Не знам што да мислам искрено. Некако не сум воодушевена и на моите најблиски што им кажав, ми рекоа да баталам, не им стои сигурно ... Дали ти имаш искуство или знаеш некој што имал-?
Цело време трубиш на темата како празна воденица,без искуство.Година и пол користам хомеопатија за децата и мене.Антибиотик немаат пиено за таа година и пол.Што се однесува до цената една мала епрувета лек е 250 ден.Во епруветата имаш па сигурно над 200 мали гранули.Една гранула е една доза.Досега не сме имале потреба да пиеме повеќе од 7-8 дози за време на болеста бидејки симптомите се повлеувале брзо.Па ти сега рачунај колку е ‘скапа’ хомепатијата.
Кај кој хомеопат сте? Ние сме кај Ели, но хомеопатските лекови ги земаме во форма на капки. Инаку, не очекував дека толку добро ќе биде! Препорачувам на сите!
Дали може контакт да ми дадете? Ме интересира ако некој знае дали се соочил со кандида во црева кај дете од 2.5 години и дали хомеопат има чаре?
Kako pominavte i dali ste zadovolni od Biljana ve molam (dali stanuva zbor za Biljana Kostova Ristov ili Biljana Gjuroska)?
Биљана Костова Ристов преварантка невидена е одвај на нозе стои и само лаже бегајте од неа од искуство ви кажувам жената ке ја умреше една моја пријателка
Еве и јас да споделам искуство со хомеопатија (8 години ја применувам), можеби на некој ке му биде од помош при одлука кај кој доктор да оди. Имам одено кој 4 различни хомеопати и од сите најзадоволен сум од Биљана Костова Ристов (каде што и моментално се лекувам). Има докторката знаење и знае што прави за разлика од една друга докторка од скопје што не знаеше што прави (ми ги менуваше лековите на 2 недели, за хроничен проблем што треба да се третира најамалку 3 месеци со еден лек). Меѓу другото кај Биљана Костова Ристов е и најевтино во споредба со другите тројца хомеопати. Инаку за докторката јас дознав тука на форумов, за разлика од другите.
Извинете, како тоа Билјана едвај на нозе стои, каква е таа безобразна констатација? Како да Ви веруваме дека тоа е навистина така? Како Вие на нас ќе ни го докажете истото. Веќе неколку пати пати пишував за тоа колку хомеопатијата ми помогнала од мое искуство и сето тоа можам да го докажам со медицински извештаи. Зборував за лекување на алергија со хомеопатија, но на другите теми може да пролистате дека имам и проблем со PCOS, екстремно високи вредности на сите три машки хормона и употреба на Дејане 35. Откако влегов во тој магичен круг, мене со дејане 35 НЕ ми се намали вредноста на машките хормони. Во август на своја рака одлучив да ги прекинам и веднаш отидов на ендокринолог. Иако сум примала терапија, машките хормони плафон. Билјана Костова Ристов ми даде хомеопатски лекчиња, а од ендокринолог само метформин. Бев на 8. март на контрола на ендокрино и ми рекоа " Ивана, последните 6 години ти си немала волку ниска вредност за истите". Затоа, престанете да ширите лоши пропаганди за Билјана, Билјана е незаменлива и по мене најдобриот хомеопат во државата, затоа што пред сè е доктор, а не приучен хомеопат. Вас Ви посакувам добро здравје, и да поработите на Вашата благосостојба. Секој кој смета дека сум му од помош слободно може да ме контактира. Со задоволство ќе ви кажам колку е Билјана прекрасна и колку ми ја подобри мојата здравствена состојба. Срдечен поздрав.
Не знам врз основа на што сте донеле ваков заклучок ама и те како е погрешен, докторката си е фала Богу во одлична здравствена состојба и дај Боже секогаш така да остане, моето лично искуство со неа е феноменално, имав проблеми со циклусот, повеќе од 40 денови имав крварење за кое никој немаше одговор од која причина е така со оглед на тоа дека матката и јајниците ми беа уредни, сто пати отидов кај гинеколог, пиев и хормони и инекции и ништо не ми помогна се до моментот додека не стапив во контакт со Билјана Ристова, се шо требаше е да и пратам резултати и да и го објаснам проблемот ( и тоа по телефон ), за на крај два дена откако почнав да ја пијам терапијата која таа ми ја препорача ( pulsatila, argentum nitricum…) да ми прекине крварењето и да ми се реши цел проблем што наводно немаше решение толку време , и еве веќе подолго од еден месец ги применувам сите нејзини совети и буквално како цел организам да ми се рестартира..некогаш лекот е пет пари ама треба некој да ти го каже, така да АПСОЛУТНО препорачувам на секој што има ваков или сличен проблем да ја контактира… Веројатно секој со свое искуство ама некогаш е попаметно доколку немате ништо добро да кажете, барем да не зборувате лошо со оглед на тоа колку луѓе се презадоволни од нејзе ❤️