За танго се потребни двајца така да сигурно он не седел со скрстени раце додека она флертувала со него.Јас ги ставам на мојата црна листа на умрените и ќе си продолжам со животот со крената глава,чиста совест и побогата за едно искуство кое е болно но поучно.И ова навистина ми се има случено пред неколку години Се здружувате со некоја девојка на форумов и решавате да се запознаете лично,да пиете кафе и вашето пријателство да го продолжите и надвор од виртуелниот свет.Кога доаѓате на договореното место ја гледате бившата девојка на дечкото ваш која бај д веј се обидува на секој можен начин да ја растури вашата врска.Реакција?......(ова ми дојде како инспирација од една тема ваква слична на форумов)
Нема да се појавам нормално. Потоа ќе прекинам со неа секаков контакт на форумов. Иако јас ќе знам која е она, а она нема да ме знае мене Пред дечко што се мувате долго време, се мувате со друг тип. Он сетоа тоа го гледа, а вие сте...камен пијана. Потоа следи?
Најверојатно нема да се сеќавам на ништо... А он ќе ми врати со иста мера - ГАРАНТИРАНО! Дознавате дека следниот ден вашиот дечко мора да замине во Америка (план кој бил планиран многу одамна, но не си знаела за тоа). Што е најлошо од се’, дознавате од неговата бивша девојка, а тој од тебе криел а на нејзе и кажал. Што ќе направиш?
Ќе му посакам среќен пат и убаво да си помине, а коа ќе се врати да не ме бара! Што би направила ако некоја форумџика го открие твојот идентитет на форумов?
Ќе и го дознааам и нејзиниот. И ќе се сретнам со неа може ќе се спријателиме кој знае! Секако и би ја замолила да не му каже на сите. Мајка ти ти кажала за некоја наследна болест во твоето семејство на која првите сипмтоми се тресење на рацете и несмасност. Твојата цимерка која рабоит во кафулето каде и редовно пиеш декофеинско кафе разбрала за тоа. Одеднаш почнуваат да ти се тресат рацете и ти мислиш дека умираш но ќе дознаеш дека цимерката ти давала кафе со кофеин. Како ќе реагираш? (оваа го гледав на една епизода на Хаус и ми се виде интересно)
Хмм..значи она намерно ми давала кафе колку да ми се тресат рацете и да ме заплаши? Епа тогаш јас откако ќе се зафркнам и така ќе изрегирам,после со тажна фаца ќе и речам дека не ми било добро неколку дена,сум отишла на испитување и ми нашле некоја болест,па да видам како ќе изреагира.. Што ќе направиш ако на дечко ти му кажуваш се најлошо за некоја професорка,ја нарекуваш со најпогрдни имиња,а он те слуша до крај и само вика па таа ми е мајка?! Како ќе изреагираш?
хаха. Ќе му се извинам и никогаш нема да го погледнам во очи, но ќе му кажам дека сеуште ја мислам за таква. Како ќе му кажеш на дечкото дека неговиот постар брат порано ти бил дечко и дека одиш со него само за братот да биде љубоморен.
Најверојатно би му кажала одма пред тоа да се случи, а и тој би сванал брзо бидејќи неможам да кријам кога некој ми се свиѓа. Епа ќе се се трудам тоа да биде што поскоро и да му ја објаснам целата ситуација најдобро што можам. Седиш во некој бар (на пример) и оддеднаш едно момче кое одамна си му "фрлила око" ти приоѓа и флертува со тебе. При крајот на вечерта бившиот твој кој е во исто друштво со него ти кажува дека момчето се обложило дека ќе те смува. Како ќе реагираш и што ќе направиш?
Ќе му кажам абе ти срцка уште си љубоморен а ? па и да е така ќе го делиме облогот што има врска Во ново друштво си,почнуваш да се запознаваш,да кажуваш шали,сите се смеат Но приметуваш подоцна дека те исмејуваат.Што би направила?
Прво ќе се направам како ништо да не знам, да видам дали ќе продолжи тоа исмејување. Ако продолжи ќе ги прашам во што е проблемот, и ако не сакаат да ми кажат или сеуште ми се исмејуваат - чао пријатно, не ми треба такво друштво. На светов има уште илјадници, милиони, милијарди други луѓе. Дознавате дека дечкото ве изневерил на журката на вашиот роденден. И што е најтрагично со машко... Што ќе направите?
хаха ќе му посакам многу среќа со идниот партнер - барем губам од машко Дознавате дека дечкото што ви се допаѓа ви се приближил поради облог со другарите... Што ќе направите?
Ќе се договорам со другарките и ќе речам дека и јас сум се обложила дека тој поради тоа што толку бил залетан не би можел да издржи да не ми се приближи. И ќе речам дека сум го добила облогот... Цела населба дознава нешто интимно за тебе, што долго време си го криела. И сега сите ти се смеат. Што ќе направиш?
