1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомеопатија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од viku, 31 мај 2010.

  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Хомеопатијата е одличен систем за третман на болести, секако не семоќен, но многу учинковит.

    Таа е дел од системите на здравството во некои држави во светот, различно законски регулирана.

    Повеќе на

    http://sh.wikipedia.org/wiki/Homeopatija

    Она што сакам да кажам е дека многу е битна образованоста на личноста која ја спроведува, најдобра е ако е во комбинација со лекарска диплома, и секако 3 годишна едукација во некој од познатите светски центри на Хомеопатијата, како на пример во Германскиот Институт за Хомеопатија.

    Сите ѓоамити Хомеопати, приучени од овде онде, треба да се заобиколуваат на огромно растојание. Тие можат да направат огромна беља.
    Во Македонија, мене ми се познати вкупно 5 стручно завршени хомеопати, некои од нив се спомнати во темата.

    Иако бев скептик за хомеопатијата, сведок сум на неколку неверојатни примери, каде класичната медицина била беспомошна.
    Да не бидам лошо разбран, почитувам се што помага при проблеми. Хомеопатијата практицирана од стручни лица, итекако има ефект, иако на крајот ни таа не е семоќна.
    Би бил глупав да ја отфрлам, со оглед на примерите во мојата околина.
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @yarre

    Не знам колку си бил во допир со хомеопатијата, ама изгледа само „на поминување“ и од пристрасни извори. Јас лично во моето семејство имав огромно искуство со овој начи на „лечење“, тоа беше еден период кога не бев многу скептична и верував во овие лекови, дури и јас бев таа која инсистираше да пробаме со хомеопат.
    Имено пробавме со двајца хомеопати од Македонија, и двајцата беа и лекари и имаа едукација за хомеопатија.

    Со ова изгубивме многу време и многу средства.

    Знам дека википедија е одличен избор за информирање, и секогаш треба да се зема со резерва, ама овој текст кој го понуди воопшто не ја прикажува сегашната позиција на хомеопатијата односно е препишан од некој хомеопатски извор. Ако сакаш повеќе да се информираш барај поскептични извори и на англиски.

    Ако е дел од здравствениот систем од некои земји не значи ништо.
    Не знам колку си информиран дека порано, па и сега постоело официјално препишување на плацебо, сега е тоа прогласено за неетички и еве заменето е со хомеопатијата која бидејќи воопшто не делува е одличен начин да се контролираат хипохондриците. Ама голема штета е што се трошат многу пари на лекови кои не делуваат.
    И плус не знам колку си информиран дека константно има нови научни истражувања кои го покажуваат неуспехот на хомеопатијата.

    Без разлика на образованоста на хомеопатите, ниту најдобрите хомеопати кои учествувале во истражувањата не докажале дека овие лекови делуваат.

    Личните примери и самиот знаеш дека воопшто не се веродостојни, ама кога веќе ги земаш во предвид еве земи го и мојот негативен пример.
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    експерт,хомеопатските лекови се во вид на гранули-се ставаат под јазик и сами од себе се растопуваат
    до сега имам сменето два хомеопатски лекови-првите беа по ефикасни :!: а од вториве има нешто што мене лично ми пречи ми се појавуваат мозолчиња на лицето-зошто , незнам и кажам на докторката ми рече дека така треба па така да ако ми рече да продолжам со користење на вториве нема да се согласам :)
     
  4. marina.88

    marina.88 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1

    Здраво Expert. Не знам јас од кои хомеопати сте земале лекови, какви последици сте имале и сл. .. но еве јас ке ти кажам пример лично за мене бидејки во хомеопатијата јас си го најдов спасот! Веке неколку години страдам од алергија поради која морав да пијам лекови секој ден и да плакам големи суми за нив. Освен тоа примав и вакцини годишно. Не знам колку пари само имав издадено а немаше никаков ефект, се труев само со лекови, осекав константен замор, и најлошо од се се здебелив многу од нив. После некое време кога се научив за хомеопатија решив да пробам со таквите лекови, и од тогаш па се до денес редовно ги пијам и болеста делумно ми е излечена, се осекам многу поубаво...исто ко ништо да не ми е. Исто така не ретко се случува да земам лек од хомеопатот за настинка на кој му се чудам колку само помага и е ефикасен. Јас сум многу задоволна...
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Многу распространет начин на лекување на запад,посебно Германија,Италија,каде постојат и многу фабрики за вакви лекови.И во Русија исто така.Во аптеките меѓудругото се продаваат и фабрички направени хомеопатски лекови.Несомнено е дека и кај нас зема се поголем замав и допрва ќе зема.Се отвори и новата фабрика која е баш за тоа.
    Јас лично верувам во Медицина базирана на докази.Современо лекување и лековите ги признавам.
    Овие хомеопатски лекови содржат некои микроелементи (алуминиум)кои можат да бидат многу опасни.И не секој лек делува исто на секој организам.
    Сите тие лекови потекнуваат од некоја пратинктура,кои се разредуваат во некој однос и се примаат како капки.Во нивната безбедност и ефикасност се сомневам.Бидете внимателни што внесувате.
    Од нашите имам запознато една хомеопатка(и мене маката ме натера порано).За неа можам да кажам дека е добар психолог,а ако и поверував и еден збор во тоа што го тврдеше ,ќе требаше да си плукнам на дипломата и знаењето.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Денеска уз муабет со една пријателка дојдовме на тема хомеопатија,значи нејзина ќерка имаше цел живот проблеми со алегрија и ни тука кај нас во Македонија,ни во странство не можеа да и откријат од што и е алергијата,и отишла кај тој хомеопатот Гого и дал некои апчиња и еве скоро година дена нема никакви знаци на алергијата,се излечила скроз....
    Е сега не разбрав,ама тие апчиња биле на база на некои метали,јас не сум баш запознаена во врска со тоа,има ли накои последици,дали се штетни??
    па ако има некој да ми каже уште едно искуство од хомеопатот Гого ???
     
  7. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Значи јас сум алергична на се и сешто,дури и на витамин ц и целата кожа ме чеша,лице,раце (подлактиците од внатрешна страна),нозете,врат,деколте.
    И пред 2 години на мајка ми и препорачале некоја хомеопатка :D (смешно звучи),и дојде кај нас дома,и ме прашуваше се и сешто.
    Од тоа какви бои сакам,каква музика слушам,кога сум родена,фали ми е фарбана косата,дали имам дечко ( :^) ) како демек било тоа битно да се изработи специјален лек (за секоја особа било посебно ).
    И после 15 дена дојде жената и го донесе лекот,едно шишенце од околу 15 мл што требало да го потрошам за некојси 15 дена, со 3 капки на ден после јадење.
    Значи по гадно нешто од тоа немам пробано,но на здравје штачеш ке пиеш.
    И после една недела пиење на тоа лекот (од природни состојки) кога збувнав како булка,целата се чешам до помодрување,се додека не си пуштам крв на рацете не престануваше да ме чеша.
    Се јавивме кај жената и она вика,па мора да ја има таа реакција,нагло влошување и после тоа нагло подобрување ( ако памтите што беа жалбите на времето од фамозниот Лептен збувнуваа од акони луѓево а никој со мазно лице за на журка :D :D )
    Продолжив уште една недела и се полошо и полошо и престанав,и стигнав до лекар и ми препорача Кутерид маст да машкам и сега ми е рај никаква хомеопатија и слично , не фала. ;)

    Не велам дека кај сите е така,и јас пред да пробам имам слушано многу приказни,како повлекување масни ткива од гради и слично,но кај секој различно,кај мене не се погоди,а кој си има потреба фала богу се ќе проба,само многу внимавајте и со среќа. :)
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Истото искуство го имавме и ние. Исто како да кажуваш за таа каде што одевме и ние.
    Жената се правеше дека те слуша, загрижена за вас, ти зборува, дава некои совети и ако си длабоко навлезен во хомеопатијата си мислиш колку добра личност, колку се грижи за нас.
    Ама подоцна кога почнавме да се сомневаме во самата хомеопатија видовме каква личност е всушност хомеопатката. Ја видовме нејзината лицемерност и алчност и како нејзините „совети“ се безпредметни и само празни зборови.
    Добра личност нема намерно да држи неколку месеци, болен од сериозна болест, на лекови кои не делуваат. Само проблемот беше кај нас. Ние не ја откривме измамата во хомеопатијата, мислевме дека таа не е доволно добра, па потоа продолживме кај друг уште неколку месеци пред да сфатиме дека не е проблем во хомеопатите, туку хомеопатијата како концепт е лага.

    Проблемот со хомеопатијата не е само тоа што не функционираат тие лекови, туку и тоа што не е регулирано и секој може да изигрува лекар и да продава хомеопатски лекови без да се знае што има внатре. Ете пред неколку месеци таа што ја уапсија затоа што имата бактерии во капките, не ми текнува дали беше хомеопатка или само обична надрилекарка и билкарка. Никој во Македонија не е надлежен да види што продаваат овие, па затоа во овие средства може да има се. Освен тоа има некои што сами дома ги прават „лековите“.

    Навистина чудна е приказната со алергијата, ама тоа не значи дека од „лековите“ на Гого и поминала алергијата. Може да е плацебо, може да не е помината, ама така изгледа, може да е помината од друго нешто и многу други механизми. Јас сум скептична дека од вистински хомеопатски лекови и поминало. Ама тоа може и воопшто да не се хомеопатски лекови. Кој знае дали тој хомеопатот не става некој вистински лек во апчињата, на пример лоратадин за алергија?

    ВО принцип вистинските хомеопатски лекови немаат активни состојки и тоа демек ги прави безбедни, ама работата е што ги имаат истите конзерванси и други состојки како и другите таблети, па зошто да се ризикува и да се примаат и плаќаат таблети кои не функционираат.

    Навистина жално за твојот случај, наместо нешто подобро, ти направила поголема штета. Таа изгледа дома, самата ги правела лековите. Така треба според принципите на хомеопатијата, лековите треба да се прават за секој пациент посебно.
    Ете такви прашања ти поставува, знаеш дека се сосема нерелевантни, ама тоа се принципите на хомеопатијата, што значи уште веднаш се гледа каква небулоза е самата техника на лечење.
    Според принципите треба да те прашува за чувства и емоции. И според нив ти дава лекови. Таа има книга во која напишани се чувства и според нив ти дава лекови. Знам дека се глупости ова, ама некои луѓе кои мислат дека хомеопатијата делува, не знаат врз какви основи и принципи воопшто делува самата терапија.

    И друго интересно за хомеопатијата, како се открива за што ќе се користи некој лек. Се дава на здрави луѓе и им се вели да пишуваат какви чувства и симптоми ќе предизвика кај нив и да си ги запишуваат во тетратка. И после се земаат тие пишуванки и лекот се дава за тие симптоми.
    На пример некој ќе напише, почувствував немир, и хомеопатите ќе го даваат лекот за немир.
    Навистина лудо.
    И колку повеќе навлегуваш ќе сфатиш колкава лага е сето ова и колку си бил наивен кога си почнал, како некоја секта.

    Мило ми е што повеќе луѓе откриваат каква измама е хомеопатијата, а особено какви лажови се хомеопатите. Додуша има некои хомеопати кои не сфаќаат дека ова е лага и дека тие учествуваат во неа, и ќе направат поголема штета обидувајќи се со хомеопатски лекови да излечат нешто што не се лечи само од себе, наместо да го пуштат кај вистински лекар и прават огромни штети.

    Беше особено популарна хомеопатијата во изминативе 10 години, особено во САД, Русија, Германија и Велика Британија, ама заинтересираноста спласнува и гледам повеќе луѓе ја откриваат измамата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Еве ако некој го интересира, ова е најново истражување за хомеопатијата, со кое уште еднаш се докажува дека овие лекови не делуваат и се за џабе трошење пари.
    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23244208
     
  10. jabolkoto

    jabolkoto Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Хомеопат со кој еднаш имам контактирано е д-р и едноставно си кажува,ова може со хомеопатија,ова со традиционалната медицина,а нешто комбинација од двете.Инаку, за жал, има болести за кои ништо неможе да помогне.
    п.с Колку што знам има и различни хомеопати,едните се занимаваат со класична,а други со клиничка хомеопатија.
     
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Јас воопшто не им верувам на лекари кои продаваат и се занимаваат со хомеопатија. Или не знаат ништо ни од обичната медицина, или се лакоми по пари.
    Ете, погоре еден член имаше напишано, ако некој лекар верува во хомеопатија и ако хомеопатијата делува, треба да си ја фрли медицинската диплома, затоа што ако тврдењата на хомеопатијата се точни, нема да има потреба од лекари, затоа што хомеопатите тврдат дека лечат се и на многу полесен начин, што апсолутно не е точно.

    Хомеопатијата од почетокот била како баењето, како некоја секта, после фармацевтските компании виделе дека луѓето се лажат со ова и го купуваат и почнале да прават хомеопатски таблети.

    Не разбирам зошто има луѓе кои се лажат со ова. Докажано е дека не делуваат хомеопатските лекови, човекот ќе оздрави само ако болеста помине сама од себе.

    Ете сакам да кажам уште еден личен пример. Додека одевме кај хомеопатката за сериозниот случај што го спомнав погоре, ако и некој друг од фамилијата беше болен ни даваше хомеопатски таблети. Јас имам често проблеми со синусите и ми даде едни таблети, не памтам колку пари беа, мислам околу 500 денари и ми рече во еден ден да пијам по 5 таблети. И сега зошто да пијам по 5 таблети со сите хемиски средства во нив, а без лек, а да не пијам обични таблети кои барем освен хемиските средства ќе имаат и лек? Се разбира ништо не ми помогнаа, мислам дека во пакетчето имаше 50-60 таблети, сите ги испив и немаше никаква промена, освен што фатив запек од толку апчиња.
     
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    'Ме избунивте сега јас си мислев дека хомеопатијата само на природен начин лекува, зошто хемии?
    Едит.
    Сега ве читам на назат, јас изгледа не сум било добро информирана, мислев дека хомеопатите исклучиво работат со билки.

    Кај оваа лажовка бевме за свкор ми, кој за жал ја изгуби битката со ракот на белите дробови, толку ми е крво што тогаш не ги знаев сите овие информации кои ги имам сега.
    А, за даотичнава не беше никаква хомеопатка, кога отидовме, кажуваше дека благодарение на леков од билки кој бил од Русија таа живее 11 години со тумури, една тегла беше 3000 денари и свекрвам ја купи.
    Знам дека кога е човек во мака се ке проба, но најчесто во тешките случаеви времето е многу битно.
    Добро проверувајте ги информациите поготово кога ви барат пари за некој скап лек знаејте дека е фарса.Има некои природни работи кои не коштаат многу пари, а се испоставиле како многу успешни, како сода бикрарбоната, гумбирот, аронијата за ракот.
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @DeMelo
    Да, во право си, ова е една од најголемите заблуди и митови за хомеопатијата. Сите имаат претстава дека тоа е нешто природно и растително. Воопшто не е така кога лековите се апчиња или капки кои во нив имаат хемиски средства како и сите други таблети и капки.
    И плус еден од најупотребуваните хомеопатски средства, го даваат за настинки, грип, температура, Oscillococcinum, тоа се тие малите топчиња, „активниот елемент“ е џигер од патка. :worried: И тоа во многу мала количина, и сега некаде имав прочитано, ако делуваат тие таблети со таква мала концентрација, подобро да си купам јетрена паштета од аргета. :lol:

    Ако читаш што содржат повеќето таблети, ќе видиш дека некои имаат природни елементи, на пример екстракт од нане, ама тоа е во премногу мали количини што нема да има никакво дејство, и ќе се запрашаш зошто да ги пијам таблетите кои ги имаат истите хемиски средства, а немаат никаков ефект.

    Да, во денешно време кога профитот е на прво место мора да се проверува се, ама не треба да се оди во други крајности.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    А знае некој како и што треба да се заврши за да се стане хомеопат ?
     
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Има некои курсеви во Македонија и со завршен курс можеш да прегледуваш, да даваш совети за здрава храна и да препишуваш лекови за акутни состојби. Барем така велат. Е сега што им претставуваат тие акутни состојби, не знам. Во медицината акутно е нешто што се случува прв пат, се случува брзо и брзо треба да се реагира затоа што акутната промена може да биде опасна, штета е да се оди кај неквалификувани луѓе за нешто што може да биде опасно. А овде во хомеопатијата акутно го сметаат за помалку опасно од хронично, па дури и неискусни хомеопати може да советуваат за акутни состојби и да направат голема штета. Замисли некоја тешка бактериска инфекција кај детенце, и хомеопатот им дава нешто што не делува никако. Страшно.

    Инаку во реалност, многу и немаат никакви курсеви. Потребно е само да имаат книга со чувства и симптоми која се вика Репититориум и книга со „лекови“ која се вика Материја медика и минимални познавања од медицината за да можат да се снајдат во лагите.
    Многу од хомеопатите кога ќе ги прашаш што имаат завршено ќе ти речат и ќе ти покажат некоја диплома од некој факултет или хомеопатско школо во Србија, Германија, Русија па дури и од САД. Ако побараш на интернет нема да можеш да најдеш такво школо, затоа што можеби и не постои, или пак и тие се некои курсеви што траат неколку месеци или пак два викенда.

    Кај нас има и доста општи лекари кои се занимаваат со ова, ќе завршат некој курс и ќе си потпишат договор со некој увозник на хомеопатски средства и буквално ќе продаваат лекови.
    Барем лекарите колку толку знаат и нема да направат голема штета ако се појави некоја болест која не се лечи сама од себе и ќе им даде вистински лекови.
    А некаде прочитав дека во Словенија или Хрватска им ги одземале лиценците на лекарите кои се занимавале со хомеопатија затоа што е неетички да препишуваш лекови кои не делуваат.

    Воглавно има хомеопатски школи кои траат и по неколку години, на пример 2-3 или пак 4. Ама исто е, препишуваат исти лекови и докажано е дека не делуваат.

    Еве на пример ние одевме кај една хомеопатка од Скопје која мислевме дека има заврешено за лекар, ама се занимава само со хомеопатија, ама испадна дека немала воопшто завршено за лекар. А вториот хомеопат имаше завршено за лекар, ама и тој најмногу работеше со хомеопатија, како да не работи кога еден преглед го наплаќа 2000, 3000 па дури и до 4000 денари, многу повеќе му се исплаќаше да работи со хомеопатија отколку како матичен лекар.

    Јас искрено бев изненадена колкава е побарувачката на овие лекари кај нас. Мислев дека имаат по еден, два прегледи во денот, ама има многу луѓе кои се лажат по овие лекови.
    Ете и сега што ја отворија руската фабрика која произведува хомеопатски лекови регистрираа некои лекови официјално и аптеките ќе бидат преплавени со вакви таблети. Затоа пазете се што купувате, не давајте за џабе пари за нешто што не делува.
     
  16. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Курсеви од понеколку месеца и ''доктор'' стануваш ?!? :o Ова е невозможно ! :x
    Јас сум сега матурантка и планирам да студирам медицина, денес случајно паднав у муабет на оваа тема и ми кажа класната дека нејзина внука е запишана на овој смер или факултет. :?: Имало во Скопје нешто такво , не беше ни она сигурна точно што, рече ќе се распраша па ќе ми каже. А и јас денес дознав дека постои нешто вакво. Кога слушнав ми изгледаше на многу добро мислејќи дека е нешто ново, нова гранка од медицината и дека ако завршам ова еден ден многу полесно би можела да најдам работа. Ми ја спомна класната и таа фабрика што си ја навела ти и сето ова ми изгледаше на многу привлечно ама сегааа.. Некако ми се смени мислењето многу од читање на темава и што побарав некои информации на интернет..
    :worried:
     
  17. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Па не стануваш доктор, туку доктор по хомеопатија и холистичка медицина, што е еднакво на бајач, ништо повеќе, ништо помалку.
    Колку што сум запозната, најсериозни беа едно здружение, пред неколку години одржуваа еден курс, имаше предавање еднаш неделно, во сабота и плаќаа доста пари, имаше и професори од вистинските медицински и фармацевтски факултет и оттаму произлегоа доста од хомеопатите што се сега активни.

    Не знам каков е тој факултет за кој ти зборувале, објави тука ако дознаеш, ама без разлика, и десет години да го студира ова нема да има никаков ефект затоа што се работи за лекови кои не делуваат и принцип кој се заснова на магични својства.

    Искрено ако сакаш да завршиш нешто вакво и да се занимаваш, има некои попрофесионални школи, ама колку ќе ти биде убаво на душата да се занимаваш со лага. Ќе најдеш работа, и ќе земаш пари, ете напишав горе колку во Македонија земаат за еден преглед, плус маржа од лековите, ама не знаеш кога ќе се свестат луѓето дека е лага и кога ќе останеш без работа.
    Ете на пример во Англија имаше и вакви хомеопатски болници, ама ете ги затвораат една по една, не оти немаат пациенти, луѓето се лажат, туку затоа што државата не сака да го плаќа ова.
    Убаво е да се запишеш на медицински факултет, јас имав средно медицинско, ама после се запишав на сосема друг факултет затоа што многу е тешко и одговорноста е огромна да бидеш лекар.
     
  18. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Ааа готово ме предомисли ти. :D
    Јас ја сакам медицината зашто ме исполнува тоа чувство кога можам да помогнам на некој, затоа и сакам да го студирам тоа. Ни најмалку не би сакала и не би можела вака да постапувам, да лажам луге за нивното здравје и од тоа пари да земам. :shake:
    Значи си се враќам на класичната медицина. :)
    И секако, ќе кажам овде ако дознаам некои плус информации поврзани со ова. :)
    Фала иначе на исцрпните одговори. :) :*
     
  19. makesmewant

    makesmewant Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Знам низа случаи кои поминале многу добро со лечење на хомеопатија, но ме интересира и вашето мислење. Кои лекари хомеопати ги препорачувате? (Во Скопје) И како отприлика се движат цените?
    тенкс ^^
     
    На 111 CLEN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не сакам да испаднам досадна после се што имам изнапишано на оваа тема, ама пошто никој не ти одговори со позитивни примери, еве јас ќе ти одговорам со негативен пример. Ако прочиташ погоре ќе видиш за случајот со кој поминавме кај двајца хомеопати и ни ветуваа подобрување и излекување, се разбира немаше никаков ефект.
    Ама пред се, моето негативно мислење за самата хомеопатија е заради тоа што го имам читано и проучувано. Овие лекови не делуваат никако, само преку плацебо ефект и сугестија ако си направиш на сама себе и си мислиш дека си излечен.

    За цените, зависи каде одиш, ако одиш кај овие што се на прва линија, односно оние кои тврдат дека имаат некои сертификати од странство е прескапо. На пример ние прво одевме кај една од Скопје, позната е во овие кругови и мислам дека и на форумов поназад е спомнувана, таа ни наплаќаше многу, на пример за еден „преглед“ ни земаше по 3000, некогаш и по 4000 денари, после почна да бара и во евра да плаќаме, плаќавме по 50 евра на едно одење.
    Ако одиш кај оние од пониско ниво на пример кај оние кои имаат поминато курсеви во школата за интегрирана хомеопатија во Македонија, кај нив треба да е поевтино, не знам точно од прва рака.

    Ама се разбира ако веќе ги игнорираш предупредувањето дека хомеопатијата не делува и ако сакаш да пробаш, најдобро е кога веќе одиш и плаќаш големи суми, тоа барем да е вистински лекар, ако можеш да најдеш и дали навистина работи и како општ лекар. Најдобро е кај лекар затоа што ако веќе си болна од нешто посериозно кое нема само од себе да се излечи, ќе ти препорача вистински лекови.

    Еве уште еден пример од блиското семејство. Имам братучеда која има пет годишно дете, биле на викенд во Бугарија пред неколку месеци, детето почнало да кашла и отишле во аптека да купат нешто за да не крени температура, во Бугарија аптеките се полни со вакви „лекови“, и таму им дале сируп Стодал.
    Не знам колку им помогнал, ама пред неколку дена бев кај нив и така се отвори разговор, сите бевме настинати и ми даваат шуруп да се напијам, јас кога видов на етикетата хомеопатичен продукт ми се крена косата :lol: , толку се имам изнапишано тука, а моите блиски купуваат вакви лекови.

    И сакав да видам каков е овој сируп, и побарав на интернет, има некои позитивни искуства, и побарав да видам каков состав има.
    И еве што најдов, прво ова не е хомеопатски лек затоа што внатре има лекови кои не се хомеопатски, и второ има и отров антимон и бубачки, знам дека ги има во премногу мали количини, ама сепак во овој има бубачки, отрови во осцилококцимум има џигер од пајка, хемиски средства, што нема во некои други во хомеопатските лекови.
    И затоа нема зошто да се купува кога е дупло поскап од обичните, мислам дека го купиле околу 10 лева.