Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хипотетички ситуации

Дискусија во 'Форумски игри' започната од RainBow, 12 мај 2010.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Уф, е тогаш во го*на сум :D Што би направила? Ако сум камен, може и нема да ми текне да размислам за тоа што има во шољата и ќе го земам без расмилување или пак би зела нешто кеса и би ја замотала раката и би си го зела и после некак би го исчистила, со штипка на нос :D Па, пари сум дала за него бре, не вреди да го оставиш во го*на :D

    Излезени сте и ти се приодува во тоалет. Одиш, си вршиш нужда и фино-лепо си излегуваш од тоалетот, но, во облекувањето, сукњата ти се пикнала во хулахопките и ти не си забележала и си ги облекла така - со се сукња во нив. Ти самоуварено си одиш, гордо дефилираш, а газот на виделина. Сите те гледаат чудно, никој не ти кажува за сукњата, а ти појма немаш дека си во такво издание. Што ќе направиш?
     
  2. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Па додека никој не ми каже гордо ќе парадирам така :) А, откако ќе ми кажат... Уффф ќе пропаднам во земја од срам. А, сега зависно од ситуацијата - ако сум пијана ќе си се свртам, ќе си се поднаместам и ич око нема да ми трепне ќе си уживам во вечерта, а ако не сум мислам дека би го напуштила местото - СЕКУНДАРНО :)

    Во некоја дискотека сте.. Каде што секако има многу луѓе и сите изгледаат беспрекорно убаво, и ти исто. Твојата љубов е со тебе, не е битно дали е остварена или неостварена. Ти џускаш со пијалок во рака и со 12ка штикла. Во еден момент ти се превиткува ногата и паѓаш врз некоја девојка која поради тоа сака да започне тепачка со тебе. Што ќе направиш ?
     
  3. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Ќе и се извинам ќе и кажам дека било ненамерно а ако продолжи со желбата да се тепа со мене ќе и кажам дека не паѓам толку носко и ќе си заминам :)

    Како ќе постапите ако вашата најдобра другарка се фати со вашиот бивши?
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ако ми е бивша најдобра другарка само ќе си го потврдам тоа што сум го мислела за неа и нема да реагирам и постапувам никако, ама ако ми е најдбора другарка и знаела за него дека ми бил бивши, а не ми кажала дека ќе се фати со него ќе ја прашам зошто не ми кажала дали крие нешто и според одговорот ќе видам што ќе правам или ќе и се налутам (на некое време можда) или ако не знаела никому ништо бившиот нека се дума тоа дека ми е таа другарка, не би сакала да си уништувам другарство само заради некој поранешен ( а нема да ми биде сеедно, можеби и ќе ја изгубам довербата во неа ако не ми кажала претходно) .
    ____________
    Ви доаѓаат дома родителите на вашиот дечко на гости (или само еден родител како било) и вие стами сами дома, и сега треба да ги послужите , им варите кафе и во кафето наместо шеќер кај што треба вие ставате сол, тоа го приметуваат и ве прашуваат зошто кафето е солено, ве прашуваат која врста на кафе е :D , што ќе направите? како ќе " се извадите"
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ќе речам било посебна врста на кафе ми го донел вујко ми од Бразил сеага првпат сум го отворила по 5 години и се расипало :D И после ќе им сварам „обично“ кафе. :D

    Што би направиле ако додека си тресете чаршавот од тераса истресете на таткото на вашата најдобра другарка ? :D
     
  6. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    ќе речам дека не било намерно, дека не сум го видела и ќе му се извинам :)
    што би направиле ако дознаете дека вашата НАЈДОБРА другарка ги издала сите ваши тајни што сте ги споделиле заедно?
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ништо, ке и кажам дека тоа не било воопшто во ред што го направила, но ке го кажам нај смирено без никакво нервирање..ке продолжам да се дружам со неа но само површно,и нормално,никогаш нема повеке да и се доверам

    Што би направиле ако вашата најдобра другарка се фати со дечкото што доооолго време го свигате? (real story here)
     
  8. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    хммм...па зависи од то дали таа знаела дека го бендисваш толку многу и од то колку си го бендисвала...ако го бендисвав премногу би сфатила дека не ми е вистинска другарка...ке и кажев дека ми смета и ке и се наљутев...а најважно од се е дека подоцна немаше појке да ја има титулата за најверна другарка :D ;) (btw и мене ми се има случено исто,најверната другарка се смува со еден шо го бендисвав...ама го бендисвав само онака не дека ми беше нешто посебно и зато не и се наљутив само и кажав дека ми смета...и ми рече дека ако ми смета нема ништо да напрај...па шозз си заклучив дека и не ми е нешто посебен и зато ја остајв да си ја испроба среката :D )


    заради сосема трета другарка настанваат караници измегу тебе и најдобрата другарка,до тој степен шо најдобрата другарка ти е лута тебе а на другата и држи страна... од тогаш караниците се чести,почнуваш да губиш доверба во неа и да се оддалечваш...а сепак треба да одиш заедно на фак со неа и со третата другарка? како ке постапиш?
     