Што знам, веројатно сите на игнор ке ги ставам. Што би направиле доколку дечкото ви каже дека има дете со друга ?
Ќе му кажам - со среќа и ,а после ќе плачам недела,две,три .. Нетолерантна личност ве омаловажува пред другите и ве навредува директно во лице. Што ќе направите ?
Ќе и се изнасмеам и ќе и речам на личноста дека само што направила магаре од себеси... И дека ќе се консултирам со моите гениталии ( пардон мај френч) ама мислам дека не ги боли баш за тоа што таа/тој го мисли. Сте се договарале со дечкото цел ден он и оф дека ќе се видите околу 4-5 кај него, ама лабав договор и на крај ви се јавува да ве праша уствари дали ќе доаѓате за ручек пошто му се јавил другар му да дојде ( ве известува дека има и друг план)јас не знаев што да ја посоветувам другарка ми пошто не знам дали е за лутење или не од што е без везе....или можеби не е? Малце е банално ама е од оние работи кои јас не би знаела да ги изиграм...
Јас би му рекла - слушај ваму. Не сум гладна, ми се прави БИП, потоа ќе ти правам БИП, БИП, БИП, БИП и БИП. Ако сакаш да те БИП, откачи го и другар ти и све остало. Ако не, ај чао! Одите на бал. Сте си изнајмиле енормно скап фустан, едвај чекате да почне ноќта, партнерот ве собира, пристигнувате во театарот, само што го оставате палтото во гардероба, некој претрчува и ви го потегнува фустанот со нога кој ви се кине на незгодно место. Што ќе направите?
Прво многу ќе се изнервриам зошто некој да ми го искине баш тој “скап“ фустан и ќе си речам па како можеше? Потоа ако ми е подолго палтото го облекувам и ако не се познава “скинатото“ останувам во театар, па несакам да пропуштам ни една ноќ со партнерот сеа за еден фустан , па нека биде и дијамантски, ако ептен се познава кај што е скинат ќе му речам на партнерот да си ме однесе дома да се пресоблечам,а и не мора да се враќаме назад таму, можеме да си останеме дома или да појдеме на некое друго место. ________________ Седите во парк, го шетате кучето сте се замориле и одлучувате да седнете малку да одморите јадејќи ги омилените пуканки или читајќи го омиленото списание. Кучето врзано со синџирче како што е спремно за шетање го ставате врзано за клупа ( сигурни сте дека нема да се одврзе бидејќи добро сте го врзале), останувате малку подолго одморајќи на клупата додека вашето куче здогледува други кучиња во паркот како си играат со топка и бумеранг, одеднаш го тргнува синџирот и му се отпушта и почнува да трча кон топката, во меѓувреме од другата страна доаѓаат баба и дедо ( околу 70 години) се шетаат и не го здогледуваат кучето како трча и тоа затрчано ја сопнува бабата која паѓа долу . Што ќе направите ?
Го фаќам кучето и бегам, уз пат се извинувам, зашо старциве мрзат кучиња кооооој ќе се расправа (малце злобно али...) На тест/испит препишуваш со слушалка, по грешка ти се стиснало спикер и гласот на другаркати ечи низ цела училна како ти диктира, асистентот се врти да види од кај доаѓа тоа, шансите да те откире се 50-50 што би направила?
Уфф тешка ситуација а , и многу незгодна претпоставувам каков притисок да препишуваш, па уште со слушалка , па врв да ти се пушти спикер Немам препишувано на овој начин, во оваа ситуација хмм, прво ќе се однесувам како ништо да не сум слушнала т.е ќе се правам дека си гледам само пред мојот тест за да не се посомнева прво во мене, знаете звони и ти ОП главата ГОРЕ и ќе му стане јасно. Ако почне да пребарува ако му е јасно од кај иде гласот ќе се обидам набрзина да го скријам телефонот и слушалките за да не ги види ама и да не ме примети, е кај би ги скрила немам претстава, не знам ни кај ќе проверува, ете в џеб ако носам некоја поширока блуза со џебови или ќе го ставам на некое место кај што не би му текнало да погледне _____ Одите за на пат, авионот ви полетува за точно пола сат, а вие имате точно уште 15 минути, а одите пешки. На десет чекори од аеродром ви текнува дека сте го заборавиле пасошот ии сега што ќе правите?
Па нема што да се прави, без пасош не можеш нигде да мрднеш. Се мора назад. Новиот мобилен телефон, за кој долго сте штеделе и бил ваша голема љубов, во една пијана вечер ви паѓа во гнасна вц шоља. Чаре?