивните страни од ова искуство?
    Дали хипнотизиран човек може да направи нешто кога ќе му речете, по своја волја или не?
     
    На Cloee и nedzma им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    А да се објаснеше малку повеќе за хипноза ?
    Искрено не сум ич информирана за ова.
     
  3. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Уау интересно. Ќе пробам можеби,но собата темна не ми е бела ми е ама ајде не мора вика по можност. Инаку би сакала да бидам психијатар и да вршам хипнози врз луѓето некако ме интересира сето тоа. А инаку можеш ли да ни кажеш малку повеќе за добрите и лошите страни на хипнозата? Благодарам од напред. :)
     
  4. caci-18

    caci-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Pred se dobar den,nova sum ovde...pa sakav da iskomentiram malku za hipnoza...znaci vaka hipnozata e izmeneta sostojba na svesta...ne sum bila pod hipnoza,no sakam...znaci koga si pod hipnoza,ti ne si svesen sto pravis i sto se zboruvas,a ja zboruvas samo vistinata...a od koga ke se razbudis ne se sekavas sto si kazal...e sega znaeme deka lugeto svojot mozok go koristat samo 10 posto,drugite 90 ne...e tamu navleguva hipnotizerot i ti se sekavas na se,moze da te vrati duri vo vremeto koga si bil 2 godini i da se setis na se do detal,se veli deka mozelo i da te vrati i vo prehodniot zivot,no za toa neznam...hipnotizerot isto taka moze i da te odvikne od strav,od pusenje...znaci kako i sekoja druga rabota ima i dobri i losi strani...dobroto e toa sto moze da te navrati vo minatoto i da se setis na raboti na koi sto treba,a losite se: ne si svesen,ne se sekavas sto si zboruval i vo nekoi slucaevi moze da dojde i do smrt,retki se,no postojat,toa se slucuva dokolku hipnoticarot saka da te vrati nazad,a ti nesakas i sakas da prodolzis...i zatoa koga si pod hipnoza mora da ima strucno lice so tewe,sama nikako... ova go znam bidejki go imam uceno ova i imam zboruvano so mnogu psiholozi na ovaa tema....pozdrav se nadevam deka pomognav
    [mod-kirilica:xw1s4ndg][/mod-kirilica:xw1s4ndg]
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    Колку што знам хипнозата се применува и во некои разоткривачки служби FBI, CIA итн. за да се сети личноста детално на некои нешта.
    Значи те хипнотизираат и ти викаат сети се каде беше тогаш, и ти се враќаш на тоа место и можеш се да видиш.
    Имаше и еден вид ако го следиш движењето на часовник, пенкало ти се поматува умот и си хипнотизиран да работиш под одредени инструкции од лицето кое те хипнотизирало.
    Иако хипнозата не создала некоја егзотична слика за себе, илјадници лекари во светот ја користат. Исто така бројни спортисти, сликари , музичари, па дури и научници ја применуваат.
    Денес во Германија околу 5000 лекари им помагаат на своите пациенти со хипноза. Во други европски земји бројката е многу поголема. Постојат дури и цели клиники кои лечат со хипноза! И покрај се има прмногу предрасуди...
     
    На okcenzi, Feminkaa и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Хипноза- хипнозата, всушност ја користиме, многу често,а несвесно, кога скаме да добиеме нешто, односно манипулираме со некого. Дечко ми емногу навезен, и начитан околу оваа тематика. Па спрема она што го знам од него, хипноза е да прави некои работи, правејќи го свесен дека е способен да ги направи. односно тоа е она, блага или прв чекор да речам. Кога на пример ете јас и велам на некоја другарка која, дотогаш сметала, дека не е способна на нешто, даја убедам во спротивноо и да манипулирам максимално. Мислам дека можно е да бидиш хипнотизиран, само ако го дозволиш тоа не свесно. Тоа е се што сум способна да пишам, во моментот оти ми е мн мака. :)
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.635
    Интересна тема. Иако, никогаш не сум имала прилика да осознаам нешто повеќе на ова поле. А баш ме интересира.
    Чудно ми е како те хипнотизираат.
    Воопшто не сум снабдена со информации на оваа тема - хипноза. Сум читала и на интернет, ама не е тоа што го барам. Еве на пример, на википедија само кажуват дека те хипнотизират на сцена, да играш некои сцени, но моето прашање е „Како те хипнотизират?“
    Што се употребува за една личност да биде хипнотизирана?
    Гледав во сликата 20-30сек. и стварно ми е чудно, како да се внесувам нанекаде. Не можам да го опишам чувството. :lol:
    [​IMG]
    Епа... Баш би сакала да се развие дискусија на оваа тема. Девојки...? :wasntme:
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.320
    Сакам да најдам некој мене да ме хипнотизира ...
    Инаку ,за зафрканција имам хипнотизирано една девојка ,демек осетила нешто ,почна да се расфрла со информации за себе бла бла ...
    Можеби и сум успеала ,ама личноста баш и не ми беше од доверба ...така да ,мистерИ. :(
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    3.542
    Пол:
    Женски
    BeYourself сликата е само вид на оптичка инлузија и нема врска со хипнозата..
    Хипнозата не е сон или несвесна состојба туку суперконцентрација на свеста. Се што ни било запишано сите години постоење ни е во подсвеста.Таму се нашите емоции, трајна меморија и навики..
     
