1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомеопатија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од viku, 31 мај 2010.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Девојката побара број и совет од добар хомеопат, а не убедување дека е штетно. :!: |(

    Вистина е дека постојат многу лажни хомеопати чија цел е да перат пари, но постојат и вистински кои многу добро си ја познаваат работата и помогнале на многу луѓе. :)
     
    На Anidani и beti123beti им се допаѓа ова.
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Девојката побара наше мислење, совет и цена за хомеопатите. Со оглед дека сум имала лично и блиско искуство и длабоко сум ја проучувала хомеопатијата, сметам дека дадов конструктивен одговор, кажав за личниот пример, за самата хомеопатија, за цената и за хомеопатите.

    Мислењето воопшто не ми беше убедување туку само мојот став врз основа на личен пример и на прочувањето на фактите, ако тоа е малку, не знам кое би било порелевантно мислење.

    Не постојат лажни или вистински хомеопати. Прво за да бидеш хомеопат немаш потреба да имаш никаква лиценца или сертификат, дури ни во велика Британија каде ова е прифатено во тамошниот Фонд за здравство, секој кој сака може да се прогласи за хомеопат, а да не зборуваме кај нас.
    Кај нас го поминуваат тој курсот за Интегрирана хомеопатија на ГАИА и работат како хомеопати, никој не им бара ни знаење ни ништо.
    И второ, тие само препишуваат лекови по листа, нема разлика дали биле „вистински или лажни“, сите се исти, и два месеци да учеле и седум години да учеле, истите лекови им се на располагање, а тие лекови докажано е дека не делуваат.

    Јас сум ги прочитала скоро сите текстови и сум ги гледала сите видеа кои ги даваат од курсот кој го спомнав погоре и знам какви „знаења“ имаат оние на кои им го доверувате здравјето на вашите деца или вашето здравје и затоа сум вака дефанзивна и строга кон хомеопатијата. Ако сакате да ме прашате нешто поврзано со самата хомеопатија, со некој хомеопатски лек или со некој хомеопат од кај, пишете во приватна порака, ако знам ќе ви одговорам.

    И јас мислам дека треба да се повлечам малку од темава, мислам дека станав досадна и ја задушив со моите мислења, и никој друг не си го кажа ставот или личното искуство.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Познавам 3 случаеви на кои хомеопатското лекување помогна.

    Како почна? Луѓето си ја кажаа долгогодишната мака. Некој од нив препорача хомеопат (претходно покажан и докажан) и навистина сите си ги решија проблемите, а не потрошија многу пари (не повеќе од 300-400ден.)

    Да забележам само, се работи за тројца различни хомеопати, а не за еден ист, и никој од нив нема огласи и слично, туку по рекла-казала, веќе се прочуени.
    Јас лично немам број од нив и не ги познавам, ги знам само луѓето кои имаат мака и имаа фрлено многу пари по аптеките и секакви доктори, а резултати немало.
    Истите луѓе ден денес се здрави, и здравствениот проблем не им се повторил. :)
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Дај кажете која е таа хомеопатка што зимала многу пари во Скопје? Јас сакам да идам кај Билјана ми ја кажаа уште пред неколку години ама никако да одам. Има помогнато на некои мои познаници и тоа многу, има ли некој идено кај неа?
     
  5. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не сакам да спомнувам имиња, ама мислам дека кога спомнуваш дека земала многу пари ми текнува на една што има име со три букви. Не е важно каде одиш, сите се исти.

    Без разлика дали се општи лекари или само хомеопати, кога дошла работата да ти продаваат хомеопатски „лекови“ тури им пепел на знаењето. Особено општи лекари кои навлегле во хомеопатијата, или не знаат ништо од медицината и науката или се алчни луѓе без совест кои мамат и заведуваат дури и тешко болни, па дури „лекуваат“ и деца.
    Немам искуство со Билјана, мислам дека зборуваш за таа од ГАИА здружението? Ама без разлика, сите се исти.

    На хомеопати нема да им доверам да ми ги наводнуваат цвеќињата, а не пак да им го доверам здравјето моето или пак на моето семејство.

    Кога велиш дека им помогнале на некои познаници, тоа е многу субјективно. Кога имаме некој проблем си велиме да пробаме се, ама ова од една страна е докажано дека не делува, од друга страна кошта пари, некогаш дури и многу пари.
     
  6. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    expert, веќе неколку страни се повторуваш во постовите, благодариме на мислењето, чисто и јасно е на сите дека си против хомеопатијата, дека не делува, дека све е лага и тн..
    Јас еве спротивно на ова ќе споделам позитивни искуства со хомеопатијата.
    Моето дете се разболуваше многу често, се радував кога имаа минато 2 месеци без антибиотик. Бев скептик за хомеопатија, ама по толку испиени антибиотици решив да пробам. Го однесов болно, со кашлица, крвна слика со покачени леукоцити и брис од нос со бактерија.
    Ми даде полно работи за пиење и по 10 дена да направиме пак брис. Значи дејството на овие лекарства беше повеќе од очигледно, јасно се гледаше како му се подобрува состојбата, по 10 дена он беше оздравен и брисот беше негативен. Уште еднаш по неколку месеци третиравме друга бактерија во нос и растечен нос, повторно успешно. Значи кај себе не сум пробала, но кај моето дете имаше јасни резултати. После тоа 6 месеци пиевме препарат за имунитет, со многу добри резултати, поминавме 9 месеци без антибиотик.. Е во оваа идилична приказна има и една негативна страна, тоа што хомеопатско лечење кај нас е не скапо - туку безобразно скапо. Јас ќе спомнувам имиња, не гледам зошто не, ние одевме кај Силвана, и мислам дека она е најскапа од сите. Таа ги увезува и користи германските хомеопатски препарати Санум, и мислам дека е единствена кај нас која ги користи. Прилично се скапички, она ги дистибуира и во неколку аптеки, па на неколку наврати и сама сум си купувала од лековиве и сум му давала терапија.. Бидејќи искрено Силвана ми е премногу скапа, решив да пробам со друг хомеопат кој работи со класична хомеопатија - Кристијан. Слушнав позитивни искуства од него, ми се чини дека е и доктор по медицина, го однесов два пати - двата пати беа за жал неуспешни.
    И да не должам многу, кога би било хомеопатското лечење со нормални цени, секогаш би ми било број 1 опција за лечење, не само за детето туку и за себе...
     
    На Anidani му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Девојкава на која и имаше помогнато имаше проблем со мензисот, од преголем стрес престана да и доаѓа, пиеше година дена таблети кои како и сите други само привремено и го решија проблемот, потоа пак по старо одеше кај Билјана и сега менструацијата и е точна како саат. Инаку девојкава, па и жена е веќе, е доктор на клиника за кожни болести, ете лекарка отишла да бара чаре по вакви работи :geek:
    Друга соседка моја имаше хормонално пореметување исто оваа хомеопатка и помогна, не знам баш како не сум многу упатена, незгодно ми беше да распрашувам :|

    Инаку јас се јавив денеска кај неа ми кажа дека првата средба трае 2 часа, ќе има разговор, не знам што ќе збориме толку :lol: ми рече да и ги донесам сите резултати од мојот проблем што ги имам дома, и мислам дека уште тогаш ќе ми даде нешто терапија, а понатака ќе одам само за терапија и ќе е на пола цена. Ми рече дека нејзе лекарите и рекле дека нема да може да има деца а сега има две деца со помош на хомеопатијата, се надевам дека не лаже за ова :worried:
    Така да дособерам резултати од испитувањава што ги правам па ќе одам, се надевам ќе ми помогне :(
     
  8. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    И јас размислувам да идам кај др. Силвана,баш добро што се јави некој што бил и е задоволен од неа. Е, сега за цената, тоа е, ако помогне, ќе вреди.
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @Madlina
    Еве уште еднаш се извинувам за моето настојување и упорно пишување на темава, ама баш заради такви случаи како вашиот, каде хомеопатите се осмелуваат да лекуваат дури и инфекции кај деца, а не се стручни и не се во можност да го прават тоа.

    Мене ми е многу мило што детенцето се излечило и без да прима антибиотици, и со тоа ги избегнало евентуалните негативни ефекти од истите, ама ова воопшто не значи дека скапиот хомеопатски лек помогнал.

