Хомеопатија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од viku, 31 мај 2010.

  1. ana-33

    ana-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    Jas imam slusnato za Kristijan Ilcevski deka e mnogu dobar. Ima nekoj iskustvo so nego?
     
  2. Nina26

    Nina26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Може во пп. контакт за хомепатот. Многу ни е потребно!!!
     
  3. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    Јас пред 2-3 години има габична инфекција питеријазис и со хомеопатијава се излечив. Пиев едни „апчиња“ и требаше со некоја течност да се мачкам и ми помин за месец - 2! :D :D :D :D :D :D :D :D
     
    На thalia zapata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elen-mama

    elen-mama Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Neznaev deka i skopje rabotele homeopati a za homeopatijata znam uste odamna i veruvam vo nea. Aku moze da mi dadete broj od nekoj homeopat po poraka.
     
  5. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали има во Битола добар хомеопат? Ако знае некој пратете ми лп :)
     
  6. elen-mama

    elen-mama Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Зошто никој не дава јавно број од некој хомеопат.Додека чекам да ми испратат по лп морав да почнам со антибиотици .
     
  7. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Исто и јас би сакала некој ако има број да ми даде.Благодарам!
     
  8. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    86
    Јас имам многу добро искуство со хомеопатски лек,имено си aesculus D6 ,екстракт од костен ,за болките во грбот,после пораѓај почнаа и многу долго траеа,со месеци,одев на физиотерапевт,масажи,почнав на фитнес да одам,се пазев ептен како го кревам бебуш,и откако го земав лекот неполни 2 недели поминаа и ете од тогаш немам веќе болки.дали сум си го умислила тоа,дали стварно делуваше нема врска,важно јас немам веќе болки :) бев еднаш на едно предавање за лечење деца со хомеопатски лекови и многу интересна и обемна тема ми изгледа
     
  9. caci.80

    caci.80 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Редактирано од модератор: Телефонски броеви и слични податоци испраќајте само преку ЛП.
     
  10. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Бидете внимателни со хомеопатите..Јас одев кај една хомеопатка демек најдобра бла, бла и ситуацијата само ми ја влоши и уште на крај „оправданието“ и беше незнам зашто ..дали немав време демек ЈАС сум ја брзала :^)
     
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Не постои хомеопатски лек кој вистински делува.
    Не е проблемот во хомеопатот, проблемот е што лековите воопшто не делуваат и оние кои ги продаваат треба да се засрамат што лажат луѓе. Ова треба да се забрани.

    Лично член од моето семејство одеше и даваше многу пари кај двајца хомеопати, еден во Скопје, еден во Велес. Дадовме многу пари и немаше никакво подобрување. Тоа траеше додека не прочитавме дека овие лекови се лага и воопшто не делуваат.
    Сега, благодарение на советите и терапијата кои ги добивме од лекари од Клиничка Болница во Скопје, пациентот е подобар со здравјето.
     
  12. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Па класичнава медицина не постои за џабе, се надевам дека не постојат луѓе кои целосно ја имаат отфрлено и заменето за хомеопатија..Во секој случај не ни мислам дека хомеопатијата се базира на некаков си плацебо ефект, пошто сепак на „запад“ постојат цели школи и слично за тоа..дури мислам дека негде имам прочитано дека и кралското семејство ја подржува и се лечи со хомеопатија :^) Незнам можеби полесни заболувања и би можеле да се препуштат на хомеопатски третмани (мислам и мене дома ми лечеа стомачна болка со чај од нане :D ) али сепак се зависи од стучноста на нашиве овде.
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Немам многу познавања од медицината. Иако завршив средно медицинско, се одлучив за сосема друга струка на факултет, ама како што кажав имам многу познавања за хомеопатијата заради случајот во моето семејство.
    Откако ни беше посочено дека ова е лага, многу читав на интернет за овие лекови, се консултиравме цело семејство со лекари и со аптекари, така да знам многу работи за хомеопатијата.

    Полесни или потешки заболувања, нема врска, вистинските хомеопатски лекови не делуваат ни на полесни ни на потешки заболувања, затоа што се лага.

    Нането е чај и не е хомеопатски лек, сосема е откриено како делува. Хомеопатските лекови не делуваат ни на потешки болести, ни на полесни.
    Ако некоја полесна болест се излечи со хомеопатски лек, ќе се излечи и без него.

    Навистина ни беше тешко дома да се соочиме со вистината дека изгубивме многу пари и пред се време на лажни третмани. Се запознавме со многу луѓе кои одат по вакви лекари и повеќето одат за мали работи, настинка, некоја бактерија или слично кои и самите можат да се излечат, ама навистина не е хумано од хомеопатите што лажат и се занимаваат и со сериозни болести и даваат лажна надеж само за да заработат пари.

