Хипохондрија

Дискусија во 'Психологија' започната од phoenix4235, 29 август 2012.

  1. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    198
    Не видов ваква тема, но ако има се извинувам и слободно оваа в канта нека оди :)

    Ме интересира вашето мислење феминки, дали вие сте хипохондрици, колку е тоа лошо(или пак добро) и како да се искорени. Дали е потребна стручна помош за хипохондриците?

    Тргнувам сама од себе...Од секогаш за било каков симптом кој сум го имала сум ги разгледувала сите аспекти и сите можни болести. Во последно време знам и до крајности да заминам, обично тоа не трае долго, најчесто еден ден, но тој еден ден е циркузи :D ... Се обидувам рационално да размислувам и да се бодрам самата себе си, ама не секогаш тоа успева :)
    Пр. Болка во мускулите на нозете- симптом за проширени вени-имав напад на паника, сега ми е смешно ама тогаш....
    Болка во бубрезите- знак дека ќе ми откажат
    (на крај двете испаднаа дека се од неквалитетен душек за спиење)
    секакви дијагнози си имам поставено од рак на мозок, на коски, на кожа, инфаркти. мозочни удари и така натаму... :D

    Сепак мислам дека хипохондриците се доста начитани луѓе кои ја познаваат сопствената анатомија, болестите, симптомите и третманите... Оној кој не е доволно упатен во оваа област не може да биде хипохондрик (добро може ама не до крајности)
    (барем вака јас си се тешам)

    Би сакала да ги прочитам вашите коментари на оваа тема
    Поздрав :*
     
    На iloveyou29, gogimica, IamSexyAndIKnowIt и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    8.128
    Пол:
    Женски
    Е тука припаѓам јас :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Јас си поставувам дијагноза и после одам кај минимум 3-4 лекари да ми потврдат или негираат. Мене главен ассистент во ординацијава ми е чичко Гугл, и заедно си поставуваме дијагнози - рак, леукемија, незнам жолтици и ред други болести.
    Само што ти се смируваш, а јас не се смирувам така лесно, мене ме држи веќе со месеци, заедно со анксиозноста, мака мачам.
    И да, и јас мислам дека ова им се случува на начитани луѓе, на луѓе со голема интелигенција, луѓе што истражуваат и се што треба и се што не треба :lol:
     
    На Xristijan, gogimica и MademoiselleB им се допаѓа ова.
  3. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    464
    И јас 'патам' од истото. Порано повеќе, сега не е толку изразено. Да е добро, не е добро, ама не е ни нешто страшно, од страна кога набљудуваш некого дури и интересно изгледа :D . Како и да е, уште една утеха, боље да си умишљаш дека си болна, отколку стварно да си.
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    198
    Капа ти симнувам на муабетов! :)
     
    На MademoiselleB, Hkikica и eleni27 им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.168
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некогаш и мене ми се слуцува и ова, но ретко и кратко трае, мерев времетраење :D :wasntme: ако ме заболи нешто, одма филозофирам зосто ме боли :D |( одма анализи правам :D цели филмови правам :D Избегавам да мислам така кога ке ми се случи, мозеби полошо ке биде пак ако мислам...
     
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.384
    и јас не сум подобра но еве имам пример кој може да ви послужи на сите
    мојата пријателка која претрпи тежок стрес успеа да се извлече од него,но си стави во глава дека не смее да јаде се,не може да испаѓа ќе и се слоши,почна да спие кај нејзините мажоти и таа сеуште се во така наречен брак,таа чат пат оди во нивниот дом,но најмногу седи пола час до час и вели дека не може повеќе наводно пребледува демек добива страв дека ќе и стане нешто.
    Беше на сите испитувања,се се покажа ок,но таа упорно тера по патот кој ја однесе во бездна...Жалосно верувајте дека е многу жално за таква личност интелегенција натпросечна,моја бивша колешка,со неа нема веќе ведар разговор туку само за болести....
    Би сакала да можам да и помогнам но тоа е тоа.......
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Мојата 78 годишна баба спаѓа овде. Пред некое време и се појави едно брунче на вратот, што многу ја чешело и жената книшка во рака и правец на лекар, на мама и рекла „ Снао некој рак да не е“ :rofl:
     
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    8.128
    Пол:
    Женски
  9. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    117
    ... :sweat: ......леле страшна работа е тоа.... :sweat:
    :devil: ..опседната си дека си болна од нешто,упорно си мислиш дека си болна,бараш патолошки доказ,си шеткаш од доктор до доктор,проверуваш крв,снимаш сите органи по ред...читаш книги,медицински и се пронаоѓач во секоја болест,имаш страв дека ќе умреш секој момент,имаш тахикардија,гушење, и сл..

    . :$ ..јас бев токму ваква пред многу години...имав пеницилински шок,и психички се свртев за 360 степени.....страшно беше...имам пријателка медицинска сестра и само и се јавував да ме носи по испитувања и сл..и секогаш ми викаше,да не беше ти јас немаше да знаам дека постојат толку болести од кај ги наоѓаш....а јас ако слушнев некој умрел од ова или она одма си препишвав на мене,лелеле и јас имам исто....
    :x .. :D .и реков доста...го допрев дното..па кај сум јас,која сум јас....и решив да се сменам...

    ...времиња после тоа се смеев на сето тоа што ми се случуваше.....
    . :angel: ...СОВЕТ::::се е во нашата подсвест...како мислиме така и делуваме...негативно со негативно,позитивно со пезитивно...најважно е да се свати дека ние сме на 1 место послето другите.. сонцето ќе грее и без нас и затоа со позитивни мисли,читање на убави книги,релакс муабети,малку шопинг,промена на имиџот,може сето да се подобри...јас успеав и мислам дека секој колку побргу ја свати вредноста на своето живеење толку побргу и ќе излезе од ваквата состојба.... :hai:

    .... :clap: посебно ние жените...па нели сме како мачките,имаме девет животи..хахаха..... :clap:
     
    На MademoiselleB и heart.stealer им се допаѓа ова.
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Јас сум хипохондар.

    Уште од мала паничам за сè и сешто. Колку пати сум се потресувала затоа што ме боли вратот или затоа што ме боли половината или затоа што раната ме пече/чеша и слични работи. Колку пати сум ја терала мајка ми да одиме на лекар да провериме случајно нешто не е во ред со мене. Многу пати на интернет сум ги пишувала симптомите, болките што ги имам и сум барала болести кои е можно да ги имам и пак тука следуваат напади на паника. Секако во повеќето случаи мојата дијагноза се покажувала како грешна но, сепак неколку пати си ја имам погодено дијагнозата.

    Ми се случило да сонувам дека сум болна од нешто, последно нешто ми беше за тоа вирусот Западен Нил и откако се разбудив одма почнав да се прегледувам по телото да не имам нешто.

    Според мене не знам дали и колку е добро да имаш хипохондрија, ама не знам ниту како да се решам од неа. Секојдневно стравувам дека нешто не е во ред со мене или дека сум болна, некогаш одам и до граници дека можеби ќе умрам од нешто. А мојава хипохондрија му ја препишувам на тетин ми кој е исто така хипохондар.
     
  11. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    179
    Две години се справувам со мојот глупав страв од болести. Сега најнов хит ми е тумор во мозокот, затоа што имам чести главоболки. Ја снимав главата - немам ништо, ама ни тоа не ме уверува... почнав да одам на психолог и можам да кажам дека сум малку подобра, ама сепак тој страв од сите болести не ми исчезнува.
     
    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.933
    Огромен хипохондрик сум , ама огромен . А излезе некоја нова болест и одма “ја имам’’ . За време на нилскава треска бевме у Грција, и мајка ми ме знае каква сум , дека ако знаев немаше на одмор да имам. Вториот ден од кога се вратив од одмор дека бев партал од комарци ми кажаа, коа почнав да хистеризирам , цела куќа у воздух беше. Што и да ми се деси макар и глава да ме заболи јас почнувам со прашањата : “Да не качам температура? ’’ ; “Да не ми е ....... (кај точкиве некоја болест) ? ’’ итн.
    Околу 10 години ме носеа во симпо на психијатар, зашто буквално со болестиве ги преминав сите граници , и ни кажаа дека сум била анксиозно депресивна, и нешто поврзано со хипохондријава. :worried:
    Некад прво помислувам на болести, а коа се смеам и коа сум у друштво постои само - Ма ништо не ми е.. Коа ми е досадно само у тоа ми е паметот |( , лудо детиште... |(
     
  13. macika4

    macika4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    27
    I jas porano bev takva si setav od lekar do lekar nesmeev da izleguvam od doma od strav deka ke mi se slosi i deka ke umram ,se zatvoriv doma nikade ne izeguvav ... Potoa se desi eden mlad decko umira u komsii tolku se uplasiv mislev deka i ja ke umram i od toa mi se blokira nervot pokraj okoto i idam ja od lekar na lekar se ok i na kraj na nervno golema sreka imav sto tamu bese kumata na tetka mi i sto mi otkri ustvari sto mi e deka sum hipohondricna .....Taa mi vika deka nisto ne mi e sum si zamislila u glavata i ne mi dade nikakvi lekovi da se smiram a jas histerija me faka pa kakva e ovaa doktorka neznae da leci, drugiot den odam i i kazuvam sto mi se desava i mi stavi kniga pred mene psihologija kade pisuva deka hipohondricite odat od lekar na lekar ne veruvaat na nikogo deka ne im e nisto duri i na doktorite e togas pocnav da veruvam deka stvarno e se do psihata i pocnav da gi slusam nejzinite soveti i vistina mi pomina ja vikav deka e bozica ....Pocnav da izleguvam da rabotam da setam kade sakam mislam deka mi go smeni zivotot vo sekoja smisla zatoa nemojte da se sramite ako odite na psihijatar ili psiholog zatoa sto borbata so psihata ne e bas lesna [mod-kirilica:c53hqa1r][/mod-kirilica:c53hqa1r]
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.986
    Пол:
    Женски
    Баба ми. Она е невиден хипохондрик. Ако се накашла се затвора дома, сама си препишува лекови и ако не бива - правец на лекар. :rofl:
    Ама ја разбирам, стара е, се плаши нешто повеќе да не произлезе од то, а се гледа дека сака да си поживее. :D
    Последно беше ко ја каснал комарец па мислела дека има Нилска Треска. :rofl:
     
  15. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.174
    Мајка ми е таква,за најмали работи оди на лекар :D
     
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    179
    Мислам дека ова сепак не е здравствен проблем, туку баш психички. Постојано мислам дека имам некаква неизлечлива болест или дека ќе се разболам во иднина. На секоја настинка, висока температура, кашлање мислам дека имам рак или нешто слично. Имам направено 7 крвни анализи во рок од 4 месеци, од страв дека можеби во меѓувреме ми се случило нешто ново во организмот. Значи што и да ми се случи, да ме боли стомакот, главата, да ми се појави некаква модрица на нога/рака, да чувствувам омалаксаност - одма ми доаѓаат тие страшни негативни мисли. Секогаш кога на пример јадам хамбургер, чувствувам грижа на совест бидејќи не се хранам здраво во тој момент и тоа може да ми влијае на здравјето. Веќе стварно станува неподносливо. Има ли некој нешто да сподели во врска со ова?
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    5.684
    Па секоја физичка болка има писхолошка основа.
    Не знам зошто живееш во страв дека нешто би ти се случило.
    Така самата си создаваш основа за не дај боже некаква болест.Не би требало да си толку анскиозна баш по прашање на здравјето.Опушти се,читај книга,релаксирај се или едноставно доколку постојано се исрцпуваш со ваков страв посети и психолог.
    И 7 крвни анализи за рок од 4 месеци се премногу,барем според мене,кога не постои никаква индикација за истите.
    Поздрав.
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.936
    И јас бев дел од нив :|
    Посебно во периодот на пубертетот. Мислев дека се разболувам, дека ќе умрам од бактерии.
    Не дека сега не сум, сеуште носам алкохол за чистење раце кај и да одам. :D Ме фати страв периодов од жолтица. Ми рекоа многу имало заразени.
    Се чувствувам како Монк. :D
     
  19. NyanCat

    NyanCat Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Е бабами ,,пати,, од ова.И излегол херпес на устата,и одма книшката,и правец на лекар |(
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.354
    Немој како Монк, тие околу него беа пофрустрирани од него самиот, човекот е жив напор (иако го бива и е добра душа) :lol:

    Нема да фатиш жолтица ако не ставаш немиени прсти (или нокти) во уста :D
     
    На tessie и Micheleljubov им се допаѓа ова.