    Прво не знам колку сте запознати со наводниот механизам на делување на овие лекови? Ако сте запознати како се претпоставува дека делуваат, нема никогаш повеќе ни да помислите да се лекувате со хомеопатски лекови. Ако сакате можам да поставам линкови со текстови.

    Второ, токму тоа што сте го напишале е доказ за нерационалната употреба на антибиотици во здравството, јас верувам дека за многу од кашлиците и за брисевите на вашето дете и воопшто не бил потребен антибиотик затоа што тие би се излечиле самите од себе, ама нашиве доктори не знаат да проценат кога болеста може да помине без антибиотик и го даваат за секој случај.

    И ете кога сте употребувале хомеопатски лек, организмот самиот се излечил од бактеријата и тоа вие го припишувате на лекот, а во суштина тој немал никаков ефект. Дури можеби и неупотребата на антибиотици кои би ја оштетиле нормалната флора, предизвикало да организмот се справи полесно со бактеријата.

    Јас знаејќи ги овие лекови не можам да верувам дека некој хомеопатски препарат имал ефект врз бактерии. Освен тоа, препаратот можеби и воопшто не бил хомеопатски. Има многу лекови и официјални од фабрика и направени од хомеопат кои имаат антибиотици во себе и само се пишуваат дека се хомеопатски, а во суштина имаат хемиски препарат кој делува.

    @anastasijaki
    Знаеш што ќе зборувате 2 саати? Ќе си оправите муабет за чувствата, за твојот живот, за твоите размислувања, како на психолог да си. Знаеш зошто? Затоа што „лековите“ кои ќе ти ги дава се врз основа на вашиот разговор, врз основа на чувствата и твоите размислувања.
    Ако е вистински хомеопат зошто ти бара резултати од испитувања? Ниту во една хомеопатска книга нема напишано дека се потребни резултати. Во книгите пишува врз која основа се даваат „лековите“, врз основа на чувствата, размислувања, осеќања, твои зборови, а не врз медицински резултати.
    Таа ти ги бара затоа што е исплашена дека ако имаш нешто сериозно кое нема да помине само од себе, нелечењето може да ти предизвика штета и нема да се вратиш повеќе кај неа.
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    47.848
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто си толку против хомеопатијата, ама кога човек има мака мора да проба се, ете јас се лечам и сакам да лечам со лекови ама што да правам кога додека примам хормони сум како жив мртовец, воопшто не се чуствувам добро, па затоа сакам да пробам и ова, пари фрлено имам илјадници денари на гинеколози и зашто, ете пак не сум добра, така да воопшто не се секирам за парите, не дека ги имам на претек ама кога човек пробува да си најде лек за здравјето ќе проба се :!:
    А, резултатите ми ги бара ваљда за да види што точно е проблемот :?: Јас ќе пробам и ова, па ако биде, биде :(
     
    На Anidani му/ѝ се допаѓа ова.
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Толку сум против затоа што имам осетено на своја кожа, имам пишувано за тоа.

    Слободно оди, пробај, не велам да не одиш, сама одлучи си. Некогаш сугестијата, потсвеста и плацебо ефектот се посилни од официјалните лекови.

    Ти посакувам среќа и сигурна сум дека после ова што го прочита од мене ќе бидеш попретпазлива.
     
  12. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    expert, ubavo ve plaka farmako industrija. Golema rabota gi svrsivte :puke: Toa se gleda po site tekstovi sto gi imate napisano. Edno te isto go povtoruvavte bez da znaete osnovni mehanizmi na dejstvoto na metodot. Jas vi gi citav komentarite i se prasuvav zosto zdruzenia na homeopatite ostro ne reagiraat na opasno odnesuvanje na sarlatani i needukovani-nepismeni "experti" za glupost kako vie sto ste.