    На Girl777777 и meow22 им се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    И јас многу се интересирам на оваа тема, се што сум прочитала изгледа интересно, но сигурно има и некои несакани ефекти-всушност само затоа и се плашам. Сум гледала некои видеа по интернетов, како демек те хипнотизираат, ама јас не осетив ништо посебно.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.173
    Пол:
    Женски
    Не сум си направила хипноза, нити знам како, не ме хипнотизирал некој, а нити јас сум хипнотизирала некого.Само некако не разбирам, како пример некој би можел да ме хипнотизира, всушност да има потполна контрола над мојот ум. Едноставно мислам дека е невозможно, посебно ако умот ми е преактивен, периодично без мисли - празен ум, а што често ми се случува, а тоа би значело целосна свесност, како и потполна контрола над истиот, а и ако не е тука, тогаш теоретски шанси нема за тоа :D А би сакала да знам како, само не со цел да контролирам некого.
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.169
    Не е дека при хипноза има некој контрола над твој ум... Едноставно, демек ко опуштање на самиот ум, односно нерално длабинско заспивање, ја барем така знам ...

    Само за хипноза потребни се само стручни лица, кои можат и знаат како да хипнотизираат но и истите да те вратат назад ...
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    142
    не сакам да ме хипнотизираат никогаш имам некој страв од тоа
     
  14. RythymFlowG

    RythymFlowG Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Од татко ми имам слушнато дека бил пред 15тина години на саем за хипнотизирање на луѓето.Тврди дека хипнотизерите навраќале во предходниот живот,но било опасно и тој не се осудил да направи такво нешто.Дали имате слушнато нешто во врска со оваа тема,мислам дека е доста интересна,некој верува некој не,но има многу документарни емисии за тоа,немојте да ме критикувате,само сум љубопитна.Фала однапред. =)
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.778
    Пол:
    Женски
    Тоа не е само минута навраќање, не е мерено во минути.
    Ако те интересира повеќе за тоа, оди на youtube и изгледај ги епизодите за реинкарнација (можеби и во други теми се зборуваше) од документарната емисија - на рубу знаности.
    Имаш и други интересни и поучни теми, ако веќе те интересираат такви работи.
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.320
    Познавате ли некој искусен и докажан хипнотизер на нашиве простори?
     
  17. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    77
    Хипнозата најголем подем има кога Фројд ја користел како дел од терапијата. Еве еден практичен пример: негова пациентка имала фобија: секој пат кога ќе се напиела вода и се лошело, но не знаела зошто не сакала да пие вода. Преку разговори Фројд не можел да открие што е, но со помош на хипнозата ја вратил во детството и ја открил причината: од истата чаша од која таа пиела вода, потоа пиело куче. Додека била под хипноза Фројд и давал да пие вода, а потоа и ја будел додека пиела од водата. По одредено време, таа пиела вода без проблем.
     
    На 123.Maki-first, magic.girl и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Јас имам книга за хипноза, таму пишува дека секој може да научи да хипнотизира. Татко ми пред неколку години, ја прочитал таа книга и си направил самохипноза со што се откажал од пушењето. Ни ден денес не е зависник од никотин, ама сепак, пак почна да пуши цигари од досада... :/ Исто така, таму пишуваше и дека сами со мислите може да си се хипнотизираме додека сме на граница меѓу сонот и јавето, а јас тоа го имав правено уште пред да знам дека се работи за хипноза, со што дознав некои работи за мој претходен живот. Потоа, случајно најдов и упатство на една страна за тоа како некој истражувач и психолог постапувал со пациентите за да им ги истражува претходните животи, што уште повеќе ме навлече на мислата да ја искористам самохипнозата за да дознаам повеќе за мои претходни животи, не гледам нешто опасно тука. Како и да е, што и да е хипнозата, со неа можеш да направиш се и сешто - да пораснеш иако не ти се годините повеќе, да се здебелиш, да ослабеш, па дури и физички промени како бојата на очите, формата на носот... Би требало секој да си знае како да хипнотизира и ако ништо друго, за својот мир, да користи самохипноза одвреме-навреме.
     
    На Angelgirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    колку што јас знам се врши хипноза со кацига на глава-во Еквилибриум на флаер видов
    со помош на струја(колку волти поим немам)
     
  20. Вики А.

    Вики А. Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво! Јас сум нов член! Мене ме баш ме интересира за вакви работи...но дали некој знае како да хипнотизирам друг???Мене не ми е јасно баш..:envy: