1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Холивудски Семејства

Дискусија во 'Брак' започната од kolovoz, 17 мај 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Незнам дали постои ваква тема ако има канта.
    Во оваа тема сакам да ги коментираме семејствата на познатите. Кои од нив ви изгледаат како најдобар пример а кои едноставно нешто ви кажува дека се заедно поради нешто друго или мислите дека е чиста фарса. На кои од нив им предвидувате брз крај, кои од нив мислите дека често се расправаат , а кои се најмногу вљубени. Особено денес затоа што се повеќе славни личности стапија во брак или им е во план и се повеќе имаме бејби бум. Па вашите коментари за Славните семејства

    Јас овде ќе ги коментирам овие два пара
    Двата се најплатените и најславните, едниот во актерството другиот во музиката
    [​IMG]
    овие двајца иако сеуште не се во брак сепак за нив имам многу позитивни вибрации. Секој пат кога ке ги видам на тв или списание па особено со децата едноставно се разнежнувам. Би рекла совршена фамилија
    [​IMG]
    Морам да напоменам дека се изнамачив додека да најдам слика со нив двајца и со бебето каде не се намуртени. Морам да признаам дека на почетокот ми изгледаа ОК но денес некако се повеке мислам дека нивниот совршен брак е една голема фарса. Некако целосниот живот на Бијонсе ми е толку совршен што просто неможам да верувам дека постои таков живот.