    И нешто што заборавив, не знам зошто има некое чувство дека ова се некои природни лекови. Ова се хемиски лекови изработени од истите фармацевтски компании кои ги изработуваат останатите таблети.
    Најупотребуваниот лек за настинка, кој и во Македонија најчесто го даваат хомеопатите има ЏИГЕР ОД ПАТКА. :puke:
    А немаат негативни ефекти, затоа што немаат ни позитивни ефекти, едноставно немаат никакви ефекти.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ditamina

    ditamina Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Потребно ми е да знам повеќе за тоа затоа што почнав со мојата ќерка да посетувам хомеопат кој ни вети дека ќе ни помогне(детето имаше мозочен удар летово).Ве молам ако некој имал искуство,позитивно или негативно да писе на форумот или да остави пп
     
  15. sashka2004

    sashka2004 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ve molam ako nekoj ima kontakt od Kristijan Ilcevski da mi isprati, i ako znaete nekoj sertioficiran homeopat isto ve molam za kontakt od ngeo(nea).
    Vi blagodaram.
     
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Ете, јас, односно член од моето семејство имаше искуство со хоеопатијата и со двајца хомеопати од Македонија, прочитај погоре што имам напишано.

    Прво, многу ми е жал за тоа што ви се случило и посакувам детето да целосно да оздрави и да биде подобро.
    Ама не можам да ти препорачам хомеопатија како избор за терапија. Се разбира може да се лекувате на начин на кој мислите дека е најдобро, ама ве молам чувајте се од гниди кои трчаат по парите и ви го трошат времето. Средствата и времето поминати во активности кои немаат резултати може многу да ви значат вам и на детето ако ги искористите во правилни цели.

    Пред да започнете со некаква терапија побарајте барем на интернет за неа, има премногу шарлатани кои не само што нема да направат ништо подобро, туку може и да влошат некои работи.

    Барем за хомеопатијата има сеопсежни испитувања дека е неделотворна за обични болести, а не пак за мозочен удар, не ми доаѓа на памет механизмот по кој мисли хомеопатот да ве лечи.
    Нема да кажам што мислам за тој што ви ветил излекување со хомеопатија затоа што сум културна, ама не мислам ништо добро за него.

    Исто и кога се работи за сериозни болести немојте да се ограничувате на мислењето на еден лекар или специјалист, побарајте совет од повеќемина. Ве молам стојте понастрана од неквалификувани лица и лекари кои ви изгледаат незаинтересирани.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.738
    случајно се запознав со докторка која е матичен лекар и паралелно посетува хомеопатска школа
    лековите што ми ги дава се бесплатни, и дејствуваат навистина-се 100 проценти на природна база и е потребно време пред се за да дејствуваат-откако ке се испијат лековите нивното дејство продолжува уште 1 месец, се врши контрола-до каде како, што.
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Многу од пациентите си мислат дека ако некој матичен општ лекар е и хомеопат значи дека хомеопатијата делува. Воопшто не значи тоа, општите лекари одат на курсеви по хомеопатија да привлечат повеќе пациенти кои имаат прочитано нешто за ова лекување и за да не им даваат вистински лекови на оние кои не се вистински болни, туку за да ги лечат со плацебо.
    Не знам зошто би давала бесплатни лекови, тоа се лекови кои се продаваат со пари, а сигурно и таа ги купува со пари, можеби за да привлече пациенти, можеби и нејзе и ги даваат бесплатно за да ги рекламира.
    Дали ти на себе имаш испробано некој лек и за што ти помогнал?

    Какви лекови се, таблети, капки, прашок? Не е можно да се на природна база, ако се таблети има хемиски средства кои се ставаат во нив, ако се капки тоа е вода со нешто за да не се расипува.
    Дали знаеш дека иако она што треба да претставува лек, на пример некое растение, е ставено во толкава мала количина во водата што воопшто нема ефект.

    На пример, сигурно се имаш напиено чај од нане за болки во стомакот, е сега, ако ставиш едно ливче нане во еден базен вода и ако тоа го мешаш се добива хомеопатски лек. :worried: И кажи што ќе делува подобро, чајот или едно канче вода од базенот?
     
    На Espadrila, tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  19. ditamina

    ditamina Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    expert ти благодарам на одговорот.сакам да појаснам дека ние покрај физикална терапија и други терапии почнавме да посетуваме хомеопат.Таму покрај хомеопатските лекови има и Биорезонантна терапија која за мене воопшто не е позната.Јас заборавив да ја спомнам и оваа терапија.А дали некој имал искуство со ваква терапија?
     
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Пак ќе речам, ви посакувам се најдобро и најискрено сакам да успеат овие терапии. Важно ви даваат надеж. Но ќе бидам искрена, не се надевајте дека хомеопатијата ќе направи чудо, оваа терапија е докажано дека не делува на никоја болест и затоа изгубеното време и средства нека ви бидат единствена причина за да се обидете со нешто друго.
    А за ова другото, биорезонантна терапија, немам лично или искуство со некој близок, како што имам со хомеопатијата, ама едно обично пребарување на интернет покажува дека и ова е исто псеудо научно и не е докажано дека дејствува и е цел на измами. http://en.wikipedia.org/wiki/Bioresonance_therapy
    Мое мислење е дека времето што ќе го изгубите со овие лаги подобро да го искористите, во физикална терапија, консултирајте се со повеќе вистински лекари и специјалисти.