    Homeopatijata kako metodot spaga vo oblast t.n. "Informaciona medicina". Vsusnost se raboti za informaciite koi vo osnova ja krevaat opredelenii mehanizmi vo organizmot. Vo Evropata, najcista "bazata" na informaciite se germanski. Informaciite se "pakuvaat" na razni t.n. "informacioni nosaci". Tia se kako fles memorii vo kompjuterskata tehnologija. Informacioni nosaci se: granuli na laktoza, voda, etericni masla, cist kalaj (Sn), cist vosok i t.n. Sekoj si homeopat, zadolzitelno treba da gi poznava metodive za nivno pakuvanje, prenos i primena na informaciite. Za zal, mislam deka homeopatot vo Makedonija ja nema kvalitetna baza na informacii, deka mali broj gi poznava metodive za pakuvanje, cuvanje i prenos na homeopatskite informacii. Pokraj toa smetam deka, ne sekoj homeopat, povrsno gi poznava metodive za prakticna primena na informacii "spakuvani" na laktozni granuli i na vodava. Homeopatite vo Makedonija imaat poveke teoretski znaenja no poznavanje od prakticna primena na pacientite. Nitu eden homeopat pouzdano ne go znae kvalitetot na informacii koi se "spakuvani" vo preparatot. Tia veruvaat vo ispravnost ali nikogas ne se sigurni vo 100% t.n. potencijal. Sto ke mi e "fleska" koga e "prazna", nema informacii ili se informacii delumno izbrisani. Metodot e pogolem duri i od komentatori sto se kako jas. Naskoro ke se smenat poveke nesta za da pacientite ja imaat najkvalitetnii tretmani:

    -Naskoro, metodot ke stane "legalen" bidejki se podgotvuva Uredba od Ministerstvoto za zdravstvo, kaj sto ke se jasno definira koj moze i pod kakvi uslovi da se zanimava so homeopatijata. Tuka jasno se definira profilot na ordinacijata, opremata i kadrovite. Ke bide deka so homeopatijata ke se zanimava samo medicinsko lice so polozen drzaven ispit. Isto ke bide i so fitoterapevti, informodijagnosticari - informoterapevti i ostanati pravci vo "alternativa".

    -Bazata na preparatite legalno ke ja ima tuka vo Makedonija i nema da se somnevaat vo kvalitetot na informacion zapis + so aparatite ke moze da se proverat kvalitet na informaciite.

    -Predolg i delumno neprecizen (Hanemanov) intervju ili anamneza ke se nadopolni ili celosno smeni so primena na sovremena aparatura i so taa ke se meri potencijal na preparatite i nivno vlijanie na kletocno nivo. Po toj nacin tocno ke se znae dali preparatot odgovara ili ne odgovara na kletkite, duri i pre no da se vnesuvaat vo organizmot.
     
  13. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Не знаев каде да го сместам прашањево па велам овде.....
    Вчера на 24 Вести во утринската програма гостуваше една жена која многу се разбира на ова поле.Таа во неколку наврати го спомнувасе телефонскиот број,но бидејќи бев поспана не успеав да го запишам.Па велам некој да не го има нејзиниот број.Женава многу се разбира од оваа алтернативна медицина.Знае многу лекови за многу болести.На изглед изгледа крупно,машко шишана,шатирана со плави прамења и носи очила,на изглед воопшто не е женствена,но сепак многу има познавање од природата и нејзините вредности.Мислам дека името и почнува на В.Ако некој ја познава ве молам пишете.поздрав
     
  14. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Не се однесува до „ехпертот“ бидејќи тој си е ехперт. Прашање до сите членови на форумот:
    1. Сметате ли дека фабриката за хомеопатски препарати во Скопје, от 7 милиони ЕУР, е фабриката на продукти кои се, и служат за измами на општеството и сметате ли дека со таа фабриката се прави простор за голема измама во Македонија, на Балканот а и шире?
    2. Сметате ли дека се стручни лица од Владата на Р.Македонија, за областа инвестиции во хомеопатијата, се дел од тој заговор бидејќи сега се во таа фабрика прави „ништо-плацебо“ и се продаваат хомеопатски препарати кои служат за измама на пациентите?
    Ве молам за одговор бидејќи со претходни пишувања на т.н. ехперт заклучивме токму тоа.
     
    На dedo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Што се мешаш сега во хомеопатија кога имаш доволно проблеми и прашања со твојата дејност „информодијагностиката“?

    Прво таа фабрика не се занимава само со хомеопатски продукти, произведуваат и чаеви и разни житарки.
    Потоа дури и да произведуваше само хомеопатски производи, самото постоење на фабриката не е доказ дека хомеопатските „лекови“ имаат некој позитивен ефект.