  9. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Никако...ако толку лесно изгубила доверба во мене и не ме поддржува во овој случај, тогаш и не ми е некоја најверна другарка. Во овој случај ќе бидам благодарна што дошло до ваква ситуација, затоа што само во неволја се познаваат вистинските пријатели.

    Подолго време аплицираш за работа но никако да те викнат на интервју. Конечно после дооолго време, постираш на фемина за помош и се наоѓа некоја форумџика која е многу заинтересирана да ти помогне. Те спрема за интервју, ти пишува биографија и ти помага во сите ситуации затоашто знае дека немаш егзистенција и очајно ти требаат пари. Ги искроистува своите конакти кои не ги искористила ни за својата сестра кога ја вработувала. Конечно ти пишува еден ден дека трудот успеал и дека си добила работа како секретарка со плата 15.000. Моменти пред да ти се јави, дознаш дека многу престижна странска фирма е неизмерно заинтересирана за тебе и ти нуди работа како економски аналитичар ( по струка) со плата 32.000 денари. Што би направила? Би ја прифатила новата работа без да ти е гајле како ќе се чувствува форумџиката, или ќе ја прифатиш работата на форумџиката само заради тоа што ти е „глупо„?
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ќе ја прифатам новата работа, притоа извинувајки и се на форумџиката. Сепак јас не барав баш толку да се труди, туку сама се понуди, а секој сака работа по струка.

    Ти приоѓа дечко во дискотека, кој не го познаваш. Се запознавате, а тебе ептен почнува да ти се допаѓа. Почнувате да излегувате и еден ден ти го покануваш да го запознаеш со твоите другарки. Сите се понашаат океј освен една. Те вика настрана и ти кажува дека тој и е бивши и дека го фатила како ја изневерува со сестра и. Сфаќаш дека не знаеш се за него и дека е женкар. Но, не знаеш каква врска имале со другарката и дали таа била верна? Како ќе постапиш?
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    прво веднаш ќе заминеме јас и дечково од местото кај што сме со другите другарки и ќе одиме негде на раат да направиме муабет. Бидејќи интуицијата добро ми работи , точно ќе знам што типац е и нареден пат ако го фатам во најмала лага - ќе го оставам , колку и да боли оти мразам некој дда ме прави при очи слепа ;)
    што би направиле ако дознаете дека вашите родителси се пред развод но чекаат да завршите со средно за да ви кажат?
     
  12. cvekje13

    cvekje13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    вечно ќе паѓам година :D

    што ќе направите ако имате уште 5 дена од животот?
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Ќе ги искористам најдобро што можам, спиењето ќе го сведам на минимално, ќе посетам се што сум сакала а не сум посетила, ќе се забавувам со луѓето што ги сакам и ќе се обидам да направам се што до тогаш не сум направила..


    Со вашата малку постара братучетка која многу ја сакате и почитувате и секогаш била тука за вас, сте заљубени во ист дечко, што е преубав на физички изглед и се чини како добра личност, но на него му се допаѓате и двете подеднакво, како би постапиле? Дали ќе и го препуштите на вашата братучетка или пак ќе се борите за него, за да ги придобиете неговите симпатии и целата негова љубов? Или пак и двете би се откажале од него?


    Ахх, фантазии мои. :lol: :angel:
     
  14. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Ќе се борам за него :devil:
    Never give up, it's such a wonderful life!
    Што би направиле ако би требало да избирате помеѓу супер талент или топ модел?
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Талентот останува, убавината е минлива :)
    Една колешка на работа ве озборува каде ќе стигне и забележувате дека сите ве гледаат накриво. Ќе се соочите со неа или и вие ќе и припишете некое озборување?
     
  16. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ќе се соочам со разговор, ако има нешто да ми каже може мене, а не зад грб. ;)

    Несакајки ја поткачувате новата мајца на другарката која знаете дека скапо ќе ви наплати за ова. Што ќе направите?
     
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ништо, ќе и се извинам и ќе и речам дека не било намерно, ако се дере и јас ќе се дерам :D

    Ако дознаеш дека дечкото на другарка ти ја изневерува, а не си во многу добри односи со неа.
     
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    И да не сум во многу добри односи во неа ќе и кажам - сепак ми е другарка и никој нема да прави будала од неа и да и набива рогови :)
    што ќе направите ако ја изгубите куќата на коцка ?
     
  19. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Ќе се обидам да ја повратам куќата, ако не успеам ке се сликам за на паштета, хахахахха.

    Што ке направиш ако купиш стан, а пред тебе некој друг го купил станот, сега сте и двајцата сопственици - немате имотен лист?
     
  20. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Ма вадам ножот и колам таа стока :lol: :lol: Ќе си го викнам „адвокатот“ кој ќе предложи (како во What happen in Vegas) да живееме заедно, а кој најдолго издржи негов е.хихих...
    Што би правела ако некој ти затропа на врата во 2 по полноќ и се обиде да влезе, а во моментот снемало струја за да повикаш 192 ? ]:)