    Има стотици фабрики, дури и поголеми од неа, но не постојат затоа што хомеопатските производи делуваат, туку затоа што луѓето лесно се лажат и ги купуваат овие производи.

    Владата и стручните лица за областа инвестиции не ги интересира дали овие средства делувале или не, за нив тоа е само една инвестиција со која ќе се пофалат.
    Стручните лица од медицината, се тие кои се релевантни за ова прашање и нивниот став, секаде во светот, е дека овие „лекови“ не делуваат повеќе од лажен лек.
     
  16. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Значи спрам вас и вашето размислување, Госп. премијер Грујевски е дел од руско-македонски заговор за измами бидејки тој први ја фрли лопатата. Така ли е?
     
  17. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Нема никаков заговор, само чист бизнис. Се додека има луѓе што ќе сакаат да ги купуваат овие производи, ќе има и такви фабрики кои ќе ги произведуваат.

    Јас кажав и погоре, не е задача на владата или на стручните лица од инвестициите да се бават со тоа дали овие лекови делувале или не, ова за нив е инвестиција, сепак како и да е, имаат некоја морална одговорност ако навистина благосостојбата на граѓаните им е приоритет да внимаваат со какви производи тие инвестиции ќе излезат на пазарот.

    Стручните лица од областа на медицината се тие кои имаат задача за контрола на овие средства, не сум слушнала дека некој излегол со изјава дека овие средства се клинички оправдани и лекови на избор за некоја болест.
    Напротив, постепено се воведуваат закони за тоа кој може да увезува вакви лекови и најважно кој може да препишува вакви лекови.
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Госпон Ехперт, слушните се малку што зборите. Верувајте контрадикторни сте. Никој, ниту јас, ништо не ве разбра. Стручни лица од влаата за инвестиции по хомеопатијата, стручни советници од Министерство за здравство по хомеопатијата, на врвот со премиерот Грујевски, сите се неинформирани или се хомеопатски измамници бидејќи се алчни за пари и бидејќи потрошувачки народ е глупав и неинформиран?
    Ехперт, која професија ви е?
     
  19. askme

    askme Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    16
    Ај расправајте се преку приватни пораки-ја упропастивте темата |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dedo

    dedo Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Spored mene ekspertov e obicen taksist, bideji samo taksistite vo Makedonija vo se se razbiraat! Po partisko ubeduvanje e ocevidno opozicioner oti i premierot spored nejzinoto ekspertsko mislenje e izmamnik oti ke proizveduva lekovi koi se izmama, a po strucni poznavanja na problemite sto gi diskutira samo obicen baksuz, pardon, dezuren negativec koj do pladne se mrazi sam sebe a popladne cel svet. G-go ekspert, prvo naucete nesto za homeopatijata, pa javete se za diskusija. NOn stop samo vregate diskutanti, deluvate defetisticki na lugeto sto gi citaat vasite komentari, isto kako da imate zadaca da gi razocaruvate lugeto od alternativnata medicina. Sekoj ima pravo da se lekuva onaka kako sto saka. Homeopatijata opstojuva veke so vekovi, ne so godini i ako bila izmama, brzo ke ja snemalo. Ocevidno mnogu luge videle nekoj air od nea pa taa nastavila da postoi. Moite poznavanja od homeopatija se skromni, imam nesto citano na internet, i veruvam deka e taa vistinita i dela ima blagoprijatno dejstvo na pacientite. Ete stom ke se regulira taa problematika, znaci stom ke rabotat so nea medicinski lica verojatno i kavalitetot na pregledite ke se zgolemi. Na krajot na kraevite Gospod gleda koj sto pravi i so sto se zanimava i toa debelo im go naplaka na lugeto. Nemojte da vi se sluci vie da imate zdravstven problem koj nema da vi go resi ni Remedika ni Sistina a ni Klinika pa resenieto na zdravstveniot problem da si go najdete kaj nekoj homeopat ili informoterapevt. Se e mozno! Ili vo zivotot ste naletale na nekoj prevarant koj se zanimaval so alternativa pa sega plukate po se!
     
    На DiaCor, silk и yarre им се допаѓа ова.